Ормар за релејна заштита на 110 kV далекуводно поле Велес 2 (ХИВ) Примери за клаузули

Ормар за релејна заштита на 110 kV далекуводно поле Велес 2 (ХИВ). Ормарот за релејна заштита за далекуводното поле е комплетно ожичен и опремен со целата помошна опрема за еден систем на собирници, изработен согласно постоечка техничка документација, а истиот треба да се преработи за систем со една главна и помошна собирница за да се овозможи префрлување и делување на заштитата на прекинувачот на помошно поле. Потребно е да се заменат сите ознаки и обележувања на и во ормарот согласно новата локација и намена. За истиот да се изработи техничка документација во која ќе бидат внесени сите промени према постоечката опрема. Oрмарот е без заштитно реле. Потребно е да се дополни со реле тип 7SA612 (Siemens) кое е монтирано во ормарот кој ќе се превземе од ТС Дуброво на 400 kV полето према Штип 1 од Систем 2. Ормарот се наоѓа во ТС Штип 2. Потребно е да се транспортира и монтира во ТС Кавадарци, да се прилагоди и поврзе во согласнот со постоечката примарна опрема и услови.

Related to Ормар за релејна заштита на 110 kV далекуводно поле Велес 2 (ХИВ)

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.