ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 1/2018
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Државна видеолотарија на Република Македонија
I.1.2) Адреса: ул. 8-ма ударна бригада бр. 14
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇ Адреса на е-пошта: ▇▇▇▇▇▇.▇▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇ Телефон/Факс:
▇▇▇▇ ▇ ▇▇ ▇▇ ▇▇▇/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи - Друго
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
- Набавка на видео лотариски терминали
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 391.000.000,00
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Стоки - Купување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Скопје
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка: Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на најмногу 1.700 ВЛТ видео лотариски терминали за време траење од две години од кои најмногу 1.000 ВЛТ во првата година
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра | Опис |
30198000-3 | Машини за лотарија |
II.8) Дали предметот на набавката е делив: Не
II.9) Рамковна спогодба: Да
Рамковна спогодба помеѓу повеќе договорни органи Не Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор Времетраење на рамковната спогодба
Период во месеци: 24
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди: Не
II.11) Времетраење на договорот:
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција? Да
Дополнителни информации во врска со електронската аукција: -Предмет на електронската аукција е само вкупната цена. -Минимална разлика во процесот на негативно наддавање е 1% од почетната цена (која претставува најниска цена од поднесените прифатливи понуди) предмет на наддавање. -Електронската аукција ќе се одвива во еден круг со времетраење од 1(еден) час со можност ЕСЈН автоматски го продолжува времето за негативно наддавање за дополнителни 3 минути, секогаш кога во последните 3 минути од времето определено за негативно наддавање се поднесе нова цена
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да
IV.1.2) Гаранција на понудата: Да [3.00 %]
IV.1.3) Изјава за сериозност: Не
IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [5.00 %]
IV.1.5) Авансно плаќање: Не
IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: Документ за регистрирана дејност
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
• исполнувањето на економската и финансиската состојба на економскиот оператор се докажува со задолжителна достава на ревизорски извештаи ( за 2014 година, 2015 година и 2016 година) од овластено/лиценцирано ревизорско тело (правно лице) за вршење на ревизија на финансиски извештаи на трговски друштва во земјата каде што економскиот оператор е регистриран. Поднесување на ревизорскиот извештај за 2017 година не е задолжителен. Доколку економскиот оператор не е резидент на Република Македонија, ревизорските извештаи задолжително да се преведени на македонски јазик од овластен преведувачч • исполнувањето на економската и финансиската состојба на економскиот оператор се докажува со достава на финансиски извештаи кои вклучуваат биланс на успех и биланс на состојба (за 2014 година, 2015 година и 2016 година) заверени од надлежен орган во земјата каде што економскиот оператор е регистриран. Доколку економскиот оператор не е резидент на Република Македонија, финансиските извештаи задолжително да се преведени на македонски јазик од овластен преведувач. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
• Во последните три календарски години (2014 година, 2015 година и 2016 година) економскиот оператор да има остварено приходи од работењето (приходи од продажба на видео лотариски терминали) во износ не помал од проценетата вредност на набавката. • Во последните три календарски години (2014 година, 2015 година и 2016 година) економскиот оператор да има остварено позитивен финансиски резултат по оданочување – добивка по оданочување од работењето
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
• Листа на успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години, со вредности на договорите, датуми на склучување, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на најмалку по 3(три) потврди за навремено и квалитетно извршени испораки издадени од примателите или доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки. • Изјава дека целосно ќе соработува со компанијата која во моментов за потребите на Договорниот орган ги обезбедува играчките содржини за постојните ВЛТ апарати, во насока на техничка поддршка при инсталација на софтверот и поврзување со постојната ВЛТ платформа. • Изјава дека целосно ќе соработува со компанијата која за потребите на Договорниот орган ги одржува и сервисира постојните ВЛТ апарати, во насока на обезбедување на резервни делови
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
• Искуство во успешно реализирани најмалку 3(три) договори поврзани со предметот на набавка поодделно во секоја од последните три години. • Да соработува во целост со компанијата која во моментов за потребите на Договорниот орган ги обезбедува играчките содржини за постојните ВЛТ апарати, во насока на техничка поддршка при инсталација на софтверот и поврзување со постојната ВЛТ платформа. • Да соработува во целост со компанијата која за потребите на Договорниот орган ги одржува и сервисира постојните ВЛТ апарати, во насока на обезбедување на резервни делови
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
• ИСО 9001-2008 / 9001-2015
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 27.03.2018 во 11:00 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 21.03.2018 15:30
V.3) Период на важност на понудата: 180 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите
27.03.2018 во 11:00 Место: ул. 8-ма Ударна Бригада бр. 14, Скопје
V.3) Дополнителни информации Гаранција на понудата -Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од најмалку 10.000.000,00 денари или 163.500 евра.
V.4) Датум на објава: 09.02.2018