Contract
ПРИЛОГ МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Врз основа на член 15 став (6) од Правилата за пазар на природен гас Врз основа на член 15 став (6) од Правилата за пазар на природен гас („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.126/19 и 285/22), се склучува следниов:
ДОГОВОР ЗА УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ НА УЧЕСТВО НА ПАЗАРОТ НА ПРИРОДЕН ГАС
Помеѓу,
1. НОМАГАС АД-СКОПЈЕ ул. Булевар Свети ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇ бр.54 Скопје, носител на Лиценца за вршење на енергетска дејност, систем оператор за пренос на природен гас, застапуван од ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје
жиро сметка 300000004930352 ЕМБС: 7649401,
ЕДБ : MK4080022611460
и
2. Друштво за
_,
ЕМБС:
со седиште на _ _, претставувано од
ЕДБ:
Банка / жиро сметка: / _
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со Договорот за условите и начинот на учество на пазарот на природен гас (во понатамошниот текст Договор) се уредуваат, меѓусебните права и обврски помеѓу НОМАГАС АД СКОПЈЕ Скопје како Операторот на Пазар на природен гас, (во понатамошниот текст НОМАГАС АД СКОПЈЕ) и Учесникот на пазарот на природен гас (во понатамошниот текст УП) кој е носител на соодветни лиценци за вршење на енергетски дејности поврзани со природен гас и потрошувачи кои имаат право на самостојно учество на пазарот на природен гас согласно Закон, а се однесуваат на: упис на Учесникот на пазар во Регистарот на учесници на пазарот на природен гас, право на учество на Пазарот со природен гас во Р. Северна
Македонија, прекин на договорот за регистрација, како и други прашања во согласност со Законот за енергетика, Правилата за пазар на природен гас и одредбите на овој Договор.
II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР
Член 2
Предмет на овој Договор е дефинирање на правата и обврските на учесникот на Пазарот на природен гас на големо, во согласност со Законот за енергетика и Правилата за пазар на природен гас.
Постапката за регистрација на учество на пазарот на природен гас е во согласност со правилата за пазар на природен гас.
Овој договор се склучува врз основа на поднесеното писмено барање (БРУП) бр година за
регистрација на учесник на пазар на природен гас кое ги содржи сите релевантни податоци, документи за учесникот на пазарот, кои се составен дел на Заклучок за уредност на документи бр година,
согласно Правилата за пазар на природен гас.
III. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 3
Со стапување на сила на овој договор Учесникот на пазарот на природен гас се обврзува дека во целост го прифаќа Законот за енергетика и сите подзаконски акти кои произлегуваат од истиот.
Член 4
Учесникот на пазар учествува на пазарот на природен гас со обезбедена важечка лиценца за вршење на енергетска дејност издадена од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РКЕ), решение за упис во регистарот на странски трговци и снабдувачи на природен гас или без лиценца доколку е потрошувач кој има право на самостојно учество на пазарот на природен гас, во согласност со Правилата за пазар на природен гас.
Член 5
Учесникот на пазар со потпишување на овој договор, ја презема финансиската одговорност за влијанието на неговите активности на пазарот на природен гас.
Член 6
Со стапување во сила на овој Договор, Учесникот на пазар добива идентификационен број, под кој НОМАГАС АД СКОПЈЕ го впишува во Регистарот на Учесници на пазарот на природен гас и истиот се стекнува со својство на УП.
Член 7
Со стапување во сила на овој Договор, УП се стекнува со право да учествува на Пазарот на природен гас со билатерални договори.
Член 8
Учесникот на пазарот е должен по барање на НОМАГАС АД СКОПЈЕ да достави копии од сите склучени билатерални договори за купопродажба на природен гас.
Член 9
НОМАГАС АД СКОПЈЕ е должен да обезбеди недискриминаторен пристап на УП на пазарот на природен гас.
Член 10
НОМАГАС АД СКОПЈЕ е должен да обезбеди доверливост на комерцијалните и деловните податоци од склучените договори на Учесникот на пазар, освен за податоците кои НОМАГАС АД СКОПЈЕ согласно лиценцата е должен да ги доставува до РКЕ и до други институции.
IV. ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ
Член 11
НОМАГАС АД СКОПЈЕ има право веднаш да го раскине овој Договор, доколку утврди дека има: лажни претставувања, доставување на неточни или погрешни информации, неправилно работење, повторени прекршувања или материјални нарушувања на обврските од страна на учесникот на пазарот на природен гас утврдени со Правилата за пазар на природен гас.
