ДЕЛ I
УСЛОВИ ЗА ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
ДЕЛ I
ДЕФИНИЦИИ:
Пооделни изрази во овие услови значат:
Осигуреник – лице именувано во полисата;
Осигурена сума - највисок износ до кој осигурувачот е во обврска;
Премија - износ кој договарачот е должен да го плаќа на осигурувачот по договорот за осигурување;
Франшиза - сума наведена во полисата , со која осигуреникот учествува во секој штетен настан;
Медицински трошоци - вообичаени трошоци за медицински материјал, трошоци за лекување и други медицински сервиси, кои од медицинска гледна точка се неопходни за лекување на осигуреникот;
Осигуреници - ученици, студенти и постдипломци - се лица на возраст од 14 до 26 години и кои статусот го докажуваат со ученичка книшка или индекс;
Осигуреници - група кои се осигуруваат по повластена стапка - се повеќе од 10 лица кои патуваат заедно, организирано преку овластена туристичка агенција;
Осигуреници - семејство кои се осигуруваат по повластена стапка - се сметаат родители и деца до дваесет и една годишна возраст кои патуваат заедно;
Зона А: цел свет
Зона Б: сите Европски земји
Зона Ц: соседни земји Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Грција вклучувајќи ги и Турција, Хрватска и Црна Гора
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
1. Овие услови за патничко осигурување (во натамошниот текст: Услови) се составен дел на договорот - полисата за патничко осигурување што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со УНИКА ▇.▇ Скопје.
2. Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје (во натамошниот текст: Осигурувач), врз основа на договорот за осигурување, потпишана полиса и платена премија обезбедува осигурителни услуги наведени во договорот - полисата, кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство и се поврзани со патувањето во странство во согласност со овие услови.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
1. Осигурувањето може да се склучи само за лицето, кое во моментот на потпишувањето на договорот престојува на територијата на Р. Македонија и кое поседува ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇ кој е должен да го презентира на осигурувачот при склучување на договор.
2. Осигурувачот или неговиот претставник пополнува полиса за осигурување за секој осигуреник, во која договарачот со својот потпис го потврдува приемот на овие Услови и информација за основните податоци и карактеристики на договорот за осигурување.
ПОЧЕТОК И ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 3
1. Осигурувањето може да се склучи за период од најмногу 365 дена. Осигурувањето започнува - исклучиво надвор од територијата на Р. Македонија - најрано во 00,00 часот на денот и часот кој во полисата е наведен како почеток на осигурувањето, и трае до 24,00 часот на денот наведен како истек на осигурувањето, односно до 24,00 часот на последниот ден, за кој е наплатена премијата за осигурување.
2. По исклучок на став 1 од овој член, периодот на покритие (ефективно осигурување) може да биде пократко од времето на почеток и истек означени во полисата за осигурување.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
1. Осигуреник може да биде секое лице кое патува во странство, но не за вршење на физичка работа.
2. Осигуреник, може да биде и лице кое се наоѓа на постојана работа во странство и кое не патува во земјата во која работи или живее.
3. Осигуреник, може да биде и лице кое не е жител на Р.Македонија И кое не патува во земјата на неговото постојано живеење.
ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 5
1.Осигурувањето важи за сите земји во светот со исклучок на Р. Македонија.
2.За лицата кои не живеат во Р. Македонија осигурувањето не важи за земјата на нивното постојано живеење.
3.За лицата кои постојано работат во странство осигурувањето не важи во земјата каде што работат.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Член 6
1. Доколку осигурувањето е склучено со франшиза, осигуреникот учествува во секој штетен настан во висина од договорената франшиза.
2. Доколку осигуреникот има повеќе полиси за патничко осигурување кај осигурувачот, осигурувачот дава надомест само по основ на една полиса и истовремено ја враќа премијата од другите полиси на осигуреникот.
НЕВАЛИДНОСТ НА ПОЛИСАТА
Член 7
(1) Полисата за осигурување нема правно дејство, ако осигуреникот: 1.Навршува 70 години за времетраење на осигурувањето
2.Не престојувал на територијата на Р. Македонија кога договорот бил склучен; 3.Постојано работи во странство и патува во земјата каде што работи;
4.Не живее во Р.Македонија и патува во земјата чиј што жител е;
5.Не го пријавува осигурениот случај, согласно Условите за осигурување и заради овој пропуст важни околности останале непознати;
6.Во моментот на склучување на договорот е на возраст над 65 години, а не е платена дополнителна премија.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
(1) Следните ризици се исклучени од осигурување:
1.Настанати нематеријални штети;
2.Штети предизвикани од осигуреникот на трети лица;
3.Штети настанати поради прекршување на прописите и условите за патување на транспортната компанија од страна на осигуреникот;
4.Изложување на екстремни спортови (особено авто трки, качување по карпи и планини, одење во пештери, алпинизам, авијација и параглајдерство, падобрански скокови, банџи скокови, веслање на брзи води, ски алпинизам, ски борд, боречки
вештини, нуркање и др.)
