Common use of ИСПОРАКА Clause in Contracts

ИСПОРАКА. Комбинираните мерни трансформатори и приклучните стегалки да се испорачаат (транспорт и истовар) во ТС 110/35 kV Кавадарци. Комбинираните мерни трансформатори се испорачуваат од страна на Носителот на набавката на ДДП-паритет (Инкотермс 2010). Комбинираните мерни трансформатори треба да се пакуваат внимателно на таков начин што да се заштитени од механички повреди и оштетувања од вода и климатските услови со кои се соочуваат за време на транспортот до нивната дестинација, како и за време на складирање пред нивното вградување. • Пополнета табела со податоци, • Извештаи од типски испитувања за понудениот тип комбинирани мерни трансформатори, • Податоци за трансформаторското масло, • Програма за фабрички приемни испитувања, • Цртежи на мерните трансформатори со димензии и маси, • Цртежи на приклучните стегалки, • Извештај (атест) од рутински испитувања на мерните трансформатори, • Извештај (атест) од физичко-хемиска анализа на трансформаторското масло, • Упатство за монтажа и одржување на мерните трансформатори. Упатството треба да содржи, покрај другото, методи и препораки за испитување и критериуми за оцена на состојбата на мерните трансформатори од теренски испитувања, графици на промена на отпорот на изолација, капацитетот и коефициентот на диелектрични загуби (tgδ) во зависност од темепературата на изопацијата на мерните трансформатори. Исто така, во упатството да се дадени и критериуми за оцена на состојбата врз основа на резултати добиени од гасно-хроматографска анализа на маслото. Сите упатства треба да се на македонски јазик во печатена (3 примероци) и електронска форма.

Appears in 2 contracts

Sources: Tender Documentation, Tender Documentation