Изјава за сериозност на понудата. 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Со изјавата економскиот оператор изјавува дека: нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Appears in 3 contracts
Sources: Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Стоки