Common use of Доделување на договорот за јавна набавка Clause in Contracts

Доделување на договорот за јавна набавка. 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање. 6.1.2 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда. 6.1.3 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.

Appears in 3 contracts

Sources: Tender Agreement, Tender Documentation, Договор За Јавна Набавка На Услуги