Начин на доставување на понудата и придружната документација. 4.7.1 Понуди можат да достават само економските оператори кои ја презеле тендерската документација преку ЕСЈН. Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори. 4.7.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во оригинална или во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат бараната документација за утврдување на способност пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите не се достапни во електронска форма.
Appears in 2 contracts
Sources: Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Услуги