MUNICIPALITY OF VELES
ОПШТИНА ВЕЛЕС
MUNICIPALITY OF VELES
вторник, 05 февруари 2008
Д О Г О В О Р
Склучен на ден .02.2008 година, во Велес помеѓу следните
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
1. Општина Велес, ▇▇. Панко Брашнар бр. 1, Велес, застапувана од Градоначалникот ▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇, во понатамошниот текст како Набавувач и
2. од , ул. , бр. , застапувано од
во понатамошниот текст како Носител на набавката.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ:
Член 1
Предмет на овој договор е антивирусно решение во Општина Велес, по приложена спецификација. Постапката е спроведена со оглас за барање за прибирање понуди бр. 2/2008, објавен на ВЕБ страната на бирото за јавни набавки под број 02-578/2 од 04.02.2008 година.
ЦЕНА НА ДОГОВОРОТ:
Член 2
Вредноста на услугите согласно член 1 од овој Договор, ќе биде утврдена со фактура, врз основа на единечните цени дадени во понудата во износ до денари.
Цените утврдени во овој договор се фиксни.
НАЧИН И РОК НА ПЛАЌАЊЕ:
Член 3
Плаќањето на цената од член 2 на овој Договор, ќе се врши по претходно доставена финансиска документација (фактура) за целиот утврден износ за изведените услуги и тоа
.
ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 4
Носителот на набавката се обврзува да ја изврши услугата опишана во член 1 на овој Договор, по рок и динамика на извршување утврден во член 7 од овој Договор.
Член 5
Носителот на набавката се обврзува дека извршената услуга ќе ја предаде со бараните карактеристики и квалитет.
Носителот на набавката се обврзува услугата да ја изврши според видот утврден во член 1 од овој Договор (по спецификација) и во рокот определен во член 7 од овој Договор.
Општина Велес / Municipality of Veles Panko Brasnar No 1
1400 Veles, Macedonia
Tel/fax: ▇▇▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
e-mail: ▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇ ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇
ОБВРСКИ НА НАБАВУВАЧОТ:
Член 6
Набавувачот се обврзува дека плаќањето ќе го врши по претходно доставена финансиска документација (фактура) за целиот утврден износ во рок утврден во член 3.
РОК НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ
Член 7
Рокот на извршување на услугите во смисол на член 1 на овој Договор изнесува календарски денови по потпишување на договорот.
Член 8
Договорните страни се согласни дека во случај кога ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката нема да ги изврши услугите во рокот определен во член 7 од овој договор па заради тоа падне во задоцнување, истиот е должен да му плати на Набавувачот договорна казна во висина од 0,5%0 од вкупната цена определена во член 2 од овој Договор за секој ден на доцнењето.
Договорната казна не може да надмине 5% од вкупната цена определена со член 2 од овој договор.
РОК, ГАРАНЦИЈА И КВАЛИТЕТ НА ИЗВЕДЕНИТЕ УСЛУГИ
Член 9
Носителот на набавката го гарантира квалитетот на извршените услуги во:
- гарантен период од ( ) години и дека извршените услуги во времето на
примопредавањето се во согласност со договорениот квалитет и дека немаат мани што ја оневозможуваат нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот;
- гарантни услови
- постгарантен период
- дополнителни функционалности
- техничка поддршка
Член 10
Носителот на набавката се обврзува дека без надоместок ќе ги корегира сите нестандардни изведени услуги и ќе ги замени сите вградени компоненти кои отстапуваат од договорениот квалитет.
Доколку Носителот на набавката не се придржува кон договорениот квалитет и доколку не ги корегира сите нестандардни изведени услуги или не ги замени сите вградени компоненти кои отстапуваат од договорениот квалитет, Набавувачот има право да ја наплати банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 11
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска или нема да се придржува кон утврдениот квалитет, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или во спротивно да го раскине договорот.
Член 12
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е за тоа писмено да ја извести другата договорна страна во рок од 30 дена.
Член 13
Со писменото известување се смета дека договорот е еднострано раскинат по истекот на отказниот рок од член 12.
По раскинувањето на Договорот, странките се должни да ги измират настанатите обврски до раскинувањето на Договорот.
ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ
Член 14
Материјален недостаток постои ако изведените услуги и вградените компоненти ги немаат потребните својства за нивна редовна употреба или ги немаат својствата и одликите од член 9.
Член 15
Набавувачот е должен завршените услуги и вградените компоненти, да ги прегледа на вообичаен начин за да се утврди дали постојат видливи недостатоци.
Доколку прегледот се изврши во присуство на обете страни, Набавувачот е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на Носителот на набавката веднаш.
Носителот на набавката се обврзува во примерен рок да ги отстрани недостатоците односно, без право на посебен надоместок.
може:
Член 16
Набавувачот кој навреме и уредно го известил Носителот на набавката за недостатокот,
- да бара од Носителот на набавката да ги корегира сите нестандардни изведени услуги и да
ги замени сите неквалитетни вградени компоненти.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
Договорните страни можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој Договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој Договор можат да се изменат или дополнат со склучување на ▇▇▇▇▇ на Договорот.
Дополнувањата и измените на овој Договор се важечки, ако се направени во писмен облик и ако се потпишани од двете договорни страни.
За се што не е регулирано со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
Член 18
Сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, а кои договорните страни не би можеле да ги решат спогодбено, во духот на взаемна соработка и добрите деловни односи, ќе ги решава надлежниот суд во Велес.
Член 19
Овој Договор е составен во 4 (четири) примероци, од кои по 2 (два) примерока за секоја договорна страна.
НОСИТЕЛ НА НАБАВКА | НАБАВУВАЧ |
Општина Велес | |
Градоначалник | |
Директор | ▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇ |