Contract
За потребите на проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ (финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014), а врз основа на Договорот за грант меѓу Делегација на ЕУ и Центарот за управување со промени, а ко-финансиран од Британската Амбасада во Скопје (во понатамошниот текст: Договорот за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права (ИЧП) и Центарот за управување со промени (ЦУП) испраќаат:
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ НА ПОВИК 1/2017
за набавка на услуги – ангажирање на
ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ АНАЛИЗА ЗА ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
1. Институтот за човекови права (ИЧП) во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП), во рамките на проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ (финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014 и ко-финансиран од Британската Амбасада во Скопје) има потреба од ангажирање на тројца правни експерти кои ќе ја изготвуваат финалната анализата за правото на слобода на изразување во Република Македонија.
2. Опис на услугата:
• Експертите треба да изготват длабинска анализа на правните аспекти на остварувањето на правото на слобода на изразување, слободата на медиумите и интегритетот на медиумите во Република Македонија како и вредностите промовирани од Совет на Европа во однос на заштита на слободата на изразување и слободниот пристап до информации.
• Правните експерти во рамки на анализата од вкупно 60 страници ќе треба да направат сеопфатно стручно елаборирање на правото на слобода на изразување и тоа со особен осврт на праксата на ЕСЧП, судската и уставно судската пракса во РМ, со опфат на радиодифузната регулатива во РМ (постапката за добивање лиценци, медиумското саморегулирање, сопствеништво на медиуми, заштита на лични податоци во медиумите и сл.), како и да се прикаже поставеноста на слободата на изразување во правото на ЕУ, во документите на Советот на Европа и во другите релевантни меѓународни договори.
• Експертите треба да креираат и да предложат методологија за изготвување на ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ и заеднички да усвојат политика за унапредување на правната рамка со заклучоци и препораки.
Подетален опис на услугите во проектната задача ТоР 14/2017 која е дел од овој повик:
3. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Услугата треба да се испорача во период од 15 февруари до 31 март 2017 година. Институтот за човекови права и Центарот за управување со промени во согласност со предвидената временска рамка ќе го известат добавувачот на услугата за точниот датум во
зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проекти во
зависност од обезбедувањето на сите потребни услови.
3. Институтот за човекови права ќе склучи договор со избраните понудувачи за реализација на
активностите и резултатите наведени во проектната задача.
4. За таа цел, Ве молиме да ни доставите ▇▇▇▇ понуда за горе наведениот повик во рок од 15 дена од денот на нејзиното добивање. Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда.
Квалитативната понуда треба да се состои од:
Кратка биографија (CV) ▇▇▇▇▇ на референци
Предлог методологија за работа со временска рамка на целосната услуга (начинот на подготвување на методологијата и што таа треба да опфати е во рамките на проектната задача – ТоР)
Финансиска понуда
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Ставка | Опис на производ/услуга | Количина (број на денови) | Единечна цена во нето износ | Вкупна цена во нето износ |
1. | Методологија за пишување на Анализата | 5 | ||
2. | Длабинско истражување | 10 | ||
3. | Сумирање на резултатите од поединечните истражувања и усвојување на заедничка политика за правна рамка | 5 | ||
4. | Подготовка на заклучоци и препораки | 2 | ||
ВКУПНО | 22 |
6. Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понуда е следната:
Квалитативна евалуација | Максимум можни бодови | |
1. Листа на референци | 10 | |
1 референца | 3 | |
2 референци | 5 | |
3 и над 3 референци | 10 | |
2. Кратка биографија | 40 | |
Образование | 10 | |
Искуство во областа на човековите права и правосудство | 10 | |
Искуство на слични задачи (пишување аналзи) | 20 | |
3. Предлог методологија за работа | 30 | |
Општа методологија за пишување на анализата | 10 |
Концепт на анализата | 20 |
Вкупно бодови | 80 |
Финансиска евалуација | Максимум можно бодови |
Вкупно бодови | 20 |
Финална евалуација | Максимум можни бодови |
Вкупно бодови за квалитативна евалиација | 80 |
Вкупно бодови за финансиска евалуација | 20 |
Вкупно бодови | 100 |
7. Услови и начин на плаќање
Плаќањето ќе биде извршено на принципот – 100 % по целосно извршување на услугите предвидени во овој повик.
8. Набавката е деллива.
9. Начин на доставување на понудите.
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: ▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇▇▇▇▇▇@▇▇▇.▇▇▇.▇▇
Краен рок на доставување на понудите е до 10.02.2017 година (петок) до 16.00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса ▇▇▇▇.▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇@▇▇▇.▇▇▇.▇▇ или ▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇▇▇▇▇▇@▇▇▇.▇▇▇.▇▇, најдоцна до 06.02.2016 година (понеделник) до 16:00 часот,
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена.
Понудите ќе бидат разгледувани на 13.02.2017 година (понеделник) во канцелариите на ИЧП.