Отворање на понудите 5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице. 5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите. 5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. 5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.06.2022 година, во 11:00 часот, во просториите на одделение за јавни набавки при ЈЗУ Општа болница - Куманово. 5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите. 5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворањето на понудите. 5.1.8 Записникот од јавното отворање на понудите по прикачувањето на ЕСЈН е достапен до понудувачите.
Краен рок и место за поднесување на понудите 12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 14.12.2017 година во 12 часот. 12.2. Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: ▇▇▇▇▇://▇▇▇.▇-▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.