Технички Опис. Раставувачите треба да бидат „Centre-brake” тип, за надворешна монтажа, како што е наведено во „Технички карактеристики“. Раставувачите треба да се проектирани да ги издржат механичките напрегања во најнеповолна насока. Надворешните делови треба да се од материјал отпорен на корозија. Челичните делови треба да се од не`рѓосувачки челик или да се заштитени со топло поцинкување. Лежиштата пожелно е да се проектирани така да не ма потреба од нивно подмачкување. Таму каде ова барање не може да се исполни, лежиштата треба да имаат лесно достапни приклучоци за подмачкување. Деловите од раставувачот кои спроведуваат струја треба да се проектирани така да овозможат термографско испитување. Примарните приклучоци треба да се кружни (болцни) или плочи од алуминиум или од посребрен бакар. Доколку приклучоците се од бакар или легури на бакар тогаш тие треба да се посребрени со слој од најмалку 20 μm. Приклучоците кои се во облик на плоча треба да бидат со дупки Φ 14 mm за завртките на меѓусебно растојание од 50 mm. Раставувачите треба да имаат натписни таблички со единствен сериски број за секој пол и погонски механизам. Деловите што спроведуваат струја треба да имаат трајна ознака според полот на кој припаѓаат. Порцеланот за изолаторите треба да од најдобар квалитет, т.е да ги исполнува барањата za C130 наведени во МКС EN 60672-3:2010 со толеранции според МКС EN 60168:2010 или еквивалентни на нив стандарди. Поврзувањето на порцеланoт со металните делови да е изведено на начин и од материјал кој ќе гарантира трајна работа со висок квалитет во наведените временски услови и услови на загадување.
Appears in 2 contracts
Sources: Tender Documentation, Tender Documentation