Common use of НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ Clause in Contracts

НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ. Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го изврши вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на месечната фактура во архивата на Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје. Носителот на набавката се обврзува во рок од 3 (три) дена од склучување на Договорот до Договорниот орган да достави известување за овластено лице за потпишување на фактури и при секоја промена на овластеното лице веднаш да го извести Договорниот орган. Прилог кон фактурата е уредно заверена испратница, потпишана од страна на овластени лица на двете договорни страни. Доколку Договорниот орган не ја плати паричната обврска по фактурата во рокот од став 1 на овој Член, Носителот на набавката има право на пресмет- ка и наплата на казнена камата за задоцнето плаќање, како и право на на- доместок за доцнење, согласно позитивните законски прописи.

Appears in 3 contracts

Sources: Договор За Јавна Набавка, Договор За Јавна Набавка, Договор За Јавна Набавка