СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО Примери за клаузули

СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Полиса за колективно осигурување на живот е исправа за склучен договор за осигурување. (2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат ▇▇▇▇▇▇ за осигурување и откако ќе биде уплатена првата премија. (3) Врз основа на овие Посебни услови се осигуруваат работниците кои се во работен однос кај договорувачот. (4) На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници на крај на секоја осигурителна година. (5) На крајот на секоја осигурителна година, задолжително се изработува конечна пресметка на премијата соодветно на вистинскиот број на работници, ако не е поинаку договорено.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Полиса за колективно осигурување на живот е документ за склучен договор за осигурување. (2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат Понуда за осигурување и откако ќе биде уплатена првата премија-капар. (3) Врз основа на овие Посебни услови се осигуруваат работниците кои се во работен однос кај договорувачот. На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници, веднаш по промената.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Понудата за колективно ризико осигурување на живот во случај на смрт поднесена на образец на осигурувачот е составен и неразделен дел на договорот и ги содржи сите битни елементи на договорот за осигурување на живот. (2) Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот за осигурување на живот. (3) Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно да побара информации битни за склучување на договорот. (4) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договорувачот.

Related to СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ 1. Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: (a) во случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.