Common use of Технички Опис Clause in Contracts

Технички Опис. Мерните трансформатори треба да се еднофазни, индуктивни, во маслена изведба, херметички затворени за надворешна монтажа. Внатрешната изолација треба да е вакуумски импрегнирана хартија во изолационо масло (инхибирано) и истото не смее да содржи PCB (polychlorinated biphenyl) и PCT (polycholrinated terphenyl). Изолационото масло треба да ги исполнува барањата според МКС EN 60296 (или еквивалентен). Мерните трансформатори треба да се со доверлив, без потреба за одржување, експанзионен систем. Изолаторите на мерните трансформатори треба да се од порцелан со квалитет С130. Сите метални делови на трансформаторите треба да се изработени од материјал отпорен на корозија или да се заштитени со квалитетна антикорозивна заштита (топло поцинкување и бојадисување). Сите надворешни завртки, навртки и подлошки треба да се од челик отпорен на корозија. На трансформаторите треба да бидат изведени вентили за испуштање на маслото и за земање примероци од истото. Нивото на масло во трансформаторите треба да биде видливо од земја. Секундарните гранки на напонскиот и струјниот дел на комбинираните мерни трансформатори треба да бидат изведени во посебни приклучни кутии. Приклучните кутии треба да се изведени со степен на заштита IP55. На приклучните кутии да бидат монтирани кабелски уводници. Трансформаторите траба да имаат приклучок за мерење Cx и tan δ. Мерните трансформатори треба да имаат можност да се транспортираат во хоризонтална положба. Примарните приклучоци треба да се плочи од алуминиум, со дупки за прицврстување според IEC стандард.

Appears in 2 contracts

Sources: Tender Documentation, Tender Documentation