ПРЕДУСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ДОГОВОРНИОТ ОРГАН. Со цел успешна реализација на предметот на јавната набавка, Договорниот орган ќе го овозможи следното: - Во рок од 5 (пет) работни дена од склучување на Договорoт, Договорниот орган ќе назначи контакт лице/лица и за истото ќе го извести Носителот на набавката. Назначеното контакт лице/лица ќе ја следи реализацијата на договорот и целокупната комуникација помеѓу Договорниот орган и Носителот на набавката ќе се одвива преку него. - Миграцијата на софтверските апликации на ИКТ системите на новата инфраструктура, согласно точка 2.8 од спецификацијата, ќе се направи во рокот договорен во Акциониот план за реализација на активностите од Договорот.
Appears in 2 contracts
Sources: Договор За Јавна Набавка, Public Procurement Agreement