ФРАНШИЗА Примери за клаузули

ФРАНШИЗА. При остварување на правото на надомест од осигурување, осигурувачот во целост ги надоместува трошоците за здравствените услуги, лекови и амбулантска рехабилитација, односно осигурувањето се склучува без учество на осигуреникот во штета (франшиза).
ФРАНШИЗА. Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штата. Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
ФРАНШИЗА. Осигурувачот ќе ја надомести настанатата штета поради сообраќајна незгода, пожар и експлозија без франшиза. Во случај на погрешно предавање на пратката поради измама на возачите и кражба, осигуреникот учествува со 20% франшиза од настанатата штета. Во сите други случаи франшизата ќе изнесува во висина на природната загуба (кало, крш, растур) за кој дел согласно законските прописи и условите за осигурување, не одговара превозникот.
ФРАНШИЗА. Франшизата се одбива во износ утврден во полисата и се применува кај секоја поединечна штета и засебна хаварија. Франшизата не се применува кај штети на потполна загуба, трошоци на спасување или генерални хаварии.
ФРАНШИЗА. Задолжителна франшиза во секој штетен настан од 250 ЕУР во денарска противвредност на денот на настанувањето на штетата, кога оштетено лице како трето лице се јавува физичко лице.
ФРАНШИЗА. Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штета. Ако осигуреникот договори франшиза, се намалува и премијата за осигурување во зависност од договрениот износ.
ФРАНШИЗА. Ако е договорено осигуреникот да сноси дел од штетата (договорен самопридржај, франшиза), при настанување на осигурен случај надоместокот од осигурувањето ќе се утврди на тој начин што на осигуреникот отпаѓа дел од штетата во висина на договорениот самопридржај.
ФРАНШИЗА. Осигуреникот учествува со 5% од сумата на осигурување, во секоја штета вклучувајќи и тотална штета и задолжително се наведува во полисата за осигурување. За воздухоплови кои се реосигуруваат факултативно, ќе се применуваат условите на реосигурувачот.
ФРАНШИЗА. Осигурителното покритие е без франшиза освен ако поинаку не се договори.
ФРАНШИЗА. Франшизата (учество во штетата) е регулирана со самиот избор на модалитет на осигурување согласно ▇▇▇▇▇▇▇▇.