Предмет на набавката. Предмет на набавка на ДЕЛ 1 е набавка и испорака на хардверска опрема, системски софтвер и бекап решение, како и услуги за инсталација и конфигурација на истите, со цел да се воспостави инфраструктура за централна консолидација на ИКТ системите, на која потоа Царинската управа ќе изврши миграција на тековните софтверски апликации на ИКТ системите и за нив ќе воспостави решение за централизиран бекап. Инфраструктурата вклучува набавка и испорака на следната хардверска опрема и системски софтвер, со подетални карактеристики дадени во точките од 2.1 до 2.8: - сервери за виртуелизација на серверите со бази на податоци, апликативните и веб серверите, - уред за складирање, - системски софтвер за инсталација и конфигурација на опремата, - хардверска опрема и софтвер за централизирано бекап решение, - уреди за непрекинато напојување (УПС), - Rack ормар соодветен за понудената хардверска опрема Понудувачот треба да испорача и Oracle лиценци на име на Царинска управа, доколку наведените Oracle лиценци, во Прилог 3 на оваа спецификација, не се доволни или компатибилни за реализацијата на услугите од точка 2.7 од оваа спецификација. Серверите за виртуелизација на серверите со бази на податоци, апликативните и веб серверите и уредот за складирање, треба да ги задоволуваат минималните карактеристики од точка 2.1. и 2.2. од оваа спецификација и истите не мора да бидат физички одвоени, односно можат да бидат и дел од една хардверска целина, во зависност од типот на понудената опрема. Серверите за виртуелизација на серверите со бази на податоци, апликативните и веб серверите, заедно треба да поседуваат минимум 1 TB RAM меморија, за да можат да ги покријат вредностите за RAM меморија по системи наведени во Прилог 1. Предмет на оваа набавка е и реализација на услуги за инсталација и конфигурација на хардверската опрема со потребниот системски софтвер и бекап на податоци на новата инфраструктура, наведени во точките од 2.7 до 2.9 од оваа спецификација. За целокупната хардверска опрема и системски софтвер предмет на оваа набавка, Носителот на набавката треба да обезбеди најмалку 3 години гаранција со поддршка од производителот на опремата и системскиот софтвер, согласно наведеното во точка 5 Гарантен период.
Appears in 2 contracts
Sources: Договор За Јавна Набавка, Public Procurement Agreement