Член 12 Договорот за учество на пазарот престанува да важи:
1) по истекување на лиценцата на учесникот на пазарот,
2) по прифатено барање за повлекување од пазарот,
3) доколку учесникот на пазарот не ја регулира балансната одговорност согласно Правилата за пазар и Правилата за балансирање на системот за пренос на прирден гас,
4) доколку НОМАГАС АД СКОПЈЕ изрекол суспензија два пати во текот на 18 месеци или вкупно три пати во периодот додека е активен договорот за учество на пазарот на природен гас,
5) со бришење на учесникот на пазар од трговскиот регистер или регистарот на други правни лица,
6) доколку потрошувачот престанал да ги исполнува условите за самостојно учество на пазарот,
7) со раскинување од страна на НОМАГАС АД СКОПЈЕ во согласност со член 16 од овој договор.
Учесникот на пазарот без одлагање го известува НОМАГАС АД СКОПЈЕ кога врз него е отворена постапка за стечај или ликвидација.
Член 13
Престанувањето на важење на овој Договор не го ослободува учесникот на пазарот на природен гас од обврските и надоместокот за направените штети согласно законските и подзаконските акти, како и Пазарните правила.
НОМАГАС АД СКОПЈЕ ќе ги извести, Операторот на дистрибутивниот систем (во понатамошниот текст ОДС) и Балансно одговорната страна (во понатамошниот текст БОС) на балансната група каде што припаѓал УП на природен гас за носењето на одлуката за престанување на важење на Договорот.
НОМАГАС АД СКОПЈЕ во рок од еден (1) ден од престанување на важење на овој Договорот, ќе достави известување до учесникот и ќе го објави на својата веб страна името на учесникот.
Член 14
Доколку овој Договор престанал да важи врз основа на одлука на НОМАГАС АД СКОПЈЕ, учесникот на пазарот може да достави приговор до РКЕ, во рок од петнаесет (15) дена од денот на прием на Одлуката.
Приговорот од став 1 од овој член, не ја одлага Одлуката на НОМАГАС АД СКОПЈЕ за раскинување на овој договор.
Одлуката на РКЕ е конечна.
V. ФИНАНСИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Член 15
Учесникот на пазарот на природен гас е согласен НОМАГАС АД СКОПЈЕ да фактурира надоместок за користење на пазарот на природен гас доколку таков надоместок биде одреден како тарифа за пазар на природен гас од страна на РКЕ, за количината на природниот гас наменет за потрошувачите во Република Северна Македонија со кои што имаат склучено договори за снабдување односно продажба на природен гас.
1) Доколку учесникот на пазар на природен гас е потрошувач кој набавува природен гас од, организираниот пазар на природен гас или од снабдувач или трговец со природен гас од друга држава е должен да плати надоместок за користење на пазарот на природен гас за набавената количина на природен гас.
2) Доколку учесникот на пазар на природен гас е оператор на дистрибутивен систем за природен гас, должен е да плати надоместок за користење на пазарот на природен гас за набавената количина на природен гас за покривање на загуби на природен гас.
3) НОМАГАС АД СКОПЈЕ го пресметува надоместокот за користење на пазарот врз основа на номинираните и прифатени трансакции и со примена на објавената тарифа, претходно одобрена од Регулаторната комисија за енергетика.
4) НОМАГАС АД СКОПЈЕ ќе му достави на Учесникот на пазар фактура за користење на пазарот на природен гас, врз основа на номинираните и прифатени трансакции за претходниот месец до 7 (седмиот) работен ден во тековниот месец за претходниот месец.
5) Учесникот на пазар е должен добиената фактура да ја плати најдоцна до 14-ти во месецот за претходниот месец.
6) Доколку датумот на доспевање на фактурата се совпадне со неработен ден, учесникот на пазар е должен добиената фактура да ја плати најдоцна следниот работен ден.
7) За ненавремено подмирување на фактурата НОМАГАС АД СКОПЈЕ ќе пресмета законска казнена камата, согласно со Законот за облигациони односи.
Член 16
(1) Учесникот на пазарот на природен гас се обврзува на НОМАГАС АД СКОПЈЕ да и обезбеди финансиска гаранција во вид на банкарска гаранција и/или депонирани средства и/или Меница со која ќе се гарантира навремено и редовно плаќање на обврските произлезени од овој Договор.
(2) Учесникот на пазарот кој сака финансиското обезбедување да го обезбеди преку Меница должен е предходно да достави барање за одобрување до НОМАГАС АД СКОПЈЕ.
(3) НОМАГАС АД СКОПЈЕ во рок од 3 (три) работни дена ќе даде позитивен или негативен одговор на барањето за финансиско обезбедување со Меница.
(4) Висината на финансиска гаранција треба да покрива најмалку два, а не повеќе од три просечни месечни прогнозирани износи за надоместокот за користење на пазарот на природен гас.