5.Настани кои настанале во текот на учество на подготовки, учество на званични и незванични тренинзи, учество на спортски натпревари; (освен за осигурување на спортисти кои имаат доплатено премија за доплонително осигурување на спортисти).
6.Настани кои директно или индиректно се поврзани со радијација окфалификувана како јонизирачка согласно законските прописи, или со нуклеарна енергија.
7.Настани кои директно или индиректно се поврзани со војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали е објавена војна или не), граѓанска војна, бунт, револуција, востание, граѓански немири, имајќи го во предвид нивниот обем или нивното прераснување во востание, воена или узурпаторска сила и било кое дејство на тероризам. Во смисла на горенаведеното, дејство на тероризам значи дејство, кое вклучува, но не е ограничено на употреба сила или насилство и / или закана со нив од страна на било кое лице или група на лица, без оглед дали дејствувааат самостојно или во име на или во врска со било која организација (и) или влада (и) обврзани за политички, религиозни, идеолошки или етички цели или причини, вклучувајќи и намера да се влијае на било која влада или да се исплаши јавноста или дел од неа без оглед дали несреќниот случај бил:
Директно или индиректно предизвикан од било кое од погоре наведените дејства; Резултат на било кое од погоре наведените дејства; Во врска со било кое од погоре наведените дејства; и без разлика на редоследот на настаните или на евентуална истовременост.
Ако осигурувачот смета дека поради исклучоците во точка 6 оштетното побарување не е покриено со ова осигурување, товарот на докажување на спротивно го сноси осигуреникот.
8.Осигурувачот не е одговорен за штети од одговорност кои произлегуваат од погрешно лекување предизвикано од давателот на услугата, кој е ангажиран од осигурувачот или од неговиот Партнер.
9.Природни катастрофи, земјотрес, поплави, бури, како и проблеми и доцнења што се резулатат на престанок, прекин или сопирање на комукационните услуги, штрајк.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 9
Осигуреникот е должен:
1. Во хитни случаеви кога настапува болест или незгода во странство, кога е потребна медицинска помош
- Вендаш или во рок од 24 часа да се јави во CORIS или УНИКА А.Д Скопје
-Да приложи полиса во медицинската институција
-Да ги даде своите ли;ни податоци
-Да ги зачува сите оригинални лекарски прегледи
-Да ги сочува оригиналните сметки за платените медицински услуги
-Да постапи според дадените инструкции
2. Да ја намали или ублажи штетата колку што е можно, притоа следејќи ги инструкциите на осигурувачот или Партнерот;
3. Да ја пријави штетата во рок од 8 дена по враќање од патувањето и да ја запази обврската за јавување во роковите и на начин утврден во договорот;
-Да достави патна исправа
-Да ја комплетира доказната документација која треба да се приложи со барањето за надомест на штета
4. Да дозволи осигурувачот да ги изврши сите испитувања кои се однесуваат на причините за штетата, за проценување на штетата и за обемот на надомест;
ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТ
Член 10
1.Осигурувачот плаќа надомест на лицето кое има право на тоа, согласно износот на осигурителното покритие утврден во договорот за осигурување во рок од 14 дена по прием на сите документи, односно по приемот на последниот документ кој е потребен за ликвидирање на штетата.
2.По исплатата на надоместот од осигурувањето, преминуваат врз осигурувачот, до висина на исплатениот надомест, сите права на осигуреникот спрема лицето што по кој и да е основ е одговорно за штетата, со исклучок, кога тоа лице е роднина кое живее заедно со осигуреникот.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА ЗА ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТ
Член 11
1. Правото да се бара исплата на надомест која потекнува од полисата истекува во рок од 3 години од настанување на осигурениот случј.
ДЕЛ II
РИЗИЦИ ОПФАТЕНИ СО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊЕ
Член12
Секција 1
а) Медицински трошоци;
Осигурувачот ги покрива подолу спомнатите трошоци до максимална граница за лица назначени во Полисата, за периодот на покритие на осигурените лица во текот на нивниот престој надвор од Македонија:
1. Итен лекарски преглед;
2. Итен лекарски третман;
3. Итен болнички третман;
4. Итна операција, интензивен третман;
5. ▇▇▇▇ родилна нега пред навршување на дваесет и осмата недела од бременоста;
6. Последователен надомест на трошоци за лекови купени со лекарски рецепт, потврден со оригинална фактура;
7. Најмување вештачки делови, штаки, инвалидска количка и други медицински инструменти, опрема и алати врз основа на рецепт;
8. Врз основа на рецепт, замена на очила како последица од незгода што предизвикала телесна повреда и потреба од медицинска нега, до износ од 150 ЕУР;
9. Исклучиво итно дентално лекување заради директно прекинување на болка, најмногу за два заба до вкупен износ до 100 ЕУР.
б) ▇▇▇▇▇▇ на покритие
Максималното покритие на трошоците за лекување кој осигурувачот ги обезбедува исклучиво во итни случаи настанати надвор од Р.Македонија како последица на болест или незгода е до износ од 30.000 ЕУР за сите зони и тоа:
в) Дефиниција за итен случај
Под итен случај се подразбираат случаите кога непреземањето на лекарски третман би предизвикало загрозување на животот или безбедноста на осигуреникот, или наизлечиви оштетувања на здравјето на осигуреникот, како и случаи кога врз основа на симптомите на заболување или болест на осигуреникот (губење свест, крварење, инфективно акутно заболување и друго) или заради ненадејна повреда на осигуреникот, итно е потребен лекарски третман на осигуреникот.
Итноста осигурувачот ја утврдува врз основа на мислење на лекар - цензор.
Итни оправдани и потребни трошоци за Лекарски преглед, Лекарски третман и Болнички третман, и оправдани и потребни трошоци за Репатриација како резултат на болест или физичка повреда на осигуреното лице во текот на периодот на осигурителното покритие.
Секција 2
а) Трошоци за репатриација:
а1.Трошоците за припрема за транспорт и транспорт на телото или пепелта на осигуреното лице до местото на живеење според адресата назначена во Полисата ако го изгубил животот во текот на периодот на осигурителното покритие
а2.Осигуривачот ќе ги плати трошоците за изнајмување на транспортно возило или воздушна амбуланта или употреба на воздушните линии влучувајки и квалификуван придружник, со лекарско уверение и овластен од Осигурувачот или неговите Агенти, како потребни за репатриација или третирање на болното и тешко повреденото лице.
б) ▇▇▇▇▇▇ на покритие
Максималното покритие по оваа секција изнесува до 5000 €. За сите зони.
Секција 3
а) ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ за лични несреќни случаи:
Во случај на физичка повреда настаната директно и само од насилни несреќни средства, надворешни и видливи повреди (вклучувајќи несреќи што се случуват во воздушни и пловни транспортни средства со кои патува осигуреното лице) претрпени од осигуреното лице во текот на периодот на осигуровање при престој или патување во странство, ќе се надомести според следното:
а1) Смрт од несреќен случај 4 000€;
а2) Губење на еден или повеќе екстремитети или губење на вид на едното или двете очи 3 000 €
а3) Трајна целосна неспособност 5 000 €
б) Посебни ограничувања
б1) За осигурените Лица под 16 години возраст во моментот на повредата. надоместокот според оваа секција ќе се ограничи на 1 000 Еуро.
б2) Нема да се врши плаќање според точка (а1) освен кога смртта или загубата настанува пред истекот на 2 месеци од денот на повредата;
б3). Нема да се врши плаќање според точка (а3) освен кога на Осигурувачот ќе му се докажи дека неспособноста продолжила за 12 месеци од денот на повредата и според сите можности ќе продолжи во текот на целиот живот на Осигуреното Лице (утврдено од легална лекарска комисија).
в) Висина на покритие
Максималниот износ на сите исплатливи надоместоци според оваа Секција за една или повеќе повреди од едно Осигурено Лице во текот на Периодот на Осигурување нема да го надмине осигурениот износ.
г) дефиниции
Губење на екстремитет се смета физочко губење на раката над лакот или на ногата над колено. Загуба на око се смета целосна загуба на видот, и немање можност за враќање на истиот.
Целосна трајна неспособност се смета целосна неспособност за работа или профитно вработување во текот на 12 календарски месеци и на крајот на овој период нема надеж за подобрување.
