ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА. Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. Обврски на избраните едукатори: Предавачите (едукаторите) имаат обврска да реализираат обука (предавање) по предметот за кој се избрани од страна на Агенцијата согласно Наставната програма за полагање на стручниот испит. Предавачите (едукаторите) имаат обврска да реализираат обука (предавање) според Распоред утврден од страна на Агенцијата. Обуката може да се спроведе со физичко присуство на предавачите (едукатори) и кандидатите или он-лајн со користење на соодветна платформа. Начинот на спроведување на обуката, пред почетокот на обуката го утврдува Агенцијата. Предавачите (едукаторите) имаат обврска да изготват испитни прашања и да извршат оценување на испитните материјали.
Appears in 2 contracts
Sources: Public Procurement Agreement, Public Procurement Contract for Educational Services