Common use of Способност за вршење на професионална дејност Clause in Contracts

Способност за вршење на професионална дејност. 5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. 5.3.1.2 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон, а се однесуваат на предметот на набавка. 5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави: – Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, – Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија за правното лице, согласно член 16, став 1 од важечкиот Закон за градење. /Лиценцата А за проектирање издадена пред влегување во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадена и со истата ќе може да се врши проектирање на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, согласно член 175, став 1 од овој закон, – Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија за правното лице, согласно член 26, став 1 од важечкиот Закон за градење. /Лиценцата А за изведувач и Лиценцата Б за изведувач издадена пред влегување во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадена и со истата ќе може да се врши изведување на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, согласно член 175, став 3 од овој закон.

Appears in 2 contracts

Sources: Tender Documentation, Tender Documentation