Common use of Права и обврски на договорните страни Clause in Contracts

Права и обврски на договорните страни. (1) Банката како давател на платежни услуги: - се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи платежните услуги наведени во прифатеното Барање; - се обврзува да отвори, да одржува и затвори платежна сметка со единствена идентификациона ознака во согласност со условите уредени во овој Рамковен договор, Општите правила и услови, интерните акти на Банката и важечките прописи; - се обврзува да извршува исправни платни налози доставени од Корисникот во согласност со соодветните Општиправила и услови и важечките прописи и има право да одбие да изврши платен налог или да ја иницира платежната трансакција за што го известува Корисникот на платежни услуги, за причините за одбивање и за постапката за исправка на грешките кои довеле до одбивање на платниот налог, освен ако давањето на информациите е забрането со закон; - се обврзува да го информира Корисникот за промените на платежната сметка на начин уреден во соодветните Општи правила и услови - се обврзува да врши други услуги доколку се исполнети условите од соодветните Општи правила и услови; - има право да пресмета и наплати од Корисникот на платежните услуги надоместоци за платежни услуги кои му ги дава согласно овој Договор, Барањето и Општите правила и услови - дава информации и става на располагање информации за Корисникот на платежни услуги на начин утврден во Општите правила и услови и согласно важечките прописи; - има право само заради наплата на надоместоци и провизии да дозволи премолчено должничко салдо на платежната сметка на корисникот на платежни услуги под услови дефинирани во соодветните Општи правила и услови и да му стави на располагање на корисникот на платежните услуги парични средства во износ што го надминува тековното салдо на неговите парични средства на платежната сметка и со ова премолчено должничко салдо Корисникот не може да располага; (2)Корисникот на платежни услуги: - има право да доставува уредно пополнет платен налог до Давателот на платежни услуги во хартиена форма или во електронска форма по пат на мобилно или електронско банкарство во согласност со соодветните Општи правила и услови; - се обврзува да го почитува терминискиот план за работа на ▇▇▇▇▇▇▇; - се обврзува да располага со средствата на платежната сметка лично или преку овластено лице во согласност со важечките прописи, овој Рамковен договор и соодветните Општи правила и услови; - има право на комуникација со Давателот на платежни услуги на начин предвиден во овој Рамковен договор и Општите правила и услови; - има обврска да го користи платниот инструмент и платежната услуга во согласност со условите и одредбите од овој Рамковен договор, Општи правила и услови и во согласност со важечките прописи; - има обврска навремено да ги подмирува сите обврски кон Банката. (2) Правата и обврските на договорните страни се детално уредени во овој договор и Прилозите наведени во член 1 став 2 и 3 од овој Договор.

Appears in 2 contracts

Sources: Framework Agreement for Payment Services, Framework Agreement for Payment Services

Права и обврски на договорните страни. (1) Банката како давател на платежни услуги: - се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи платежните услуги наведени во прифатеното Барање; - се обврзува да отвори, да одржува и затвори платежна сметка со единствена идентификациона ознака во согласност со условите уредени во овој Рамковен договор, Општите правила и услови, интерните акти на Банката и важечките прописи; - се обврзува да извршува исправни платни налози доставени од Корисникот во согласност со соодветните Општиправила Општи правила и услови и важечките прописи и има право да одбие да изврши платен налог или да ја иницира платежната трансакција за што го известува Корисникот на платежни услуги, за причините за одбивање и за постапката за исправка на грешките кои довеле до одбивање на платниот налог, освен ако давањето на информациите е забрането со закон; - се обврзува да го информира Корисникот за промените на платежната сметка на начин уреден во соодветните Општи правила и услови - се обврзува да врши други услуги доколку се исполнети условите од соодветните Општи правила и услови; - има право да пресмета и наплати од Корисникот на платежните услуги надоместоци за платежни услуги кои му ги дава согласно овој Договор, Барањето и Општите правила и услови - дава информации и става на располагање информации за Корисникот на платежни услуги на начин утврден во Општите правила и услови и согласно важечките прописи; - има право само заради наплата на надоместоци и провизии да дозволи премолчено должничко салдо на платежната сметка на корисникот на платежни услуги под услови дефинирани во соодветните Општи правила и услови и да му стави на располагање на корисникот на платежните услуги парични средства во износ што го надминува тековното салдо на неговите парични средства на платежната сметка и со ова премолчено должничко салдо Корисникот не може да располага; (2)Корисникот на платежни услуги: - има право да доставува уредно пополнет платен налог до Давателот на платежни услуги во хартиена форма или во електронска форма по пат на мобилно или електронско банкарство во согласност со соодветните Општи правила и услови; - се обврзува да го почитува терминискиот план за работа на ▇▇▇▇▇▇▇; - се обврзува да располага со средствата на платежната сметка лично или преку овластено лице во согласност со важечките прописи, овој Рамковен договор и соодветните Општи правила и услови; - има право на комуникација со Давателот на платежни услуги на начин предвиден во овој Рамковен договор и Општите правила и услови; - има обврска да го користи платниот инструмент и платежната услуга во согласност со условите и одредбите од овој Рамковен договор, Општи правила и услови и во согласност со важечките прописи; - има обврска навремено да ги подмирува сите обврски кон Банката. (2) Правата и обврските на договорните страни се детално уредени во овој договор и Прилозите наведени во член 1 став 2 и 3 од овој Договор.

Appears in 1 contract

Sources: Framework Agreement for Payment Services