Применливи исклучоци за сите секции / Ова осигурување не покрива: 1.Трошоците направени во Македонија;
2.Трошоците направени по истекот на Периодот на Осигурувањето;
3.Трошоците направени по истекот на 1 месец од денот на дијагноцтицирањето или почетокот на медицинскиот третман;
4.Трошоците до износот за сопствено учество во штета, кој е назначен во полисата;
5.Трошоците исплатени од друго медицинско осигурување, државно или приватно, или полиса за осигурување, (планирани пред датумот на почетокот на осигурителното покритие);
6.Трошоците што произлегуват од дејство на лекови или токсични средства од секој вид, самоубиството или криминални акти или намерно само изложување кон тешки ризици (освен во обид за спасување на човечки живот) на осигуреното лице;
7.Трошоците за репатриација што се вршат без одобрение на CORIS / УНИKА; 8.Оштетувања предизвикани директоно или индиректно од војна, окупација, воени дејства или слични со тие, независно дали е објавена војна или не, цивилна војна, бунт (востание), неред, цивилно безредие што зема размер на едно народно востание, воен бунт, револуција, воена власт или узурпирана, или секое дејство на секое лице што дејствува на име или во обврски со била која организација која има како цел рушење на владата со сила де јуро или де факто или влијае на неа со употреба на тероризам или насилство;
9.Трошоците направени за лечење на депресија, кошмар(трепет), ментални состојби, психички или нервозни;
10.Трошоци за нормална контрола на очите и лечење на видот, нормална контрола на ушите и лечење на слухот, обични лекарски прегледи и контроли;
11.Трошоци за козметичка хирургија и придружно лекување;
12. Трошоци за нормална бременост и породување;
13. Трошоците за нормално лекување на забите и поставување на вештачки заби или протези; 14.Трошоци за физички повреди што се случуват при учество на планински качувања(алпинизам) кај што нормално се користи јаже или показател, воздушни летања(освен кога патува како патник) вклучувајќи висење и падобранство, зимски спортови, трки со коњи, автомобили, мотоцикли, нуркање под вода, водно скиење, или повреди при употреба на машини за преработка на дрво;
15.Трошоци за повреди намерно само предизвикани или венерични болести, АИДС, и сите болести предизвикани од / или во врска со вирусот ХИВ;
16.Трошоците за секои физички дефекти, неотпорност, хронични болести што постојат пред датумот на почеток на осигурителното покритие;
17.Трошоци за исплата што ја надминуваат прифатливата и вообичаена цена за услугите и извршените набавки;
18.Трошоците за барања на надомест од било кое лице што патува спротивно на советите на лекарот;
19.Трошоците за барања за надомест од било кое лице што патува намерно за придобивање на лекарски третман;
20.Трошоците за барање на надомест од лица на кој им е одредена тешка и неизлечива дијагноза;
21.Трошоци за барање на надомест за лица постари од 70 години;
Услови применливи за сите секции /1. Осигурувачот не е одговорен за исплата на барања за надомест според ова осигурување , освен кога осигуреното(ните) лице(а) и било кој друг што има право на покритие има исполнето се што се бара во полисата за осигурување и документите; 2. Осигуреното лице треба да превземе превентивни мерки за спречување на незгодата, повредата и болеста; 3.Сите побарани сертификати, информации и докази од CORIS и/или УНИКА АД ќе се достават со трошоците на Осигуреното лице или на неговите законски застапници; 4. Ниедно лице нема право да прифаќа одговорност на име на Осигурувачот или да го преставува или да презема слични дејства кои го товаруват со обврски, освен со писмено одобрување од Осигурувачот. Осигурувачот ќе има право за иследување, проверување(контрола) и завршување на сите постапки што произлегуват од или се поврзуват(имат врска) со барањата за надомест на име на Осигуреното Лице. 5. Во случај на барање за надомест, ќе се дозволи да го преглада Осигуреното Лице, лекар именуван од осигурувачот, толку пати колку што Осигурувачот смета дека е потребно. Во
случај на смрт на Осигуреното Лице, Осигурувачот има право на аутопсиа на свој трошок.
6. Осигурувачот на свој трошок за секој исплатен надомест по ово осигурување, во име на Осигуреното Лице, може да преземе законска постапка за добивање компензација од Трети Лица, при тоа сите исплатени суми по овој основ му припаѓат на Осигурувачат. Осигуреното Лице ќе му обезбеди на Осигурувачот целаосна потребна помош во постапката. 7. Сите недоразбирања меѓу осигурениот и УНИKА АД ќе се решават по судски пат. 8. Не се дозволува враќање на премиа, делумна или целосна, ако периодот на
покритие е започнат. Ако се бара , ова полиса може да се поништи пред датумот назначен за почеток на осигурителното покритије, од причини кои не зависат од осигуреното лице, при што се врши повраток на премијата намален за административните трошоци на Осигурувачот. 9. Во случај на барање за надомест направено според ово осигурување доколку Осигурувачот или CORIS писмено известиле дека ваквото барање нема да се надомести, Осигурувачот нема да биде одговорен за плаќање на надомест после периодот од 3 месеци од денот на писменото одбивање, освен во случај кога барањето за надомест е поднесено во предвидениот рок за започнување на законска постапка. 10. Одговрноста на Осигурувачот за секоја секција не ги надминува одредените износи за секција пооделно.
