НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласија дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги испорача стоките во рокот и на начин утврдени во член 5 од овој Договор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати договорна казна во висина од 0,5% од вредноста на неиспорачаната стока за секој започнат нареден ден од денот во кој Носителот на набавката бил должен да ја изврши испораката на стоките до денот кога ја испорачал стоката, но не повеќе од 5% од вредноста на неиспорачаната стока. Износот на договорната казна се одбива од износот на фактурата доставена од Носителот на набавката.
Appears in 2 contracts