Common use of Дефиниции Clause in Contracts

Дефиниции. Губење на екстремитет се смета физичко губење на раката над лакот или на ногата над колено. Загуба на око се смета целосна загуба на видот и немање можност за враќање на истиот. Целосна трајна неспособност се смета целосна неспособност за работа или профитно вработување во текот на 12 календарски месеци и на крајот на овој период нема надеж за подобрување. Применливи исклучоци за сите секции / Ова осигурување не покрива: 1. Трошоци направени во Република Северна Македонија; 2. Трошоци направени по истекот на периодот на осигурувањето; 3. Трошоци направени по истекот на 1 месец од денот на дијагностицирањето или почетокот на медицинскиот третман; 4. Трошоци до износот за сопствено учество во штета ( франшиза ) , кој е назначен во полисата; 5. Трошоци исплатени од друго медицинско осигурување, државно или приватно, или полиса за осигурување (планирани пред датумот на почетокот на осигурителното покритие); 6. Трошоци што произлегуваат од дејство на лекови или токсични средства од секој вид, самоубиство или криминални акти или намерно самоизложување кон тешки ризици (освен во обид за спасување на човечки живот) на осигуреното лице; 7. Трошоци за репатријација што се вршат без одобрение на UNIQA; 8. Оштетувања предизвикани директно или индиректно од војна, окупација, воени дејства или слични со тие, независно дали е објавена војна или не, цивилна војна, бунт (востание), неред, цивилно безредие што зема размер на едно народно востание, воен бунт, револуција, воена власт или узурпирана, или секое дејство на секое лице што дејствува на име или во обврски со била која организација која има како цел рушење на владата со сила де јурe или де факто или влијае на неа со употреба на тероризам или насилство; 9. Трошоци направени за лечење на депресија, кошмар (трепет), ментални состојби, психози и неврози 10. Трошоци за нормална контрола на очите и лечење на видот, нормална контрола на ушите и лечење на слухот, обични лекарски прегледи и контроли; редовни гинеколошки прегледи заради дијагностика (ПАП тестови,микробиолошки испитувања ,колпоскопија и др, како и лекување на болести на репродуктивни органи 11. Трошоци за козметичка хирургија и придружно лекување, третман од дебелина, лечење импотенција, стерилитет и вештачко оплодување, вакцинации; 12. Трошоци поврзани со прегледи поради нормална бременост, самоволно прекинување на бременоста, пред породилна нега или породување, како и секоја болест или компликација врзани со состојбата на бременост; 13. Трошоци за нормално лекување на забите и поставување на вештачки заби или протези; 14. Трошоци за физички повреди што се случуваат при учество на планински качувања на висина над 3000 мнв со и без обезбедување со јаже, алпинизам или спортови како што се: лов, акробации, нуркање, едриличарство, спелологија,, работење со огномет и експлозиви, падобранство,скијачки скокови, возење со боб, акробатско скијање, авто-мото трки, акробација со ролери, скијање на вода, управување со скутери на вода, хокеј, лизгање на мраз, летање со балон и параглајдер , планински велосипедизам, картинг возење, активности во водни и забавни паркови, 15. Трошоци за настанати повреди кои се самопредизивикани од страна на осигуреникот како и трошоци за лекување на венерични болест AIDS (СИДА) и сите болести предизвикани од/или во врска со вирусот HIV (ХИВ); 16. Исклучена е обврската на Осигурувачот доколку медицинската документација од земјата на живеење покажува нарушена општа здравствена состојба која претставува зголемен ризик, па можноста за настанување на осигурен случај, односно аку тизација на наведената здравствена состојба е веројатно дека ќе се случи. Ако се у тврди дека осигуреникот имал сознание или пак овластениот лекар во земјата на живеење го предупредил дека неговата здравствена состојба е таква и дека поради можни аку тни компликации потенцијално е загрозен неговиот живот, а може да се лекува конзервативно или хируршки во земјата на престој, исклучена е обврската на Осигурувачот за сите трошоци поради лекување на таа состојба во странство, како и трошоците на репатријација, и во случај на

Appears in 2 contracts

Sources: Услови За Патничко Осигурување, Услови За Патничко Осигурување