Напомена. По извршената проценка на доставените писма за интерес и по спроведување на селекцијата, избраните кандидати ќе треба да обезбедат и да достават на увид лекарско уверение од медицина на трудот со кое ќе докаже дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност. Лекарското уверение треба да докаже дека кандидатот има здрав костозглобен систем, здрав крвоток и добар респираторен систем, добра кондиција и општа спретност на телото и рацете, добри моторички вештини, уреден центар за рамнотежа и јасно видно поле. Исто така, во прилог на лекарското уверение потребно е да се достави и потврда од психолошко тестирање за докажување на способност за работа на височина.
Appears in 2 contracts
Sources: Project Implementation Agreement, Project Implementation Agreement