ИСПОРАКА. Мерните трансформатори, раставувачите и приклучните стегалки да се испорачаат (транспорт и истовар) во ТС 110/35 kV Велес. Сите делови за транспорт треба да се пакуваат внимателно на таков начин што да се заштитени од механички повреди и оштетувања од вода и климатските услови со кои се соочуваат за време на транспортот до нивната дестинација, како и за време на складирање пред нивното вградување. Носителот на набавката ја испорачува опремата, ја поминува на царина, ја транспортира и ја истоварува на објект.
Appears in 2 contracts
Sources: Tender Documentation, Tender Documentation