ПРАВНА ПОМОШ Примери за клаузули

ПРАВНА ПОМОШ. Во случај на неопходност од правна помош на осигуреникот, во текот на патувањето во странство, за добивање на правен совет асистентската компанија ќе му обезбеди на истиот контакт од адвокат кој се наоѓа во близина на неговиот моментален престој .
ПРАВНА ПОМОШ. Ако против вработениот се води кривична, прекршочна или друга постапка поради употреба на присилба или огнено оружје или поради други интервенции во врска со вршење на работата, како и за учество во сообраќајна незгода со моторно возило или незгода причинета со друг вид воено техничко средство при вршење на работата, Министерството е должно да му обезбеди бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката.
ПРАВНА ПОМОШ. Ако против работникот се поведе или води кривична, прекршочна или парнична постапка поради извршување на должноста како и за учество во сообраќајна незгода со моторно возило при вршењето на работата, по утврдената правна основаност на барањето, Министерството е должно да му обезбеди бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката. Основаноста на барањето се утврдува врз основа на наредбата за извршување на задачата. Во случаите на учество во сообраќајна незгода со моторно возило при вршењето на работата, за основаноста на барањето се доставува писмено мислење од претпоставеното лице и мислење од организациската единица. За барањето за бесплатна правна помош одлучува министерот или од него овластено лице, по претходно доставено писмено барање од страна на работникот.
ПРАВНА ПОМОШ. Судовите, обвинителствата, арбитражните и другите органи на договорните страни, што се надлежни да одлучуваат во предметите од граѓанската, семејната и кривичната материја, си даваат меѓусебна правна помош во овие предмети под условите што се утврдени во овој договор.
ПРАВНА ПОМОШ. Обврските на осигурувачот за давање правна заштита опфаќаат:
ПРАВНА ПОМОШ. Доколку при патувањето е потребна правна заштита на осигуреникот, асистентската компанија го дава бројот на телефон и адресата на адвокатот кој се наоѓа во близина на осигурениковиот моментален престој во странство, со исклучување каква и да било одговорност за исходот на постапката до износ означен за овој ризик во табелата.
ПРАВНА ПОМОШ. Судовите до кои се упатени замолниците за правна помош ги извршуваат и притоа, по потреба, ги применуваат истите принудни средства како и при извршувањето на замолниците за правна помош на судовите од сопствената држава. Принудни средства нема да се применуваат ако станува збир за лично доаѓање на страните во парницата.
ПРАВНА ПОМОШ. Осигурувачот може да го довери водењето на спорот на осигуреникот кој во таков случај е должен да се придржува на упатствата и налозите на осигурувачот во врска со водењето на парницата.

Related to ПРАВНА ПОМОШ

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .