Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-крг-гп 12-1-мк
Услови за осигурување по генерална полиса
член 1: предмет на осигурување
[1] Со осигурување по генерална полиса може да бидат осигурени:
1) сите набавени предмети;
2) сите продадени предмети
3) сите предмети кои се пренесуваат или превозуваат на ризик на осигуреникот,
4) сите набавени предмети;
5) сите продадени предмети;
6) сите предмети без оглед на чиј ризик се пренесуваат или превозуваат.
[2] Независно од погорната одредба, предмет на осигурување не се:
1) увозни, извозни и реекспортни пратки;
2) основни средства;
3) багаж на трговски патници и разни колекции;
4) ▇▇▇▇▇▇▇ и изложбена стока;
5) предмети во сопственост на трети лица;
6) предмети кои надминуваат одредени габарити во јавен превоз, освен ако преминувањето на тежината и/или обликот и/или димензијата не е во директна врска со настанување на штетниот настан, кои инаку се покриени според условите од полисата;
7) амбалажа која не е фактурирана, цистерни, контејнери, плински боци и сличнo;
8) пари и хартии од вредност;
9) веќе оштетена стока.
[3] За осигурување на предметите наведени од а) до ж) во претходниот став и за осигурување на уметнички и музејски предмети, нумизматички и филателистички збирки и предмети, благородни метали и скапоцени камења и слични предмети, осигурувачот ќе утврди евентуални дополнителни услови и премија за осигурување.
член 2: опсег на покритие
[1] Предметите се осигурени од сите ризици на загуба или оштетување, но во никој случај не е покриена загуба, оштетување или трошоци кои би настанале директно поради природни својства на предметите, доцнење на патувања, скриени грешки или вообичаена загуба на предметите за време на превозот и недостатоци кои не се последица на физичка загуба или кражба на пратката.
[2] Ако не се договори поинаку, штетата се надоместува без одбиток на франшиза.
[3] Освен од ризиците наведени во првиот став од овој член, со посебен договор, предметите во превоз може да се осигураат и од следните посебни транспортни ризици:
1) замрзнување или одмрзнување;
2) загревање и/или потење;
3) расипување;
4) стврднување;
5) самозапалување;
6) експлозија;
7) надувување на конзерви;
8) оштетување на налепници (етикети);
9) смрт, кршење нога и принудно колење на говеда, копитари,
ситна стока, свињи и дивеч;
9) смрт на риби, живина, пердувест дивеч, пилиња со старост од 5 до 20 дена, жаби, полжави, ракови, школки и пчели;
10) ’рѓа, оксидација и корозија;
11) зголемена опасност поради надминување на обликот и димензијата на пратката (вонгабаритна стока);
12) природна ферментација;
13) per axe.
[4] Наведените посебни превозни ризици осигурувачот ги осигурува врз основа на посебни услови и со пресметување на дополнителна премија.
[5] Со осигурување според овие услови осигурувачот ги покрива и трошоците, загубата и останатата шетета предизвикани од разумни обиди за спречување на непосредни опасности за настанување на осигурениот случај и обиди да се ограничат неговите штетни последици (и во случај кога тие обиди се безуспешни), но со услов дека тие трошоци и останата штета се во директна врска со осигурениот случај и дека се покриени со осигурување, според овие услови. Осигурувачот ќе ги надомести овие износи и тогаш кога, заедно со надоместот на штетета, ја преминуваат осигурената сума и/или најголемите обврски на осигурувачот.
[6] Осигурувачот ги покрива и придонесите во случај на општа катастрофа.
член 3: исклучување од осигурување
[1] Осигурувачот не го надоместува оној дел од штетета кој ќе настане независно од превозните опасности (обично кршење, кало, распрскување, истекување и слично), и тоа во опсег (процент) предвиден со прописите или примената. Ако е склучено осигурување со договорена франшиза, осигурувачот ќе ја земе во обѕир само договорената франшиза, а не и одбитокот од овој став.
[2] Осигурувачот не ги покрива штетите настанати како последица на:
1) пренос или превоз кој се извршува исклучиво на подрачјето на еден погон или повеќе погони кои сочинуваат просторна целина;
2) зли намери или груба невнимателност на осигуреникот или корисникот на осигурувањето;
3) скриени грешки и природни својства на предметите;
4) неправилно или недоволно пакување, неправилно редење или недоволна заштита на предметите на превозното средство;
5) неправилни или недоволни ознаки на стоката со оглед на нејзините посебни својства (предупредувачки налепници или ознаки, запишување на предупредувањата во договорот за превоз и слично);
6) избор на такво превозно средство кое по својата конструкција и опременост не е соодветно за превоз на осигурената пратка и избор на такво превозно средство кое, поради своите недостатоци и грешки, не гарантира сигурен превоз на осигурената пратка;
7) пропуст да се дадат јасни и прецизни упатства на превозникот и возачот во врска со брзината на превозот која е потребна за
Услови за осигурување по генерална полиса
посебните својства на стоката;
8) пропуст да се дадат инструкции на превозникот во врска со сигурниот превоз на стоката;
9) пропуст да се дадат посебни мерки во врска со превозот на предмети кои ги надминуваат пропишаните габарити во јавниот превоз, освен ако надминувањето на тежината и/ или обликот и/или димензиите не е непосредно врзано со настанување на штетен настан кој инаку е покриен според условите на полисата за осигурување;
10) неправилна или неточна декларација на стока;
11) одговорност на превозникот, ако осигуреникот или корисникот на осигурувањето или нивен ополномоштеник го ослободил превозникот од неговата одговорост;
12) агресија, војна или други вооружени немири.
[3] Погоре наведените исклучувања не важат кога штетата е предизвикана од активност или пропуст на превозникот, па штетата е последица на неправилно редење или недоволна заштита на пратката на превозното средство, избор на превозно средство кое поради својата конструкција или опременост не овозможува сигурен превоз на пратката, или непреземање на посебни мерки во врска со превоз на пратка која ги преминува пропишаните габарити во јавниот превоз.
член 4: траење на осигурувањето
[1] Осигурувањето започнува со почетокот на товарењето на предметите на превозното средство, а завршува во моментот кога предметите се истоварени од превозното средство на крајната дестинација.
[2] Ако произведувачот или продавачот ја доставува стоката до станот или куќата на корисникот на стоката, со ова осигурување се покриени и настанатите штети за време на доставата, и тоа до местото до кое продавачот презел обврска да ја достави стоката.
[3] Кога осигуреникот сам превозува предмети, истите на превозното средство се осигурени:
1) најмногу 24 часа по завршувањето на утоварот на превозното средство во местото за испорака, ако возилото сè уште не тргнало на пат;
2) најмногу 24 часа по приемот на пратката во одредишното место;
3) за време на евентуални прекини на патувањето и за време на меѓускладирања, под услов превозното средство да е под надзор или да се наоѓа во затворен простор за време на мирувањето, но најдолго три (3) дена.
[4] Во наведениот рок од 24 часа не се сметаат недели и празници.
[5] Горенаведените одредби нема да се земат предвид кога пратката е предадена на јавни превозници со соодветен превозен документ.
член 5: осигурена вредност
[1] Осигурена вредност на предметите кои осигуреникот ги продава или купува, е нивната фактурна вредност зголемена за трошоците за превоз, а за сите останати предмети, осигурена вредност е нивната пазарна вредност.
[2] Осигуреникот може да осигура и пратки кои ја надминуваат најголемата обврска на осигурувачот одредена во полисата, но со услов дека пред испораката таквата пратка посебно ќе ја пријави во осигурување. Притоа, осигурувачот има право да одреди посебни услови и/или премија за осигурување.
член 6: премија и пресметка на премијата за осигурување
[1] Осигуреникот е должен до 15-тиот ден од месецот после периодот наведен во генералната полиса, да му достави на осигурувачот податоци во писмена форма за пресметка на премијата за осигурување.
[2] Во врска со член 1, став (1) од овие услови основа за пресметка на премијата е:
1) збир на вредностите од сите доспеани фактури или
2) збир на вредностите од сите фактури за реализација
3) или
1) збир на вредностите од сите доспеани фактури и сите
фактури за реализација намалени за 50%;
2) збир на вредностите од сите доспеани фактури и сите фактури за реализација без намалување од 50%;
3) збир на вредностите од сите предмети кои се превозуваат на ризик на осигуреникот и за кои осигуреникот води соодветна евиденција.
[3] Кај компании кои имаат повеќе работни единици на различни места, а помеѓу кои се извршува превоз на стока или полупроизводи, во основата за пресметка на премијата се зема и интерната евиденција за стоката, превезена помеѓу таквите работни единици.
[4] По приемот на известувањето од осигуреникот, осигурувачот пресметува премија според договорените премиски стапки и му доставува фактура која мора да биде платена во рокот наведен во фактурата.
[5] Премијата може да се пресмета однапред, ако пријавите се однесуваат на период подолг од три месеци до една година, односно ако по приемот на фактурата, пријавата содржи известување за период до три месеци.
[6] Осигурувачот има право на увид во деловните книги и евиденции на осигуреникот, поради проверка на исправноста на податоците, пријавени за пресметка на премијата.
[7] Осигурувачот е должен да ги чува како деловна тајна, податоците од доставените пријави и податоците кои ги дознал при преглед на деловните книги од осигуреникот.
член 7: обврски на осигуреникот при настанување на штета
[1] При настанување на штета, осигуреникот или негов ополномоштеник мора заедно со превозникот, односно возачот, да ја утврди штетата согласно законските прописи.
[2] Осигуреникот е должен да ги преземе сите мерки за спасување и спречување на понатамошна штета на осигурената пратка.
[3] Со исплата на надомест од осигурување, на осигурувачот преминуваат сите права кон лицето кое по која било основа е одговорно за штетата, до висина на исплатениот надомест.
[4] Ако поради вина на осигуреникот, во целост или делумно е оневозможен овој премин на правата на осигурувачот, осигурувачот во соодветна мера се ослободува од своите обврски кон осигуреникот.
член 8: висина на надомест од осигурување
[1] Во случај на целосна или делумна неиспорака или целосно или делумно оштетување на предметите, осигурувачот е должен да исплати надомест во висина на осигурените вредности или дел од осигурените вредности.
[2] Ако трошоците за поправка би биле еднакви или поголеми од осигурените вредности на стоката, осигурувачот има обврска да исплати надомест кој е еднаков на осигурената вредност или дел од осигурената вредност, намален за вредноста на спасените остатоци.
[3] При делумно уништување на осигурените предмети, осигурувачот има обврска да исплати надомест кој е еднаков на трошоците за поправка, но најмногу до осигурената вредност, со тоа што ќе ги надомести и трошоците за замена на поединечни делови или делови од осигурената стока (превозни трошоци, трошоци за монтажа и слично).
[4] При делумно уништување на осигурената стока, осигурувачот може да ја надомести штетата врз основа на процена на штетата, со тоа што ќе изврши процена на вредноста на осигурените предмети пред и по оштетувањето. Врз основа на разликата помеѓу овие две вредности, осигурувачот го утврдува процентот на штетата и врз основа на тоа ја пресметува висината на надоместот.
[5] Ако осигуреникот, поради делумно или целосно уништување на стоката, бил принуден да ја продаде оштетената стока или нејзини остатоци, или за продажбата се договорил со осигурувачот, осигурувачот има обврска да исплати надомест во висина на разликата помеѓу осигурената вредност и профитот постигнат со продажбата.
2
УС-крг-гп 12-1-мк
[6] Осигурувачот го исплаќа надоместот во денари.
член 9: оштетно побарување и надомест на штета
[1] Осигуреникот или корисникот на осигурувањето е должен да му приложи на осигурувачот докази дека загубата, односно оштетувањето, настанало:
1) на осигурената релација;
2) за времетраење на осигурувањето;
3) како последица на еден од осигурените ризици и
4) во висина, односно опсег, како што е наведено во оштетното побарување.
[2] Осигурувачот е должен да го исплати надоместот во рок од четиринаесет (14) дена од денот кога е утврден износот на обврските.
[3] Осигурувачот во никој случај не е должен да ги преземе оштетените предмети.
член 10: надлежност на суд
[1] Евентуалните спорови од оваа полиса, ќе ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
член 11: траење и откажување на осигурувањето
[1] Ако не е поинаку договорено, осигурувањето според оваа полиса се склучува на неодредено време, со тоа што секоја договорна страна може да го откаже со препорачано писмо во рок од три (3) месеци пред истекувањето на осигурителната година.
3