Common use of РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО Clause in Contracts

РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Сите права кои произлегуваат од договорот за РИЗИКО осигурување на живот му припаѓат на договорувачот на осигурувањето се додека не настапи осигурениот случај. 2. Доколку осигурувањето на живот во случај на смрт е договорено за трето лице, за располагање со правата во смисла на претходниот став потребна е писмена согласност од осигуреникот. 3. Сите изјави и барања од договорувачот на осигурувањето, во смисла на претходниот став од овој член, го обврзуваат Осигурувачот под услов да се доставени во писмена форма. 4. Кога лицето одредено за корисник умре пред да настане осигурениот случај, користа од осигурувањето не му припаѓа на неговите наследници, туку на наредниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договорувачот на осигурувањето. 5. Своето право на осигурената сума корисникот може да ја пренесе на друго лице пред настанување на осигурениот случај, доколку има писмена согласност од договорувачот на осигурувањето во која мора да бидат наведени имињата на лицата на кого се пренесуваат правата, а доколку осигурувањето на живот се однесува на некое друго лице, потребна е согласност и од тоа лице.

Appears in 3 contracts

Sources: Општи Услови За Осигурување На Живот, Општи Услови За Осигурување На Живот, Општи Услови За Осигурување На Живот