Билатерален договор (БД) Договор склучен помеѓу Квалификуваниот понудувач и УС. (овој документ). Понудувач Производители, снабдувачи и/или трговци со електрична енергија од Република Северна Македонија кои се регистрирани во согласност со законските...
Билатерален договор
за набавка на електрична енергија
за потребите на Универзалниот снабдувач
Помеѓу:
, со седиште на , со ЕДБ , ЕМБС , депонент банка , жиро сметка: , претставуван од , Управител (Во понатамошниот текст: „Квалификуван понудувач")
и
ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, со седиште на ул. ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇.▇▇, ▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇, ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇, ▇▇ ЕМБС 7345216, ЕДБ 4080019580790, претставуван од дипл. инж (МБА) ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇ , Управител и М-р ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇, Управител(Во понатамошниот текст: „Универзален снабдувач“ или
„УС").
Во понатамошниот текст заеднички како „Договорни страни" или "Страни".
Дефиниции
(1) Термините користени во овој договор го имаат следното значење.
Билатерален договор (БД) | Договор склучен помеѓу Квалификуваниот понудувач и УС. (овој документ). |
Понудувач | Производители, снабдувачи и/или трговци со електрична енергија од Република Северна Македонија кои се регистрирани во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија и/или странство, и кои поседуваат соодветна лиценца издадена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија како и EIC код издаден од страна на АД МЕПСО како и од странство |
Квалификуван понудувач | Понудувач кој има склучено Билатерален Договор со УС |
Избран понудувач | ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ понудувач кој ќе биде избран за најповолен во постапката за набавка на електрична енергија и ќе биде поканет да склучи Индивидуален Договор со УС |
Оглас за прием на понудувачи во квалификациски систем | |
Набавка на електрична енергија | Постапка која ја спроведува УС во согласност со Правилата за Набавка на електрична енергија за универзалениот снабдувач |
Индивидуален договор | Купопродажен договор помеѓу квалификуван понудувач и УС со кој се утврдуваат комерцијалните услови за соодветна купопродажба на |
електрична енергија. | |
Понуда | Понуда за продажба на електрична енергија (MWh) по одредена цена (ЕUR/MWh) заокружена на две децимали, доставена од страна на квалификуван понудувач. |
Покана за Поднесување на Понуди (ППП) | Документ во електронска форма кој е испратен од страна на УС до сите квалификувани понудувачи преку електронска пошта и/или веб базирана платформа во кој прецизно се утврдуваат условите според кои ќе биде спроведенa постапка за набавка на електрична енергија |
Постапка на набавка на електрична енергија | Редослед на настани поврзани со набавка на електрична енергија кои почнуваат со ППП од страна на УС, доставени понуди од страна на квалификуваните понудувачи, евалуација, избор на најповолен квалификуван понудувач и склучување на Индивидуален Договор со избраните понудувачи или доставување на известување дека никој од понудувачите не е избран да склучи ИД. |
Дијаграм за испорака на електрична енергија и моќност | Барање на УС во кој е содржана распределбата на електрична енергија и моќност, на часовно ниво, за одреден временски период. |
(2) Кратенките користени во овoj Билатерален договор ќе го имаат следното значење:
УС | Универзален снабдувач со електрична енергија кој има обврска за снабдување со електрична енергија како универзална услуга и снабдување со електрична енергија во краен случај (назив на правното лице) |
РКЕ | Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија |
БД | Билатерален договор |
ИД | Индивидуален договор |
ППП | Покана до квалификуваните понудувачи за поднесување на понуда за набавка на електрична енергија |
КС | Квалификациски систем |
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
(1) Предмет на овој Договор е набавка и испорака на електрична енергија за потребите на Универзалниот снабдувач во согласност со член 101 од Законот за енергетика.
(2) Овој БД ги уредува сите трансакции во кои ќе влезат Страните заради купување, продажба, испорака и превземање на електрична енергија. Деталите за секоја поединечна трансакција ќе бидат специфицирани во посебен ИД.
(3) Сите ИД и овој БД ќе формираат единствен Договор помеѓу Страните (заеднички нарекуван како Договорот). Одредбите од овој БД се интегрален дел од секој ИД.
Член 2
(1) Во рамки на условите од БД, Квалификуваниот понудувач е квалификуван да учествува во секој поединечна постапка за набавка на електрична енергија на пазарот на билатерални договори организиран од УС.
