Обврски на претплатникот, кога Македонски Телеком се јавува како оператор примател Примери за клаузули

Обврски на претплатникот, кога Македонски Телеком се јавува како оператор примател. Претплатникот го поднесува барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број во продажните салони на Македонски Телеком.Претплатникот пред поднесувањето на барањето од претходниот став, потребно е да ја обезбеди неопходната документација утврдена во член 7.2 од овие Општи услови и да добие известување за техничка можност за пренесување на број. Претплатникот на јавни мобилни комуникациски услуги има право да иницира пренесување на претплатнички број/линија од припејд во постпејд тарифен модел на Македонски Телеком со поднесување на соодветно барање за тоа издадено од Македонски Телеком при што одобрувањето на барањето ќе се врши согласно одредбите од глава 2 член 12 од овие Општи услови.

Related to Обврски на претплатникот, кога Македонски Телеком се јавува како оператор примател

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ 1. Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: (a) во случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.