Contract
За потребите на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена агенда за Западен Балкан” финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата EU Support to Civil Society and Media Organizations in the Republic of North Macedonia, IPA Civil Society Facility Programme 2022-2023, a согласно Договорот за грант потпишан меѓу ЦПИА и Договорниот орган бр. IPA III / 2023 / 452 - 483, проектниот тим на Центарот за правни истражувања и анализи испраќа:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ НА ПОВИК 02/2024
за набавка на услуги за брендирање, дизајн и принтање на материјали за потребите на проектот
Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамките на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена агенда за Западен Балкан” има потреба од услуги за брендирање, дизајн и принтање на материјали за потребите на проектот.
Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Потребно е да се испорачуваат предвидените и договорени услуги на барање на нарачателот во од напред предвидената рамка, за периодот до 01.01.2027 година.
ЦПИА го задржува правото на утврдување/изменување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
Центарот за правни истражувања и анализи ќе склучи договор со избраниот понудувач за реализација на набавката наведена во спецификацијата.
За таа цел до ЦПИА ќе биде доставена понуда за горенаведената покана во рок од 7 дена од денот на нејзиниот добивање. Проектот е ослободен од ДДВ, а избраниот понудувач согласно динамиката на активности ќе добие соодветни документи за изработка на фактури.
Квалификациската понудата треба да ги содржи следните елементи:
Листа со референци на претходни слични ангажмани (со име на проект, организација, линкови до интернет страници...)
Претходно изработени идејни решенија и дизајн за корица на публикација
Релевантно искуство во областа брендирање, дизајн и принтање од најмалку 5 години
Финансиска понуда согласно приложениот формат подолу:
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Ставка |
Опис на бараната услуга |
▇▇▇▇▇▇▇▇ |
Цена без ДДВ |
1. |
Дизајн на пост-легислативната анализа на Законот на животна средина со фокус на директивите (EIA & SEA) |
1 (до 80 страни) |
|
2. |
Дизајн на извештајот за институционалната поставеност за спроведување на законодавството за животна средина |
1 (до 80 страни) |
|
3. |
Дизајн на извештајот за оцена на ефикасноста на јавното обвинителство и судството во борбата против криминалот против животната средина |
1 (до 80 страни) |
|
4. |
Дизајн, прилагодување и принт на инфографици (МК, АНГ, АЛБ) |
3 инфографици адаптирани на 3 јазици |
|
5. |
Промотивни (one pagers) |
300 (А4) |
|
6. |
Промотивни инфографици |
2 |
|
7. |
Дизајн и брендинг на промотивни материјали за проектот |
Развој на најмалку три предлози за визуелен идентитет на проектот, (2) Подготовка и дизајнирање на лого за проектот, (3) Дизајнирање и подготовка за печатење на билтени проектни документи, вклучувајќи ги нивната адаптација на различни локални јазици (4) Дизајнирање на идентитет за веб-страницата и Фејсбук страницата и (5) Дизајнирање на папки, бележници, пенкала.... |
|
8. |
Банер |
1 |
|
9. |
Материјали за тренинг |
Тетратка/бележник, пенкало, курикулум (220) |
|
ВКУПНО
|
|
|
|
Изборот на добавувачот/те ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.
Услови и начин на плаќање:
Плаќањето ќе биде извршено врз основа на договор по испорачана услуга и доставување на фактури.
Начин на доставување на понудите
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: ▇▇▇▇▇▇▇@▇▇▇▇.▇▇
Крајниот рок за доставување на понудите е до 09.04.2024 година најдоцна до 16.30 часот по електронски пат.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Рок на важност на понудата: најмалку 7 дена.
Центар за правни истражувања и анализи
Проектен менаџер
▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