(2) Квалификуваниот понудувач ќе биде поканет од страна на УС да учествува во постапката за набавка на електрична енергија на пазарот на билатерални договори и доставување на понуди преку испраќање на ППП. Понудите доставени од страна на квалификуваните понудувачи ќе бидат евалуирани и ќе бидат утврдени најповолните понуди во согласност со критериумите за избор дефинирани во секоја ППП.
(3) УС има право да ги прифати најповолните понуди, целосно или делумно или да не ги прифати воопшто најповолните понуди, во зависност од одлуката на законските застапници на УС. Понудувачот односно Квалификуваниот понудувач нема право да бара било каков надомест од УС доколку неговата понуда не е избрана за најповолна.
Член 3
(1) Квалификуваниот понудувач согласно барањата на УС доставува понуда за потребите на набавка на електрична енергија само за потребите на Универзалниот снабдувач, како што е дефинирано во Член 1 од овој Договор.
(2) УС нема обврска да му гарантира на Квалификуваниот понудувач дека ќе набави од него определени количини на електрична енергија, ниту пак да му гарантира определен број на склучени ИД.
(3) УС го задржува правото да ги утврдува периодите и количините за набавка и испорака во согласност со своите потреби.
II. ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ (ППП)
Член 4
(1) УС, во согласност со своите планови и потреби, вклучително временски периоди одбрaни согласно сопствените потреби, ќе издаде ППП и ќе го достави до Квалификуваниот понудувач, преку електронска пошта или веб базирана платформа.
(2) Секоја ППП ќе содржи најмалку:
- датум, време и начин на доставување на понуди,
- документи што се доставуваат кон понудата,
- рок на важење на понудата,
- јазик што се користи во понудата и постапката,
- период за испорака на електрична енергија и моќност,
- место на испорака,
- барана моќност изразена во MW и електрична енергија изразена во MWh, за целиот период на испорака,
- минимална количина на понудата,
- максимален број на понуди по понудувач,
- дозволени отстапувања од договорената моќност и договорените количини,
- фактурирање и услови за плаќање,
- валута што се користи во понудата,
- начин на евалуација на понудите,
- почетокот и времетраењето на електронската аукција,
- известување за донесена одлука за избор на најдобра понуда,
- посебни услови,
- гаранција за понудата во вид на банкарската гаранција или депозит кои не смеат да бидат повисоки од 3% од вредноста на понудената електрична енергија,
- износ на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот која не смее да биде повисока од 10% од вкупната договорена вредност на набавката. на електрична енергија ,
(3) УС може да го продолжи временскиот рок за доставување на понуди, евалуација на понудите, одлука за избор на најдобра понуда, доколку истото е соодветно на потребите и условите за конкурентност и сопствените потреби и притоа не е одговорен за било каква загуба, трошоци и штети предизвикани за другата страна.
(4) УС има право да ја откаже ППП согласно сопствените потреби во било кое време и притоа не е должен да ги објави причините за прекинување на постапката и не е одговорен за било каква загуба, трошоци и штети предизвикани за другата страна. УС ќе го извести Квалификуваниот понудувач за прекинувањето на ППП.
(5) Квалификуваниот понудувач е должен да ги следи и се обврзува да ги почитува сите упатства издадени од страна на УС наведени во ППП.
III. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИ
Член 5
(1) Само понудите добиени во предвидениот рок согласно ППП ќе бидат земени во предвид за евалуација согласно критериумот „најниска цена“. Во случај на добивање на повеќе од една понуда со идентична најниска цена, приоритет при изборот ќе биде даден на прводоставената понуда.
(2) Евалуацијата ќе се спроведе на следниот начин:
- понудите ќе бидат подредени во Листа на приоритетно подредување, почнувајќи со најниската цена и завршувајќи со највисоката понудена цена, независно од понудената количина (МWh),
- понудите кои не ги содржат сите потребни елементи (документи) наведени во ППП ќе бидат оценети како некомплетни и неприфатливи и нема да се евалуираат,
- понудите кои не содржат валидни и целосни банкарски гаранции или вредности на депозити ќе бидат оценети како некомплетни и неприфатливи и нема да се евалуираат.
(3) УС има право да изврши набавка на електрична енергија преку користење на соодветна електронска (софтверска) апликација / веб платформа, согласно насоките дефинирани во ППП и Прилог Упатство за користење на апликацијата / веб платформата.
(4) При постапката за набавка на електрична енергија преку користење на електронска (софтверска) апликација / web платформа, УС претходно ќе го запознае Квалификуваниот понудувач со начинот на користење на апликацијата / web платформа во постапката за набавка на електрична енергија и ќе ги покани квалификуваните понудувачи да доставуваат понуди преку истата.
(5) УС го задржува правото да избере повеќе од еден квалификуван понудувач, да прифати делумно понуда од било кој квалификуван Понудувач или да отфрли понуда во согласност со насоките и критериумите претходно дадени во ППП.
(6) Постапката за набавка на електрична енергија за потребите на Универзалниот снабдувач завршува со потпишување на ИД со еден или повеќе понудувачи или со доставување на известување дека никој од понудувачите не е избран да склучи ИД.
IV. ИНДИВИДУАЛЕН ДОГОВОР
Член 6
(1) Пред истекот на важноста на понудата, УС ќе го извести во пишана форма по електронска пошта квалификуваниот понудувач дека неговата понуда е целосно,делумно или не е прифатена..
(2) УС ќе му достави ИД на квалификуваниот понудувач само ако неговата понуда биде прифатена во рамки на постапката за набавка на електрична енергија.
(3) ИД за купопродажба на електрична енергија ќе го содржи следното:
- информации во врска со избраниот понудувач и одговорните лица за контакт,
- период на испорака,
- договорена моќност изразена во MW,
- договорена количина на електрична енергија во MWh,
- договорена цена за електрична енергија, по продукт, изразена во EUR/MWh, без вклучен ДДВ,
- точка на испорака,
- договорена флексибилност при испорака на договорената моќност и количина согласно ППП,
- услови на плаќање,
- износ на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување;
- останати услови.
(4) ИД ќе биде прифатен и потпишан од страна на избраниот понудувач без понатамошни преговори.
(5) ИД влегува во сила со денот на потпишувањето на двете страни и ќе важи заклучно со исполнување на сите обврски наведени во истиот.
(6) Доколку Избраниот понудувач не потпише ИД, или не достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување за ИД или ја повлече понудата пред истекувањето на нејзината важност, тогаш УС ќе ја активира обезбедената гаранција за понудата или ќе го задржи доставениот депозит за понудата
(7) ИД ќе бидат склучени само помеѓу овластените лица на двете страни.
(8) По склучувањето на секој ИД, избраниот понудувач се согласува да му продаде електрична енергија на УС и УС се согласува да ја превземе и да ја плати електричната енергија доставена во количина и на начин предвиден во овој БД и предметниот ИД.
(9) Во случај на разлики помеѓу текстот на БД и ИД, текстот во ИД ќе преовладува над БД.
(10) ИД може да биде раскинат и пред завршување на периодот дефиниран во истиот, во случај на неисполнување на обврските од истиот или согласно член 9 став 8 од овој БД.
Член 7
(1) Оригиналните документи ќе бидат разменети по пошта само со избраните понудувачи.
V. ПРАВА И ОБВРСКИ
Член 8
Права и обврски на Квалификуваниот понудувач
(1) Со цел да учествува во постапката за набавка на електрична енергија, организиран од страна на УС, Квалификуваниот понудувач се согласува да достави понуди за продажба на електрична енергија согласно условите дефинирани во определена ППП. Сите трошоци/ провизии за достава на Гаранцијата / уплата на Депозитот ќе бидат на товар на квалификуваниот понудувач
(2) Доставувањето на понуда од страна на Квалификуваниот понудувач подразбира прифаќање на сите услови наведени во ППП. Условите ќе бидат обврзувачки за Квалификуваниот понудувач во случај неговата понуда да биде прифатена.
(3) Квалификуваниот понудувач е согласен да достави гаранција на понудата или да уплати депозит за да го обезбеди своето учество во постапката на набавка на електрична енергија кој го организира УС доколку тоа е побарано во ППП.
(4) Квалификуваниот понудувач е согласен дека гаранцијата на понудата или уплатениот депозит можат да бидат активирани од страна на УС доколку Квалификуваниот понудувач постапи на начин опишан во член 6, став 6 од овој БД.
(5) Во согласност со секој ИД, избраниот понудувач ќе ги испорача договорените количини на електрична енергија и моќност во точката на испорака, согласно бараниот Дијаграм за испорака на електрична енергија за потребите на УС за одреден период, во кој УС може да го користи правото за користење на договорената флексибилност за испорака на електрична енергија и моќност, специфицирана во секоја ППП и ИД.
(6) Избраниот понудувач ќе ги поднесе сите ризици и ќе биде одговорен за сите трошоци и надоместоци поврзани со испораката на договорените количини на електрична енергија до точката на испорака согласно ППП.
(7) ▇▇▇▇▇▇▇ избраниот понудувач не испорача електрична енергија и моќност согласно ИД или Дијаграмот за испорака на електрична енергија и моќност за потребите на УС за одреден период, избраниот понудувач е согласен УС да ја активира Банкарската гаранција за навремено и квалитено извршување за ИД и да постапи согласно член 16.
Член 9
Права и обврски на УС
(1) УС ги дефинира условите и насоките во секоја поединечна ППП која ќе биде иницирана од негова страна.
(2) УС испраќа ППП до Квалификуваниот понудувач преку електронска пошта или веб базирана платформа, секој пат кога ќе иницира постапка за набавка на електрична енергија до сите квалификувани понудувачи.
(3) УС ќе бара од Квалификуваниот понудувач да достави гаранција на понудата или да уплати депозит за понудата за да учествува во постапката за набавка на електрична енергија.
(4) УС може да го исклучи Квалификуваниот понудувач од постапката за набавка на електрична енергија и да ја активира гаранцијата на понудата односно да го задржи уплатениот депозит, доколку Квалификуваниот понудувач не постапи согласно упатствата дефинирани и дадени од УС во ППП.
(5) УС може да ја активира гаранцијата на понудата односно да го задржи уплатениот депозит на понудата доколку избраниот понудувач не склучи ИД во предвидениот рок, согласно член 6 од овој БД, и доколку прекрши некоја од одредбите во БД и ИД
(6) Се’ до склучување на ИД, УС може да одлучи да ја откаже постапката за набавка на електрична енергија, без притоа квалификуваниот понудувач да има право да бара било каков надоместок.
(7) УС ќе бара од избраниот понудувач електричната енергија и моќност да биде доставена согласно ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ за испорака на електрична енергија и моќност, а во кој УС може да го употреби правото
за користење на договорената флексибилност за испорака на електрична енергија и моќност, специфицирана во секоја ППП и ИД.
(8) Во случај избраниот понудувач да не доставува целосно или делумно количини на електричната енергија и моќност во даден период на дневно ниво, и доколку истото трае 2 (два) дена, УС има право еднострано да го раскине ИД пред завршување на периодот на испорака дефиниран во ИД и притоа избраниот понудувач нема да има право да бара било каков надоместок, кој произлегува од раскинувањето на ИД.
(9) УС ќе ја превземе и плати на избраниот понудувач испорачаната електрична енергија и моќност согласно ИД.
(10) По исклучок од став (9) на овој член, вкупно превземената количина на електрична енергија од страна на УС договорена во ИД може да отстапува во зависност од користење на договорена флексибилност при испорака на договорената моќност и количина од страна на УС, согласно дефинираното во ППП и ИД.
VI. УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ И НАЧИН НА ФАКТУРИРАЊЕ
Член 10
(1) Избраниот понудувач е должен во првите три работни дена по завршениот период на испорака да му достави на УС преку електронска пошта податоци за количината на електрична енергија која е реализирана во период за испорака дефиниран во ИД (документ за хармонизација).
(2) Во рок од два работни дена откако ќе го добие документот од став 1 од овој член УС е должен истиот да го потврди и врати на Избраниот понудувач преку електронска пошта доколку нема недостатоци и забелешки по истиот.
(3) Доколку помеѓу договорните страни постои неусогласување за испорачаната количина на електрична енергија, како важечки ќе се сметаат податоците земени во предвид од страна на Операторот на електропреносниот систем во Република Северна Македонија.
Член 11
(1) Избраниот понудувач врз основ на усогласениот документ за хармонизација согласно Член 10 од овој БД ќе издаде фактура во рок од 5 (пет) дена по завршување на периодот на испорака или последниот ден од месецот на испорака на електрична енергија. Фактурата ќе биде со датум на последниот ден од договорениот период на испорака или последниот ден од месецот. Во случај Избраниот понудувач да не е правно лице регистирирано во Република Северна Македонија, фактурата треба да биде издадена во валута евро (ЕУР).
(2) УС ќе го изврши плаќањето на фактурата од став (1) на овој член на жиро сметка на Избраниот понудувач во согласност со упатството дадено во фактурата, преку повикување на бројот на фактура.
Член 12
(1) УС е должен да го плати износот од фактурата од Член 11 од овој БД во рок од 20 дена од приемот на оригиналната фактура во архивата во седиштето на УС, за испорачаната електрична енергија во претходниот месец или во временски период договорен во ИД, доколку истиот се разликува од рокот наведен во овој став.
(2) УС ќе плати за превземената електрична енергија во денари (МКД) според официјалниот среден девизен курс на Народна банка на Република Северна Македонија, за валута евро (ЕУР), на денот на фактурирањето Во случај Избраниот понудувач да не е правно лице регистирирано во Република Северна Македонија, плаќањето ќе се изврши во валута евро (ЕУР), согласно добиената фактура, со поделени трошоци за плаќањето.
(3) За задоцнето плаќање на фактурата од Член 11 од овој БД, УС е должен да му плати на Избраниот понудувач законска казнена камата валидна во земјата на УС.
VII. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА НАВРЕМЕНО И КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 13
(1) Услов за потпишување на ИД е избраниот понудувач да обезбеди и достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување, на македонски јазик или деловен англиски јазик, издадена од реномирана банка, на начин и со времетрање дефинирани во ППП и согласно Член 11 од Правилата за набавка на електрична енергија за универзалниот снабдувач донесени од РКЕ. Сите трошоци и провизии за достава на Гаранцијата ќе бидат на товар на избраниот Понудувач.
(2) Доколку избраниот понудувач не склучи ИД или не достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување, во рамки на дефинираниот временски рок во ППП, УС ќе ја активира обезбедената гаранција за понудата или ќе го задржи доставениот депозит за понудата.
(3) Избраниот понудувач е согласен дека УС може да ја активира банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување во случај кога Избраниот понудувач не ги исполнува своите обврски според БД и/или предметниот ИД, во износ пресметан согласно член 16 став 2 од овој БД .
(4) Доколку банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување биде активирана и наплатена од страна на УС во целост или делумно согласно став 3 од овој член, Избраниот понудувач се обврзува во рок од 5 (пет) дена, да достави нова банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на ИД .
Член 14
(1) По завршувањето на определена постапка на набавка на електрична енергија, гаранцијата на понудата или уплатениот депозит за понудата ќе им биде вратена од страна на УС, во случаите доколку:
а) Избраниот понудувач не е избран како најдобар понудувач, или
б) Избраниот понудувач е избран како најдобар понудувач и навремено доставил банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на ИД.
VIII. ДОВЕРЛИВОСТ
Член 15
(2) Условите наведени во ИД ќе се сметаат за доверлива информација и ниту една од договорните страни нема да ги открие овие информации на трета страна.
(3) Како доверлива нема да се смета информацијата која:
а) е објавена со претходна писмена согласност на другата страна,
б) е откриена по барање на законски и подзаконски акти, Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, или во врска со судска или регулаторна постапка, при што секоја од договорните страни ќе се погрижи, колку што е тоа практично дозволено со односниот закон или регулатива, да го спречи или ограничи откривањето на информацијата и веднаш за тоа да ја извести другата Договорна страна,
в) претставува информација од јавен карактер, или
г) е откриена од статистички причини, при што ќе се води сметка таквото откривање да не го вклучи идентитетот на другата Договорна страна.
Договорите страни се должни да ги почитуваат обврските за доверливост во времетраење од две (2) години по истекувањето на односниот ИД.
IX. ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРНИТЕ ОБВРСКИ, НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ
Член 16
(1) Доколку Квалификуваниот или избраниот понудувач не постапува согласно одредбите од овој договор, ИД или ППП, УС има право да го раскине договорот и да ја активира банкарската гаранција.
