Право на учество. 1.9.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество. 1.9.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка. 1.9.3 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор: учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда. 1.9.4 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
Appears in 3 contracts
Sources: Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Стоки, Договор За Јавна Набавка На Стоки