Доделување на договорот за јавна набавка. 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда. 6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат ист број на вкупни бодови, за најповолна ќе биде избрана онаа понуда која освоила повеќе бодови за оној елемент од критериумот економски најповолна понуда кој носи најмногу бодови. Ова правило ќе се применува соодветно за сите елементи според редоследот на важност. 6.1.3 Доколку две или повеќе понуди имаат идентичен број на вкупни бодови и идентичен број на бодови според елементите на критериумот економски најповолна понуда за најповолен понудувач ќе биде избран онај кој прв ја поднел најниската цена во текот на електронската аукција. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција за најповолен понудувач ќе биде избран онај кој прв ја поднел понудата преку ЕСЈН.
Appears in 2 contracts
Sources: Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Услуги