ДЕЛ III
ДРУГА ПОМОШ ПРИ ПАТУВАЊЕ И ОСИГУРУВАЊЕ
Член13
а)Надомест на телефонските трошоци Осигурувачот ги покрива сите телефонски трошоци преземени од осигуреникот во врска со осигурениот случај потврдени со фактури до износ од 25 € за Европа и во износ од 50 € вон Европа
б)Оправдани трошоци за патување и хотел (ограничени во цената на авио биллет И 50 Евра на ден трошоци за сместување максимум до 7 дена) на еден роднина или пријател (кој може да не е покриен со осигурување) за кој се бара со писмен лекарски преглед да патува, престојува или придружува осигуреното лице ако лицето прејде од тешка здравствена состојба во текот на периодот на осигурување.
ц)Во случј осигуреникот да мора да го продолжи неговиот престој, по отпуштањето од болница (во случај одобрен од докторот или во случај патувањето во Р. Македонија да може да се направи само подоцна), осигурувачот го обезбедува престојот во хотел и ги покрива трошоците до максимален износ од 200 ЕУР без оглед на времетраење на продолжување на престојот.
д)Без претходно одобрение од осигурувачот трошоците за престојот во странство нема да бидат покриени.
ВРАЌАЊЕ НА ДЕЦА
Член14
(1) Во случај дете под 14 години кое патува заедно со осигуреникот да остане без грижа поради незгода, болест или смрт на осигуреникот, осигурувачот го организира патот до таму и назад за еден од неговите роднини кои се жители на Р.Македонија, ги покрива трошоците за враќање на детето/децата дома.
(2) Во случај осигуреникот или негов директен роднина достапен во Р.Македонија да не именува лице за придружба осигурувачот ќе го обезбеди враќањето и сместувањето на
детето.
(3) Без претходно одобрение од осигурувачот трошоците за враќање нема да бидат надоместени.
ПОРАНО ВРАЌАЊЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ БОЛЕСТ ИЛИ СМРТ
Член15
(1) Во случај близок роднина на осигуреникот кој живее во Р. Македонија да почине или животот да му е во опасност, а осигурувачот навремено е известен-за ова медицинската потврда од болницата е испратена по факс - осигурувачот ќе го организира предвременото враќање на осигуреникот во Р.Македонија и ќе ги покрие трошоците.
Услов е преземањето на ризик од осигурувачот да биде во период од најмалку 3 дена од известувањето на осигурувачот.
(2) Без претходно одобрение од осигурувачот трошоците за враќање во Р. Македонија нема да бидат покриени.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член16
(1) Доколку осигуреникот доживее несреќа или се разболи и осигурувачот е информиран за тоа, осигурувачот ќе го извести лицето посочено од страна на осигуреникот за случајот без одлагање.
ОСИГУРУВАЊЕ НА БАГАЖ И ЗАМЕНА НА ПАТНИТЕ ДОКУМЕНТИ РИЗИЦИ ОПФАТЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕТО НА БАГАЖ
Член 17
(1)Осигурувањето ги вклучува следните случаи настанати во странство:
-Кражба, провална кражба,
-Оштетување или уништување на багажот настанато од природна катастрофа, до износ од 500 € -вредноста се цени во времето на настанувањето на штетата.
(2) Во сите случаи на кражба или провална кражба , штетата на багажот мора да биде веднаш пријавена до надлежните полициски или други органи, или до транспортната компанија, или до хотелот, во зависност од околностите на штетниот настан.
Осигуреникот е должен да побара официјален извештај за околностите на настанот, како и да достави список на украдениот багаж, со опис на содржината на багажот (облека и др.), со наведување на износот на штетата.
(3) Во случај на кражба од багажникот на возилото, правилно затворен и заштитен од видливост, износот на надомест е најмногу до 250 € .
