Ормар за релејна заштита на 110 kV ДВ поле Кавадарци (Градска). Ормарот за релејна заштита за далекуводното поле е комплетно ожичен и опремен со целата помошна опрема. Истиот е изработенсогласно постоечка техничка документација, а треба да се преработи за систем со една главна и помошна собирница за да се овозможи префрлување и делување на заштитата на прекинувачот на помошно поле. Потребно е да се заменат сите ознаки и обележувања на и во ормарот согласно новата локација и намена. За истиот да се изработи техничка документација во која ќе бидат внесени сите промени према постоечката опрема. Ормарот се наоѓа во ТС Скопје 4 (од ДВ поле Драчево 2). Потребно е да се транспортира и монтира во ТС Кавадарци, да се прилагоди и поврзе во согласнот со постоечката примарна опрема и услови.
Appears in 2 contracts
Sources: Tender Documentation, Tender Documentation