(2) Доколку избраниот понудувач не ја испорача договорената количина или моќност целосно или делумно во согласност со условите од ИД и/или согласно Дијаграмот за испорака на електрична енергија и моќност за потребите на УС и доколку тоа неиспорачување не е предизвикано од Виша сила дефинирана согласно член 19 и член 20 од овој Договор, или од непревземање од страна на УС, избраниот понудувач ќе му плати на УС износ од приложената банкарска гаранција “S" (EUR) дефиниран како вредност според формулата:
S = Σ(Qi*Pi), која се пресметува како:
a) сума “Σ” од производот помеѓу
i) количината Qi (MWh) на неиспорачаната електрична енергија од страна на избраниот понудувач во соодветниот час “i” согласно дијаграмот доставен од УС, и
ii) цената за неиспорачана електрична енергија “Pi” (EUR/MWh) која се пресметува со примена берзанска референтна цена со на следнава формула:
Pi=1,5*HUPXi
каде што:
“i”(h) е часот на неиспорачана електрична енергија од страна на избраниот понудувач;
“HUPXi” (EUR/MWh) e цена за електрична енергија на пазарот „ден однапред“ на унгарската берза HUPX во соодветниот час i
За часот во кој цената на берзата HUPXi е со негативна вредност, при пресметката ќе се користи вредност на HUPXi која е еднаква на нула.
Овој износ ќе биде зголемен за сите останати и потврдени трошоци настанати за УС како резултат на неиспораката на електричната енергија и моќност од страна на избраниот понудувач.
(3) Избраниот понудувач е должен на дневна основа по писмен пат (електронска пошта) да го информира УС за периодот на времетраењето на неиспораката на договорената моќност и количина на електрична енергија.
Член 17
(1) Избраниот понудувач не смее да понуди, достави и номинира поинаков Дијаграм за испорака на електрична енергија и моќност од доставениот Дијаграм од страна на УС согласно член 9 став (7) од овој Договор.
(2) Доколку избраниот понудувач достави и номинира до ОЕПС (Операторот на електропреносен систем
– МЕПСО) поинаков Дијаграм за испорака на електрична енергија и моќност од бараниот Дијаграм од страна на УС, ќе се смета дека истиот е основ за активирање на банкарската гаранција во износ согласно Член 16 став 2 од овој договор
Член 18
(1) Договорните страни се согласни дека во случај на штети настанати со прекршување на одредбите од овој БД и/или секој поединечен ИД, страната која што ја предизвикала штетата ќе и ја надомести на другата страна настанатата штета, во согласност со одредбите од законските и подзаконските прописи во Република Северна Македонија.
X. ВИША СИЛА
Член 19
(1) Случај на Виша сила го ослободува избраниот понудувач од обврската да испорача и УС да превземе енергија во согласност со овој БД.
(2) Под услови на Виша сила, УС и избраниот понудувач ќе подразберат непредвидливи природни појави кои се поврзани со природни катастрофи (поплави, земјотреси, пожари, итн.), како и настани и околности настанати по склучувањето на овој БД, кои го спречиле исполнувањето на договорните обврски и кои што ниту една од страните не е во можност да ги спречи, елиминира или избегне. Како вакви настани се сметаат акти на државните институции и операторот на електропреносниот систем во Република Северна Македонија донесени во согласност со оперативните правила на операторот на електропреносниот систем со цел да се обезбеди стабилност на енергетскиот систем во Република Северна Македонија . Страната која е засегната со виша сила ќе ја информира другата страна за почетокот и крајот на состојбата на виша сила и ќе ги превземе сите разумни мерки кои се потребни за ублажување на последиците од виша сила.
(3) “Виша сила“ во смисла на овој Договор подразбира вклучително, без ограничувања, една или повеќе од следниве околности:
− непредвидливи природни појави поврзани со природни катастрофи (поплави, земјотреси, пожари и слично) кои се официјално објавени од надлежни институции во Р.Северна Македонија, или
− дејствија на државните институции во Р.Северна Македонија и/или на операторот на преносниот систем и/или операторот на дистрибутивниот систем коишто се извршени во согласност со правилата за работење на соодветните оператори во Р.Северна Македонија заради осигурување на стабилноста на енергетскиот систем во Република Северна Македонија и кои се официјално објавени од страна на истите, или
− дефекти на комуникациските или компјутерските системи на релевантниот телекомуникациски оператор(и) во Р.Северна Македонија што ја спречуваат страната барател да ги изврши своите обврски за испорака или прием, официјално објавени од истите или
− воведување или почитување на какви било закони, согласности, прописи, уредби, пресуди, налози, резолуции во сила, или барање од било кои државни органи во Р.Северна Македонија освен барање што се однесува на парична исплата,
− војна, непосредна воена закана, експлозија, официјално објавени од надлежни институции во Р. Северна Македонија.
(4) Неспособноста за плаќање не е предвидена како настан на виша сила.
Член 20
(1) Ако, поради Виша сила, едната страна не може, целосно или делумно, да извршува кои било од своите обврски за испорака или прием од еден или повеќе ИД-и и ако таквата страна ги исполнува барањата од член 19 и член 20, се смета дека не се случило прекршување или неисполнување на договорните обврски од страната барател и таа се ослободува (наместо само времено да и се суспендираат) од оние обврски што се погодени од настанот на виша сила во временски рок и во онаа мера во која таквата виша сила ја спречува страната и ја оневозможува да ги извршува договорните обврски. Страната барател не е предмет на какви било обврски за исплата на обештетување во однос на количествата што не биле испорачани или примени.
(2) Страната барател во најкраток можен рок откако ќе стане свесна за настанот на виша сила ја известува другата страна во писмена форма за започнувањето на настанот на виша сила, неговата природа и доколку е тоа можно, и дава необврзувачка процена за обемот и очекуваното времетраење на својата неспособност да ги извршува договорните обврски. Страната барател ги вложува сите комерцијално разумни напори да ја поправи состојбата и да ја отстрани, колку што е
тоа можно, причината за својата неспособност за извршување на договорните обврски, на тој начин ублажувајќи ги последиците на вишата сила и, во текот на продолженото траење на настанот на виша сила, и обезбедува на другата страна разумни ажурирани информации, кога и ако е можно, за обемот и очекуваното времетраење на својата неспособност за извршување на договорните обврски; под услов, дополнително, ако решавањето на штрајковите, прекините на работењето и другите трудови конфликти е целосно во надлежноста на засегнатата страна што се повикува на постоење на настан на виша сила.
(3) Страната барател веднаш ја известува другата страна за преземените мерки за заштита од и елиминирање на настанот на виша сила, вклучувајќи итно известување за завршувањето на настанот на виша сила.
(4) Во случај, и под услов, ако избраниот понудувач е ослободен од обврските за испорака поради настан на виша сила, УС, исто така, се ослободува од соодветните обврски за прием и плаќање. Во случај, и под услов, ако УС е ослободен од обврските за прием поради настан на виша сила, избраниот понудувач, исто така, се ослободува од соодветните обврски за испорака.
(5) Ако некоја страна е ослободена од своите договорни обврски поради настан на виша сила во период подолг од триесет (30) последователни дена или подолго од шеесет (60) дена вкупно во текот на една календарска година, договорната страна што не е страната барател има право да го раскине секој ИД што е погоден од настанот на виша сила веднаш со писмено известување до страната барател. Таквото раскинување на договорот не ги доведува во прашање акумулираните права и обврски на страните во согласност со тој ИД до датумот на раскинувањето, но ниедна страна не е одговорна пред другата страна во однос на кој било неистечен дел од вкупниот рок за снабдување од таквиот ИД по датумот на раскинувањето.
XI. РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 21
(1) Страните се согласни дека секој спор кој произлегува во врска со овој БД ќе се обидат да го разрешат на мирен начин со непосредни преговори, во духот на добрата деловна соработка.
(2) Доколку Квалификуваниот понудувач и УС не успеат да го решат спорот со непосредни преговори во рок од 15 (работни) дена, за спорови кои се утврдени во член 37 од Законот за енергетика, Квалификуваниот понудувач и УС се должни да постапат согласно Законот за енергетика и подзаконските акти. За спорови кои не се утврдени во член 37 од Законот за енергетика како спорови за кои одлучува РКЕ, доколку Квалификуваниот понудувач и УС не го решат спорот со непосредни преговори во рок од 15 (работни) дена, секоја страна за спорното прашање може да поведе постапка пред надлежен суд или друг надлежен орган во Република Северна Македонија.
XII. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 22
(1) Овој договор се смета за склучен од моментот на негово потпишување и верифицирање со печат од страна на овластените лица на Страните.
