ИСПОРАКА Примери за клаузули

ИСПОРАКА. И покрај Клаузулата 8 погоре што се однесува на достапноста на производ и освен во исклучителни околности, ќе се потрудиме да ја испратиме нарачката која се состои од производот (производите) дадени во секоја Потврда за испорака пред датумот даден во Потврдата за испорака за која станувазбор, или доколку не е специфициран датум за испорака, во зададената временска рамка дадена при селектирањето на методот на испорака и, во секој случај во максимален период од 30 дена од датумот на Потврдата за нарачка. Сепак, може да има одолжувања поради причини како појавата на непредвидени околности или зоната за испорака. Доколку поради која било причина, не сме во можност да го исполниме датумот за испорака, ќе ве информираме за ситуацијата и ќе ви дадеме можност да продолжите со купувањето, одредувајќи нов датум за испорака, или да ја откажете нарачката со целосен надомест на платениот износ. Запомнете во секој случај дека не вршиме достави на домашна адреса во саботи, недели или празници кога банките не работат. За целта на овие Услови, „испораката“ ќе се смета за извршена, или нарачката за „доставена“ кога вие или трета страна посочена од вас ќе се стекне со физичка сопственост на добрата, што ќе се евидентира со потпишување на сметката за нарачка на адресата за испорака посочена од вас.
ИСПОРАКА. Комбинираните мерни трансформатори и приклучните стегалки да се испорачаат (транспорт и истовар) во ТС 110/35 kV Кавадарци. Комбинираните мерни трансформатори се испорачуваат од страна на Носителот на набавката на ДДП-паритет (Инкотермс 2010). Комбинираните мерни трансформатори треба да се пакуваат внимателно на таков начин што да се заштитени од механички повреди и оштетувања од вода и климатските услови со кои се соочуваат за време на транспортот до нивната дестинација, како и за време на складирање пред нивното вградување. • Пополнета табела со податоци, • Извештаи од типски испитувања за понудениот тип комбинирани мерни трансформатори, • Податоци за трансформаторското масло, • Програма за фабрички приемни испитувања, • Цртежи на мерните трансформатори со димензии и маси, • Цртежи на приклучните стегалки, • Извештај (атест) од рутински испитувања на мерните трансформатори, • Извештај (атест) од физичко-хемиска анализа на трансформаторското масло, • Упатство за монтажа и одржување на мерните трансформатори. Упатството треба да содржи, покрај другото, методи и препораки за испитување и критериуми за оцена на состојбата на мерните трансформатори од теренски испитувања, графици на промена на отпорот на изолација, капацитетот и коефициентот на диелектрични загуби (tgδ) во зависност од темепературата на изопацијата на мерните трансформатори. Исто така, во упатството да се дадени и критериуми за оцена на состојбата врз основа на резултати добиени од гасно-хроматографска анализа на маслото. Сите упатства треба да се на македонски јазик во печатена (3 примероци) и електронска форма.
ИСПОРАКА. Мерните трансформатори, раставувачите и приклучните стегалки да се испорачаат (транспорт и истовар) во ТС 110/35 kV Велес. Сите делови за транспорт треба да се пакуваат внимателно на таков начин што да се заштитени од механички повреди и оштетувања од вода и климатските услови со кои се соочуваат за време на транспортот до нивната дестинација, како и за време на складирање пред нивното вградување. Носителот на набавката ја испорачува опремата, ја поминува на царина, ја транспортира и ја истоварува на објект.
ИСПОРАКА. Услугата предмет на овој Договор ќе се испорача во периодот од април 2016 до мај
ИСПОРАКА. (1) На сите кутии, Добавувачот ќе ги наведе неопходните информации за ракување и испорака, броевите на PO, датумот на испорака, како и имињата на примачот и испраќачот на пратката. (2) Секоја испорака ќе биде придружена со детална фактура и список на пакувања, како и друга документација потребна за домашен и меѓународен транзит, за одобрувања според прописите или за идентификување на добрата или ставките за испорака. (3) Microsoft ќе плати само за доставеното количество, кое не треба да го надмине максималното нарачано количество. (4) Microsoft или негов претставник ќе ги задржат вишокот испораки на ризик и трошок на Добавувачот во разумен период додека се чека упатство за испорака од Добавувачот. (5) испораката и трошоците за достава нема да ги плати Microsoft. (6) Освен ако не е поинаку договорено, Добрата и Испорачаните ставки ќе се достават на 10-от ден од датумот на налогот за нарачка: (1) франко (FOB) до локацијата за испорака назначена од Microsoft, доколку Производите и Испорачаните ставки потекнуваат од истата јурисдикција во која спаѓа и локацијата за испорака назначена од Microsoft; или (2) испорака со платена царина [DDP (Incoterms 2010)] до локацијата за испорака назначена од Microsoft за прекугранична испорака на Добрата и Испорачаните ставки до локацијата за испорака назначена од Microsoft. (7) Добавувачот ќе го сноси целиот ризик од загуба, оштетување или уништување на Добрата или Испорачаните ставки, делумно или целосно, кои се случиле пред нивното крајно прифаќање од страна на Microsoft на локацијата назначена за испорака. Microsoft е одговорен за секаква загуба предизвикана од сериозна невнимателност на неговите вработени, пред приемот.
