Common use of Права и обврски на договорните страни Clause in Contracts

Права и обврски на договорните страни. Корисникот се обврзува до Банката да достави полиса за осигурување на заложениот имот винкулирана во корист на Банката најдоцна до денот на воспоставување на заложното право врз недвижниот и/или подвижниот имот. Корисникот се обврзува да обезбеди навремено и континуирано обновување на полисата за цело времетраење на залогот, односно до конечно измирување на обврските спрема Банката, и полисата заедно со винкулацијата да и ја предаде на Банката. Доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ не постапува во согласност со обврските од претходниот став, ▇▇▇▇▇▇▇ го задржува правото да бара предвремена отплата на побарувањата кои произлегуваат од овој Договор. Корисникот се обврзува да обезбеди овластување за ▇▇▇▇▇▇▇ во име на сопственикот на заложениот имот да уплати премија за осигурување и да ја потпише винкулацијата на полисата во корист на Банката. Корисникот е согласен и ја овластува ▇▇▇▇▇▇▇ за трошоците за полисата и винкулацијата да воспостави налог и да ги наплати од било која сметка на Корисникот во Банката или од некоја наредна уплата да го задржи потребниот износ за наплата на наведените трошоци.

Appears in 2 contracts

Sources: Revolving Credit Agreement, Revolving Credit Agreement