(4) Багаж во смисла на овие услови не се смета за рачна чанта (дамска и актен), торбица за појас, ранчиња, торбица за компјутер и др. кои осигуреникот ги носи со себе и кои
преставуваат рачен багаж.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ СО ОСИГУРУВАЊЕТО НА БАГАЖ
Член 18
(1) Осигурувањето не се однесува на следниве предмети:
- накит, благородни метали, часовници, уметнички предмети, готовина или странски готовински платен инструмент (банковна или кредитна картичка, гаранција за користење одредена услуга, сезонски билет за скијање итн.) штедни книшки, различни видови билети, документи (со исклучок на пасош, возачка дозвола, сообраќајна дозвола ), скапоцено крзно,
- велосипед, спортска опрема, фотоапарати, камери, мобилни телефони и нивни додатоци, компјутери, видео игри, вокмени, дискмени, итн.
- технички предмети и нивни делови регистрирани пред тргнување, како и алат за изведување работа, инструменти и опрема и нејзини делови што надминуваат единечна вредност од 200 € -во времето кога се купени.
НАСТАНИ НА КОИ НЕ СЕ ОДНЕСУВА ОСИГУРУВАЊЕТО НА БАГАЖ
Член 19
(1) Осигурувањето не се однесува на:
1. Губење, напуштање, оставање покрај, испуштање на багаж и крадење на предмети кои се оставени без надзор;
2. Во случај кога багажот е украден од просторот за патници или од приколка покриена со церада не со метална покривка
3. Во случај кога багажот е сместен во возилото и украден меѓу 22 и 6 часот;
4. Во случај кога осигуреникот не го става багажот за време на патувањето со возилото на местото определено за багаж;
5. На оставање багаж во отворени простории или кои не се под надзор;
6. На кражба која се случила за време на поставување шатори или кампирање надвор од просторот определен за кампирање.
7. За штети кои не се надоместени преку осигурувањето од одговорност на транспортната компанија или друго осигурување.
8. Во случај кога осигуреникот во времето на настанувањето на осигурениот случај не се однесувал со вообичаено внимание.
9. Во случај кога осигуреникот дава лажни податоци во врска со штетата.
10. Одземање, конфискација или импортација на багаж од страна на царина или други државни органи;
11. Необјасниво исчезнување или загуба и кражба од џепарошење;
12. Оштетување, уништување или загуба на багаж во врска со штрајк, карантин;
13. Кражба од сандачиња предвидени за чување на багаж;
14. Настани на кои не се однесува осигурувањето на багаж.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ ОД ИСПЛАТА НА ШТЕТИТЕ ЗА БАГАЖ
Член 20
(1) Осигурувачот нема обврска за исплата на штетите за багаж кога штетата е предизвикана од страна на осигуреникот, спротивно од законот, намерно или со крајно невнимание и доцнење на багаж
ПРИСТИГНУВАЊЕ НА БАГАЖОТ
Член 21
(1) Во случај во текот на патувањето на осигуреникот од Р. Македонија во странство преку авио или бродска компанија, или преку нивен претставник багажот на осигуреникот да не пристигне на местото наведено во регистрацијата и поради овој факт неговото подигање доцнии најмалку 12 часа, Осигурувачот врши компензација на осигуреникот согласно следните износи:
1.во случај на доцнење меѓу 12 - 24 часа 3.500 денари 2.во случај на доцнење од повеќе од 24 часа 6.000 денари
(2) Неопходно е да се добие оригинален извештај за актуелното време на доцнењето, пополнет на име на осигуреникот од авионската или бродската компанија или од нивните претставници, и потврда за преземање на багажот со прецизно посочување на времето на преземање поплнето на име на осигуреникот (ПИР извештај).
(3) Исто така потребно е да се приложи потврда за регистрација на багажот (идентификационен број - таг број) со поднесување на оштетено барање. Периодот за доцнење треба да биде пресметан во согласност со времето на пристигнување на авионот или морската линија. надоместот од Осигурувачот не зависи од бројот на багажот и бројот на задоцнувањата.
(4) Надоместот може да биде исплатен на осигуреникот само ако тој ги има горе наведените потврди пополнети на негово име, кои јасно го потврдуваат задоцнетото преземање на барем еден багаж од негова страна.
(5) Секое доцнење на багаж при крајна дестинација во Р. Македониоја не се смета за доцнење на багаж во смисла на став 1 од овој член.
НАДОМЕСТ ВО СЛУЧАЈ НА ЗАГУБА НА ПАТНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Член 22
(1) Осигурувачот ќе ги надомести трошоците за повторна набавка на пасош, возачка дозвола
како и сообраќајна дозвола украдени или оставени за време на патувањето на осигуреникот, потврдено со извештај (записник) и фактура, до износ од 3.000 денари.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТИ ЗА БАГАЖ
Член 23
(1) Штетите за багаж се пријавуваат и решаваат од надлежниот орган на осугурувачот, врз основа на следните докумкенти:
1.Една копија од полисата за осигурување,
2.Официјален извештај пополнет на името наведено во полисата, 3.Приајва за штета, правилно поплнета ( образец од осигурувачот),
4.Фактура, во случај да нема фактура осигурувачот ќе ги смета просечните пазарни цени во Р. Македонија како основа,
5.Други документи потребни за процена на штетата,
6.Во случај на техничка опрема, потврда за изнесување надвор од Р.Македонија од царинските власти.
(2) Кога е потребно за утврдување на штетата, осигурувачот ги надоместува трошоците за превод на извештаите издадени во странство на македонски јазик до износ од 1.500 денари - врз основа на оригинална фактура.
(3) Исплатата на штетите од незгода се врши во денари.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 23
(1) Ако осигуреникот е физичко лице има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган на супервизија на друштвото да поднесе жалба во однос на Друштвото за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурувањето.
(2) Во случај на спор надлежен е месно истварно надлежниот суд.
(3) Овие услови се предлог услови донесени на 023/11та редовна Седница на Управен Одбор одржана на ден 06.06.2011 година и ке бидат во важност со добивање на дозвола од Агенцијата за упервизија на осигурување.
ДЕЛ IV
За третирање на барањата за надомест се овластени Друштвата CORIS INTERNATIONAL 8, ▇▇▇ ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇, ▇▇▇▇▇▇ ▇hone: ▇▇ ▇▇ ▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇ 50 Fax: ▇▇ ▇▇ ▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇ 90
Групација CORIS INTERNATIONAL ви нуди 24 часовна помош во државата каде се наоѓате(према подолу наведеното)
ALBANIA ANDORRA
Local contact Local contact
▇▇▇. ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇
Blv Zog I C/Prat de la Creu 59-65
Pall Diplomatëve nr 57 AD 500 ANDORRE LA VIEILLE TIRANA
Tel : + ▇▇▇ (▇) ▇▇▇▇ ▇▇▇ Tel : + ▇▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Fax : + ▇▇▇ (▇) ▇▇▇▇ ▇▇▇ Fax : + ▇▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Email : ▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇ Email : ▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇.▇▇
BELARUS BELGIUM
Local contact Local contact
Mr. ▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ Mr. ▇▇▇▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇
7a, ▇▇▇▇▇▇▇ pereulok Ou▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇, ▇-▇▇
220037 MINSK Boîte 17
Tel : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ / ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇▇ GENT
Fax : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ Tel : ▇▇ (▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Fax : ▇▇ (▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
BULGARIA – SOFIA CROATIA - ZAGREB
Local contact CORIS
Mrs. Antoanetta IVTORIEVA Local contact
CORIS ▇▇ ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
1a, ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ str. Cebini, 43
1606 SOFIA 10010 ZAGREB
Tel : ▇▇▇ (▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ / ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ Tel : ▇▇▇ (▇) ▇▇▇▇ ▇▇▇ / ▇▇▇ (▇) ▇▇▇▇ ▇▇▇
Fax : ▇▇▇ (▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ Fax : ▇▇▇ (▇) ▇▇▇▇ ▇▇▇
Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇
Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
CYPRUS – LIMASSOL CZECH REPUBLIC - PRAGUE
Local contact Local contact
▇▇. ▇▇▇▇ MELA ▇▇. ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇
PO BOX 53528 Sdruzeni, 2
Navarinou, 32 140 00 PRAGUE 4
3303 LIMASSOL Tel. : ▇▇▇ (▇) ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Tel. : 357 (25) 74 81 81 Fax : ▇▇▇ (▇) ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Fax : 357 (25) 74 79 89 Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇.▇▇▇
FRANCE - ▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇ INTERNATIONAL (Head-Office)
8, ▇▇▇ ▇▇▇▇▇
75009 PARIS
Tel. : ▇▇ (▇) ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇ (▇) ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇
CORIS ASSISTANCE
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇
19 - ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇
75002 PARIS
Tel. : ▇▇ (▇) ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇ (▇) ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
Territoriality : Other countries not mentioned on the list
GERMANY - MUNICH
Local contact
▇▇▇. ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ CORIS - Legal Office Oh▇▇▇▇▇▇▇▇, ▇
80802 MUNICH
Tel. : 49 (89) 39 56 17
Fax : 49 (89) 39 09 39
Legal Claims Assistance
GERMANY- VOERDE
Local contact
▇▇▇. ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ CORIS ASSISTANCE CORRRESPONDANT
Alte Hünxer street, 176 46562 VOERDE
Tel. : ▇▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
GREECE - ATHENS
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇
CORIS
25▇, ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇
171 22 ATHENS
Tel. : ▇▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Territoriality : Lebanon, Syria
HUNGARY - BUDAPEST
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇▇ u. 2.
H-1096 Budapest
Tel. : ▇▇ (▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇ (▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
ITALY - MILAN LATVIA - RIGA
Local contact Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇. ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇ 24ORE CORIS
Via ▇.▇▇▇▇▇▇▇▇, 72 Lacplesa, 14
20154 MILAN 1010 RIGA
Assistance Department Tel. : 371 (7) 334 065
Tel : ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇ Mob : 371 (9) 462 198
Fax: ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇ Fax : 371 (7) 334 066
Legal Departement Email : ▇▇▇▇▇▇-▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇ Tel : ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Fax: ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
CORIS Broker Insurance Department Tel : ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Fax: ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
LITHUANIA - VILNIUS
Local contact
Mr. ▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇
CORIS
Stirnu 27,A
LT-08101 VILNIUS Tel. : 370 (52) 790 860
Fax. : 370 (52) 790 818
NETHERLANDS - DEVENTER
Local contact
Mr. ▇▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇▇▇
Coris - VHD Assistance Ke▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ - ▇▇
▇.▇.▇▇▇ 2170
7420 AAD DEVENTER
Tel : + ▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : + ▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
POLAND - WARSAW
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇
CORIS
Ul. Piastow Slaskich ▇▇ ▇▇-▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇
Tel : ▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
PORTUGAL - OEIRAS
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇
CARES
Avenida ▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇, nº 13 - 7º 10▇▇-▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇
Tel. : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
Territoriality: Angola, Cabo Verde, Mozambique
ROMANIA - BUCHAREST
Local contact
▇▇▇. ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
CORIS
Calea Vacaresti, 252-254 - 3rd floor 4 th district, 040062 Bucharest
Tel. : ▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax. : ▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇
RUSSIA - MOSCOW
Local contact
▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
CORIS RUS
58, ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇
115477 MOSCOW
Tel/Fax : ▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
SERBIA
Local contact
▇▇ ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
CORIS BEOGRAD d.o.o
Sarayeyska 42.63
SRBIJA - 110000 Beograd Tel : ▇▇▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇
Fax : ▇▇▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇
Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Site :▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
SLOVAKIA - BRATISLAVA
Local contact
Mr. ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
CORIS
Kovorobotnícka ul. ▇7
821 04 Bratislava
Tel. : ▇▇▇▇ (▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇ +421(2) 436 41
037
Fax : ▇▇▇▇ (▇) ▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇
SLOVENIA - LJUBLJANA
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇
CORIS
Ul Bratov ▇▇▇▇▇▇, 10 1000 LJUBLJANA
Tel. : ▇▇▇ ▇ ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇▇ ▇ ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
Territoriality : : , Herzegovina, Montenegro, Serbia, Kosovo, Fyrom
SPAIN - MADRID
Local contact
Mr. German OCEJA
CORIS
Santa ▇▇▇▇▇▇▇▇, 179
28003 MADRID
Tel : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Legal Department
Tel : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Assistance department Tel : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
SWITZERLAND
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇
CORIS (Management-Administration-Accounts and Legal departments)
Route de la Fonderie, 2 - BOX 45 1705 FRIBOURG
Tel.:▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇▇▇
Tel.:▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇▇▇ (Assistance 24/24)
Fax : ▇▇ (▇▇) ▇▇▇ ▇▇▇▇
Email : ▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇
TURKEY - ISTANBUL
Local contact
▇▇▇ ▇▇▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇▇
CORIS YARDIM SERVIS HIZ. LTD. STI.
Ertugrul Mah. Yildiz Posta Cad.,
Akin Sitesi, No:12/75 Gayrettepe, Be▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇ - ▇▇▇▇▇▇
Tel : ▇▇▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇▇ (▇▇▇) ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇
UKRAINE - KIEV
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇
▇▇▇▇▇▇▇▇▇, 5
03150 KIEV
Tel : ▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Fax : ▇▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇ ▇▇
Email : ▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇.▇▇ Site : ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇ UNITED-KINGDOM
Local contact
▇▇. ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇ CORIS Legal Department 40 ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇
Tel : ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Fax : ▇▇▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇
Site : www.coris-uk