за деловнo техничка соработка бр. 02-7229 од 21.12.2017 година Склучен на ден меѓу:
ПРЕДЛОГ
АНЕКС БР.1 НА ДОГОВОР
за деловнo техничка соработка бр. 02-7229 од 21.12.2017 година Склучен на ден меѓу:
1. Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово, со седиште во Куманово на улица „11 Ноември“ број 87 А, Куманово, Република Македонија, со ЕМБС:4028201, претставувано од Извршен директор ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇, во понатамошниот текст Прва договорна страна, од една страна
и
2. Друштво за градежништво и услуги РАПИД БИЛД ДОО Куманово претставувано од управителот ▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ од Куманово, во понатамошниот текст Втора договорна страна, од друга страна
Член 1
Со овој ▇▇▇▇▇ се продолжува важноста на Основниот Договор за деловна соработка за купопродажба на репроматеријали бр.02-7229 од 21.12.2017 година за период од три години.
Се менува член 6.1. и член 6 гласи:
„6.1. Овој договор се склучува во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување сметано од ден 21.12.2020 година.
6.2. Доколку една од страните изрази желба да го продолжи овој договор после истекувањето на неговото време за важење, таа ќе ја запознае другата страна за својата намера во рок не помал од 30 дена пред денот на завршувањето на важењето на овој договор.„
Член 2
Овој ▇▇▇▇▇ влегува во сила на денот на неговото склучување по што важноста на основниот договор се продолжува за 3 години.
Член 3
Анекс на договорот е склучен во 4 (четири) примерока, од кои по 2 (два) за секоја договорна страна.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
Прва договорна страна :
За Фабрика за заварени цевки и профили
11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово извршен директор Војчо Нацевски
Втора договорна страна :
За Друштво за градежништво и услуги РАПИД БИЛД ДОО Куманово управител ▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