Common use of РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО Clause in Contracts

РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Сите права кои произлегуваат од договорот за осигурување на животот во случај на смрт, доживување или настанување на тешки болести му припаѓаат на Договорувачот на осигурувањето сè додека не настапи осигурениот случај. 2. Доколку осигурувањето на живот е договорено во случај на смрт, доживување или настапување на тешки болести на некое трето лице, за располагање со правата, во смисла на претходниот став, потребна е пишана согласност од Осигуреникот. 3. Cите изјави и барања на Договорувачот, во смисла на претходните ставови, го обврзуваат Осигурувачот под услов да му се доставени во пишана форма пред настанувањето на осигурениот случај. 4. Кога лицето одредено за корисник умре пред настанувањето на осигурениот случај, користа од осигурувањето не припаѓа на неговите наследници, туку на наредниот корисник, а ако ова не е одредено, тогаш на имотот на Договорувачот на осигурувањето. 5. Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице пред настанувањето на осигурениот случај, но за тоа му е потребна пишана согласност на Договорувачот, во која мора да биде наведено името на лицето на кое правото се пренесува, а ако осигурувањето се однесува на животот на некое друго лице, потребна е согласност и од тоа лице.

Appears in 3 contracts

Sources: Општи Услови За Осигурување На Живот, Општи Услови За Осигурување На Живот, Општи Услови За Осигурување На Живот