ИСПОРАКА. 5.1 Освен ако не е поинаку договорено со нас, Стоките треба да бидат испорачани, преносот, осигурувањето и царината треба да бидат платени на датумот и на адресата наведени во Комерцијалните услови (во текот на нормално работно време) и ако не е наведен таков датум, тогаш испораката треба да се очекува во разумен период имајќи ја предвид природата на Стоките што се обезбедени и околностите во кои тие се испорачани. Времето на испораката на Стоките и/или извршувањето на Услугите ќе биде најважно. Треба веднаш да нè информирате ако имате каква било причина да верувате дека може да доцните или дека ќе доцните на кој било начин со извршувањето на вашите обврски од овој Договор. 5.2 Сите Стоки треба да имаат документација за испорака и етикети (i) со целосни детали за Стоките, упатство за посебно складирање (ако има) со означување на број на нарачка и таму каде што е соодветно (ii) податоци за безбедност на материјалот (вклучително и какви било неопходни преводи за тоа), сертификат за анализа и сертификат за усогласеност со Спецификацијата и (iii) целокупната документација за одобрување на извоз и увоз. 5.3 Стоките мора да бидат соодветно пакувани и обезбедени на начин што ќе им обезбеди да стигнат до нас во добра состојба и да се осигури усогласеност со законите и прописите во врска со производството, означувањето (вклучително, онаму каде што е применливо, соодветна употреба на ознаката CE), соодветно пакување, складирање, ракување и испорака на Стоките што се применува на дестинацијата и датумот на испорака. Треба да се осигурите дека извршувањето на вашите обврски спред Договорот во секое време ќе биде спроведено во согласност со нашата посветеност да работиме на етички и одржлив начин. 5.4 Вие треба да се уверите дека Стоките (и какви било компоненти што се состојат во нив) ефикасно се пред- регистрирани, регистрирани (или изземени од обврската да се регистрираат) и (ако е соодветно) оценети и/или авторизирани во согласност со соодветните барања на (i) Регулативата (ЕК) Бр. 1907/2006 во врска со Регистрација, Оценување, Авторизација и Ограничување за хемикалии како што е применето во Република Северна Македонија со Законот за хемикалии и (ii) какви било статутарни барања усвоени во Северна Македонија во врска со регистрација, евалуација, авторизација и ограничување на хемикалии („REACH”) за употребите што се објавени од нас. Ако Стоките се класифицирани како артикал според Член 7 од REACH и соодветните одредби од Законот за хемикалии, овој услов 5.4 исто та...
ИСПОРАКА. Исправувачите да се испорачаат во рок од 120 денови во ТС Битола 2 (село Новаци), Магацин на АД МЕПСО (Скопје), ТС ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇ (Скопје), ТС Охрид 2 (Охрид) и ТС Јегуновце (Јегуновце). Исправувачите се испорачуваат од страна на Носителот на набавката на ДДП-паритет. Сите делови за транспорт треба да се пакуваат внимателно на таков начин што да се заштитени од механички повреди и оштетувања од вода и климатските услови со кои се соочуваат за време на транспортот до нивната дестинација, како и за време на складирање пред нивното вградување. Постоечките исправувачи во секој од објектите предвидено е да останат во функција. Новите исправувачи треба да се поврзат преку соодветна преклопка (1-0-2) со два пара независни контакти со потребна моќност, со која ќе се врши избор кој исправувач ќе биде во погон. За таа цел, ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката треба да изработи соодветени електрични шеми за приклучување на новите исправувачи, за секој објект пооделно. Електричните шеми мора да бидат одобрени од АД МЕПСО. Според одобрените електрични шеми, Носителот на набавката треба да изврши монтажа на новите исправувачи и останата опрема, нивно параметризирање и пуштање во работа. Времето за монтажа на новите исправувачи со нивно испитување и пуштање во нормална работа изнесува 1 ден од воведувањето во работа за секој исправувач пооделно. Сите потребни материјали (кабли, автоматски осигурувачи, редни стегалки, гребенасти преклопки, шелни, кабелски уводници и др) за монтажа и поврзување на новите исправувачи на мрежен напон, системот за DC напон и во круговите за сигнализација се обврска на Носителот на набавката. Пополнета табела со податоци, Цртежи на исправувачите со димензии и маси, Електрична шема на исправувачот, Каталог и брошури од производниот програм на производителот на исправувачите, Упатство за монтажа и одржување на исправувачите, Извештај (атест) од рутински испитувања, Проект (електрични шеми) за приклучување на исправувачите (изведена состојба), Упатство за монтажа и одржување на исправувачите, Гарантен лист. Сите упатства треба да се на англиски и македонски јазик во печатена и електронска форма во PDF и CAD формат (електрични шеми) (*.dwg) Еден примерок од извешатите од рутинските испитувања и упатствата да бидат испорачани со секој исправувач и да се сместени во преградата за документација во ормарот на исправувачот. Дополнително, печатена и електронска верзија на извештаите од рутинските испитувања, упатствата и шемите треба да бидат доставени до МЕПСО. Технич...
ИСПОРАКА. Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот. Испораката не се наплаќа без оглед на висинита на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација. Испораката на нарачките ќе се врши преку Глобко логистика ДОО Скопје – партнер за логистика на Македонски Телеком за овој вид испораки. Глобко логистика ДОО Скопје - партнер за логистика на Македонски Телеком за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 5 работни дена по извршената онлајн нарачка. Доколку доставувачот - овластеното лице на партнерот за логистика на Македонски Телеком за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.
ИСПОРАКА. Услугата предмет на овој Договор ќе се испорача во периодот април 2017.
ИСПОРАКА. Секое известување, барање или комуникација која е остварена или документ испратен од едната на другата Страна во врска со овој Договор ќе биде правосилна само: