Општи исклучувања од осигурување на воздухоплови, кои се применуваат во авио-каско и авио Примери за клаузули

Општи исклучувања од осигурување на воздухоплови, кои се применуваат во авио-каско и авио одговорност спрема трети лица Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите настанати поради следните исклучувања: 1. Штета која е настаната поради груба немарност на заповедникот, пилотот и другите членови на посадата. 2. За време додека воздухопловот се користи за вршење било какви незаконски дејствија (цели) или за намени различни од оние кои се наведни во полисата и како што се дефинирани во дефинициите за намена. 3. Додека воздухопловот е надвор од географските лимити наведени во полисата, освен ако тоа се должи на виша сила. 4. Додека воздухопловот е управуван од пилот кој не е наведен во полисата, освен кога воздухопловот може да биде управуван на земја од лица квалификувани за таа цел. 5. За време додека воздухопловот полетува, слетува или во обидите да го направи тоа, од место кое не е во согласност со препораките пропишани од произведувачот на воздухопловот и надлежните цивилни воздухопловни власти, освен во случај на виша сила или ако до тоа е дојдено по одлука на пилотот кој има прописно овлстување од надлежните органи за донесување на такви одлуки. 6. Доколку бројот на патници кои се превезуваат со воздухопловот, го надминува декларираниот максимален број на патници наведен во полисата, како и поради утовар на поголема количина на стока над максималното дозволено оптеретување на воздухопловот. 7. При оштетни побарувања наплативи по други полиси, освен ако обештетувањето ги надмине сумите на осигурување по тие полиси, но максимум до наведената сума во полисата. 8. За оштетни побарувања кои се исклучуваат според клаузулата за исклучување на нуклеарни ризици. 9. Злонамерен акт или саботажа со претходно знаење на осигуреникот, негови вработени или лица кои работат по налог или за сметка на осигуреникот. 10. Трошоците за замена на дотраени и истрошени делови, како ни трошоците за поправка на механичите кршења и застој на електронски,

Related to Општи исклучувања од осигурување на воздухоплови, кои се применуваат во авио-каско и авио

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.