Техничка и професионална способност. 5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови: - Да има извршено ревитализација или реконструкција, како носител на набавка или подизведувач, на најмалку 7 (седум) 110 kV (или повисоко напонско ниво) полиња во последните пет години. 5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на: - Листа на испораки или извршени услуги - ревитализација или реконструкција (како договорна страна или подизведувач) на 110 kV (или повисоко напонско ниво) полиња во последните пет години, со обезбедување потврда за извршени испораки или извршени услуги. 5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка 5.3.3.1 освен потврдата за извршени испораки или извршени услуги ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
Appears in 2 contracts
Sources: Tender Documentation, Tender Documentation