РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Примери за клаузули
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска или нема да се придржува кон утврдениот квалитет, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или во спротивно да го раскине договорот.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Овој Договор може да се раскине спогодбено во писмена форма. Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. 3.1. Купувачот со писмено известување може да го раскине договорот во целост или делумно, во следниве случаи:
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Овој Договор се склучува на неопределено време. Договорот може да се раскине со взаемна согласност на двете договорни страни или со писмено барање на едната од договорните страни со отказен рок од 30 дена од денот на поднесеното барање за раскинување на овој Договор. Корисникот не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има евидентирано достасани а неподмирени обврски (блокади), како и обврски кон Банката, се додека истите не бидат во целост подмирени. Банката може да го раскине договорот без отказен рок ако утврди дека ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ се однесува спротивно на одредбите од овој Договор, општите услови за работење и важечките прописи, доколку не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на податоците, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон, или доколку преку сметката не врши промет повеќе од две години, и за истото ќе го извести ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇. Во случај на раскинување на Договорот, ▇▇▇▇▇▇▇ ќе ги пренесе средствата од сметката на Корисникот на друга сметка врз основа на инструкции од ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇, или согласно одлука од суд, како и друг надлежен државен орган или друга институција.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Кога една од Договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата Договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот и да склучи договор со следнорангираниот понудувач. Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. 12.1Давателот на лизинг има право предвремено еднострано да го раскине Договорот и да бара веднаш да биде вратен предметот на лизинг, во случај да: - Корисникот на лизинг не извршил плаќање на две последователни месечни плаќања (главен долг и камата); - Корисникот на лизинг го пренел правото на користење на предметот на лизинг на трето лице без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг; - Корисникот на лизинг не го осигура предметот на лизинг, а бил должен да го стори тоа; - Давателот на лизинг разумно оцени дека постои опасност предметот на договорот за лизинг, да се изнесе надвор од РСМ или постоел обид да се стори тоа; - доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на лизинг утврди дека Корисникот на лизинг несовесно и недомаќински го користи предметот на лизинг; - Корисникот на лизинг неосновано одбива да го превземе предметот на лизинг; - Корисникот на лизинг без согласност од Давателот на лизинг ја менува намената и својството на предметот на лизинг; - Корисникот на лизинг го користи предметот на лизинг за вршење услуги спротивно на одредбите од овој Договор; - Корисникот на лизинг дал нецелосни и невистинити податоци за своите приходи или имотна состојба (вклучувајќи ги и информациите за гарант-платец) заради добивање на лизинг услугата; - против Корисникот на лизинг биде поведено извршување заради присилна наплата на побарување, односно стечај, ликвидација, постапка за бришење од трговскиот регистар на Корисникот на лизинг- правно лице; - во случај на кражба / губење на предметот на лизинг, а истиот, во рок од 60 дена сметано од денот на пријавата на кражбата, не биде пронајден и вратен на Давателот на лизинг; - Корисникот на лизинг – физичко лице го промени живеалиштето и се исели во странство; - доколку во правното лице – Корисник на лизинг или гарант-платец дојде до промена во сосптвеничката структура или настанат статусни промени согласно Законот за трговските друштва без претходно известување до Давателот на лизинг и без добиена согласност од Давателот на лизинг; - доколку за времетраењето на Договорот без согласност од Давателот на лизинг изврши промена на друштвото за осигурување каде се осигурал предметот на лизинг; - доколку со своите дејствија го загрозува правото на сопственост и владение на Давателот на лизинг над предметот на лизинг; - ако ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на лизинг на било кој начин ги прекршува односно не ги почитува своите обврски определени со овој Договор; - причини определени со Законот за облигационите односи и Законот за лизинг. 12.2Договорот се смет...
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на 2 ( две ) последователни неиспораки на екстра лесното масло за домаќинство, Договорниот орган може, по претходно доставено писмено известување до Економскиот оператор за испорака на екстра лесното масло за домаќинство во дополнително оставен рок од 48 часа, да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета. Договорниот орган има право, да го раскине овој Договор и во случај Економскиот оператор, без оправдани причини, да не испорачува бензин/дизел гориво на Корисникот на безготовинската картичката на Договорниот орган. Во случај на раскинување на Договорот согласно овој член, Економскиот оператор е должен да му плати на Договорниот орган, договорна казна во износ од 10% од вредноста на Договорот од член 3 став 1 на овој Договор. . Доколку штетата што ќе ја претрпи Договорниот орган е поголема од договорната казна од претходниот став, Економскиот оператор е должен да му ја надомести на Договорниот орган разликата до целосниот надомест на штетата.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Овој договор се склучува на неодредено време. Истиот може да го раскине една од договорните страни со отказен рок од 30 дена. Учесникот во платниот промет за раскинување на Договорот поднесува писмено барање до Банката. Учесникот во платниот промет не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има евидентирано достасани, а неподмирени обврски (блокади), како и обврски кон Банката. Банката може да го раскине Договорот без отказен рок ако утврди дека Учесникот во платниот промет се однесува спротивно на одредбите од овој договор, општите услови за работење и важечките прописи, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон или доколку на сметката нема средства, а преку истата не врши платен промет повеќе од две години и за тоа ќе го извести Учесникот. Во случај на раскинување на Договорот од страна на ▇▇▇▇▇▇▇, ▇▇▇▇▇▇▇ ќе ги пренесе средствата од сметката на Учесникот на друга сметка врз основа на инструкции од Учесникот, или согласно со одлука од суд, како и друг надлежен државен орган или друга институција, а доколку во рок од 8 (осум) дена Учесникот не достави инструкции, ▇▇▇▇▇▇▇ ќе ги пренесе средствата на сметка по свој избор.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. (1) Овој договор може да се раскине:
Член 7 − сo взаемна согласност на договорните страни, − еднострано од страна на АФПЗРР доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ не се придржува кон одредбите на овој договор, − еднострано од страна на АФПЗРР како резултат на откриени скриени работи при контрола на терен, − еднострано од страна на ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇, само пред исплата на финансиската поддршка. − и во други ситуации предвидени со овој договор, или закон