Common use of Ормар за релејна заштита на 110 kV ДВ поле Дуброво Clause in Contracts

Ормар за релејна заштита на 110 kV ДВ поле Дуброво. Ормарот за релејна заштита за далекуводното поле е комплетно ожичен и опремен со целата помошна опрема за еден систем на собирници, изработен согласно постоечка техничка документација, а истиот треба да се преработи за систем со една главна и помошна собирница за да се овозможи префрлување и делување на заштитата на прекинувачот на помошно поле. Потребно е да се заменат сите ознаки и обележувања на и во ормарот согласно новата локација и намена. За истиот да се изработи техничка документација во која ќе бидат внесени сите промени према постоечката опрема. Oрмарот е без заштитно реле. Потребно е да се дополни со реле тип 7SA612 (Siemens), кое ќе биде демонтирано од Систем 2 (како што е опишано погоре во точка 2.2.2.1.3 од оваа техничка спецификација). Ормарот се наоѓа во ТС Штип 2. Потребно е да се транспортира и монтира во ТС Кавадарци, да се прилагоди и поврзе во согласнот со постоечката примарна опрема и услови.

Appears in 2 contracts

Sources: Tender Documentation, Tender Documentation