Common use of РЕКЛАМАЦИИ Clause in Contracts

РЕКЛАМАЦИИ. За сите евентуални рекламации во врска со податоците за состојбата на платежната сметка при употребатата на картичката, Корисникот на картичката се јавува во Банката и ги поднесува документите за извршените плаќања, подигање готовина и друга расположива документација. Банката нема никаква обврска во врска со рекламациите за доставата или квалитетот на стоките и услугите што се платени со основната или дополнителната картичка. Доколку Корисникот рекламира производ/услуга кон продажното место, Корисникот е должен да ги подмири обврските спрема Банката, независно од спорот со трговецот. Доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на картичката смета дека некои од трошоците се погрешно пресметани и прокнижени, или дека не му припаѓаат, може да се обрати до Банката поднесувајќи ги сметките и сите останати релевантни документи кои Банката може да ги побара. Рокот за поднесување на рекламациите е најдоцна 40 дена од денот на платежната трансакција која се оспорува, а доколку основ за оспорување е неавторизирана или неправилно извршена трансакција рокот е 13 месеци од датумот на задолжувањето. ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ утврди дека рекламацијата е оправдана ќе ја одобри сметката на Корисникот на основната картичка, а во случај на неоправдани рекламации Корисникот ги сноси сите трошоци кои произлегуваат од постапката за рекламација. Услов за поврат на износ по извршена трансакција со картичката е да се поднесе рекламација од страна на Корисникот на картичката. За потребите на Рекламацијата Корисникот е должен да чува и приложи копија од потврдата за извршеното плаќање (слип/e-mail). Рокот за решавање на случајот на рекламацијата го одредува ▇▇▇▇▇▇▇ во согласност со правилата на платежните организации Visa International и MasterCard Worldwide.

Appears in 2 contracts

Sources: Општи Правила И Услови За Користење На Дебитни Картички, Општи Правила И Услови За Користење На Дебитни Картички