Член 23
(1) Овој договор е применлив од датумот на негово склучување согласно Член 22 од овој договор и истиот ќе продолжи да важи се додека ниту една од договорните страни не побара негово раскинување.
Член 24
(1) Овој договор може еднострано да се раскине со отказен рок од 1 (еден) месец од датумот на прием на поднесено барање од договорната страна.:
- доколку договорот стане неприменлив поради измена на важечките законски и подзаконски акти во Република Северна Македонија,
- доколку некоја од договорните страни не постапува согласно условите дадени во овој БД или ИД и/или не ги исполнува, во целост или делумно, правата и обврските од овој БД или ИД и/или доколку по било кој однос престане важноста на соодветната лиценца на УС или квалификуваниот понудувач издадена од РКЕ и/или не ги исполнува условите да биде понудувач согласно критериумите за избор на понудувач во КС
(2) Овој договор може да се раскине и спогодбено од двете договорни страни.
Член 25
(1) Известувањето за раскинување на овој договор се доставува во писмена форма од едната до другата договорна страна.
XIII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 26
(1) Договорните страни можат да ги пренесуваат, отстапуваат, поништуваат или на друг начин да располагаат со сите или дел од правата и обврските од овој Договор само по неговото стапување во сила, и само со претходна писмена согласност на другата договорна страна која треба да биде дадена во рок од 30 дена по приемот на соодветното барање за тоа, а доколку согласноста не е дадена во тој период ќе се смета дека е одбиена. Овој Договор ќе има дејство и на правните следбеници на договорните страни и на дозволените приматели на страните.
(2) Овој Договор, вклучувајќи ги и неговите прилози претставува целосен договор помеѓу договорните страни за предметот на истиот и ги заменува сите претходни или истовремени вербални или писмени договори, преговори или дискусии поврзани со предметот на договорот.
(3) Доколку било која одредба од овој договор престане да важи поради судска одлука, акти на државни органи, одлука на Владата на Република Северна Македонија или на Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, таа одредба нема повеќе да биде дел од овој договор, а останатите одредби ќе продолжат да важат. Кога и да е возможно секоја одредба, израз или услов од овој Договор ќе биде интерпретиран на начин да биде применлив и валиден според меродавното право, но ако некоја одредба, израз или услов од овој Договор биде неважечки според меродавното право, целосно или делумно, таа одредба, израз или услов или дел од нив нема да претставува дел од овој Договор, но нема да влијае на законитоста и валидноста на остатокот од овој Договор и нема да предизвика неважност на целиот договор. Наместо одредбата, изразот или условот од овој Договор што станал целосно или делумно неважечки, договорните страни ќе настојуваат веднаш да договорат валидна и практична одредба која ќе биде законски дозволена и која е најблиска до таа која ја заменува, обидувајќи се колку што е можно да ја постигнат вистинската волја на договорните страни и економската цел на одредбата, изразот или условот кои се неважечки. Одредбата од овој член ќе се применува и во случај кога овој Договор содржи празнини.
(4) Измени и дополнувања на овој договор ќе се вршат со анекс на договорот, во писмена форма, потпишан од двете договорни страни.
(5) Овој договор е склучен на македонски јазик.
Член 27
(1) За се’ она што не е регулирано во овој договор ќе се применува законската и подзаконската регулатива во Република Северна Македонија.
Член 28
(1) Лица овластени за размена на информации и превземање на активности засновани на овој БД од страна на УС:
Име и Презиме | Име и Презиме | ||
e-mail: | e-mail: | ||
телефон: | телефон: | ||
факс: | факс: |
(2) Лица овластени за размена на информации и превземање на активности засновани на овој БД од страна на квалификуваниот понудувач:
Име, Презиме и функција: | Име, Презиме и функција: | ||
e-mail: | e-mail: | ||
Телефон/моб: | телефон: | ||
факс: | факс: |
Член 29
(1) Во случај на неконзистентност на условите од ИД и одредбите од овој БД, ќе преовладаат условите од ИД за целите на наведениот ИД. Насловите и поднасловите се само за уредување на текстот и не влијаат на интерпретацијата на БД.
(2) Овој договор е направен во 4 оригинални примероци, по 2 копии за секоја договорна страна.
За Квалификуваниот понудувач
За УС