(5) НОМАГАС АД СКОПЈЕ ја пресметува висината и го одредува видот на финансиското обезбедување за надоместокот на користење на пазарот на природен гас врз основа на прогнозирани и номинирани количини на учесникот на пазарот за снабдување, продажба на крајни потрошувачи
и покривање на загубите, како и врз основа на навременото исполнување на паричната обврска по издадените фактури.
(6) Доколку учесникот на пазарот на природен гас планира да ја зголеми испораката на природен гас од најмалку 10 проценти од претходно определената количина која била основица за пресметка на банкарска гаранција, должен е да го извести НОМАГАС АД Скопје, 15 дена претходно, а НОМАГАС АД Скопје ќе пресмета нова банкарска гаранција.
(7) НОМАГАС АД Скопје има право да го зголеми износот на финансиското обезбедување доколку увиди дека учесникот на пазарот го зголемил снабдувањето врз основа на добиените податоци од трговските трансакции.
(8) НОМАГАС АД Скопје може да го намали износот на финансиското обезбедување, на барање на учесникот на пазарот, доколку процени дека за тоа има оправдани причини во однос на количината на природен гас релевантна за пресметка на гаранцијата.
(9) НОМАГАС АД Скопје има право да го активира Финансиското обезбедување доколку учесникот на пазарот не се придржува до обврските и роковите за плаќање кои се дефинирани во овој Договор. (10)НОМАГАС АД Скопје е должен, пред да ја започне постапката за активирање на финансиското обезбедување да достави писмена опомена до учесникот на пазарот во која ќе ги наведе причините за опомената и роковите до кои треба учесникот на пазарот да ги отстрани причините
за која ја добил опомената.
(11)Доколку учесникот на пазарот не ги отстрани причините наведени во опомената во дефинираните рокови од истата, НОМАГАС АД Скопје ја отпочнува постапката за активирање на финансиското обезбедување.
(12)НОМАГАС АД Скопје може да ја прекине постапката за активирање на финансиското обезбедување доколку учесникот на пазарот целосно ги отстрани причините од опомената од став 10 на овој член во периодот додека трае постапката.
(13)НОМАГАС АД Скопје може времено да ја стопира, односно да ја стави во мирување, постапката за активирање на финансиското обезбедување доколку учесникот на пазарот делумно ги отстрани причините од опомената од став 11 на овој член во периодот додека трае постапката, односно подмири најмалку 1/2 (една половина) од обврските, за што до учесникот испраќа известување Во известувањето за времено стопирање на постапката, НОМАГАС АД Скопје ги дефинира роковите за подмирување на останатите обврски.
(14)Доколку учесникот на пазарот не ги испочитува роковите од известувањето за времено стопирање на постапката, НОМАГАС АД Скопје ја продолжува постапката за активирање на финансиското обезбедување.
(15)Доколку финансиското обезбедување биде делумно или во целост искористено, потребно е во рок од 5 (пет) работни дена од денот на делумната или целосната наплата на износот, учесникот на пазарот да обезбеди ново финансиско обезбедување или дополнување до висина на искористениот дел.
(16)Доколку учесникот на пазарот на природен гас не го обнови финансиското обезбедување во рокот од став 15 на овој член, НОМАГАС АД Скопје ќе донесе одлука за суспензија на учесникот на пазар на природен гас.
(17)▇▇▇▇▇▇▇ и обврските по меницата се уредени со извршна клаузула во посебен Анекс кон Договорот.
VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
Овој Договор стапува во сила на ден година и е со важност до година, согласно важноста на лиценцата за Оператор на пазар на ел.енергија.
Учесникот на пазар на природен гас, за цело време од поднесување на барањето за регистрација на пазарот на природен гас до престанување на важноста на овој договор под полна кривична, материјална и морална одговорност е одговорен за веродостојноста на сите податоци и документи кои ги доставува до НОМАГАС АД Скопје.
Се што не е опфатено и регулирано со овој Договор ќе се применуваат соодветните одредби согласно Закон.
(1) Ништовноста на одредени одредби од Договорот во согласност со Закон не значи ништовност на самиот Договор.
(2) Со склучување на овој договор престанува важноста на договорот за учество на пазарот на природен гас со архивски број (*опционално, во случај Договорот да е нов овој член се брише )
(3) Договорните страни се согласни дека овој Договор целосно ги претставува нивните обврски и истиот е потпишан од страна на нивните овластени претставници во 4 (четири) оригинални примероци - по два за секоја Договорна страна.
Составен дел на овој Договор е :
- Барање за регистрација за учесник на пазарот (образец БРУП)
НОМАГАС АД Скопје Учесник на пазар
Извршен директор: Управител/Директор: