Common use of Рок и место на испорака Clause in Contracts

Рок и место на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја испорача ИТ опремата - предмет на договорот во рок од 45 дена од денот на потпишување на договорот од страна на двете договорни страни, на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје. 7.2.2 Носителот на набавка е обврзан истовремено со испораката на ИТ опремата–предмет на договорот да достави и гарантни листови со гарантен рок во согласност со наведеното во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда. 7.2.3 Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.

Appears in 3 contracts

Sources: Договор За Јавна Набавка На Стоки, Public Procurement Agreement, Public Procurement Agreement