Contract
ЦентралнакооперативнабанкаАД Скопје
Број 18-
ДОГОВОР
за отворање и водење трансакциска сметка за
вршење за работите на платен промет во земјата за физички лица
Денес, , во град , помеѓу:
Доверливо
1. Централна кооперативна банка АД Скопје, со седиште во град Скопје, ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇ ▇▇▇▇ ▇, со матичен број 4640063, застапувана од Претседателот на Управниот Одбор, ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇, и членот на Управниот одбор , преку полномошникот овластен од Управниот Одбор на Банката, во понатамошниот текст наречена - БАНКА, од една страна, и
2. со адреса
, со лична карта бр. ( ) / патна исправа бр. (_ ) издадена од МВР и ЕМБГ , вработен во (во понатамошниот текст наречен: Учесник во платен промет), од друга страна, се склучи следниот договор:
Предмет на Договорот Член 1
Со овој договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Банката и Учесникот во платен промет во врска со отворање, водење и работење со трансакциска сметка број , за вршење платен промет во земјата, согласно со со важечките законски прописи и со Процедурите за отворање, водење и работење со сметки во платниот промет во земјата, пропишани од страна на ▇▇▇▇▇▇▇.
Член 2
Банката врз основа и под услови од овој договор отвора сметка на Учесникот во платниот промет преку која Учесникот е согласен да ги прима сите уплати, како и да врши плаќања во денари, и тоа: уплата на готови пари на сметка, пренос на средства од една на друга сметка и исплата на готови пари.
Член 3
Со потпишувањето на овој договор Учесникот во платен промет изјавува дека е запознаен и дека ги прифаќа општите услови за отворање и водење трансакциски сметки за вршење на работите на платен промет во земјата, пропишани од страна на Банката.
▇▇▇▇▇▇▇ го задржува правото да ги менува општите услови, за што мора претходно да го извести Учесникот со нивна објава на интернет-страницата на Банката ▇▇▇.▇▇▇▇▇▇.▇▇ . Се смета дека учесникот е известен и ги прифаќа изменетите општи услови, ако во рок од 15 дена од нивното објавување не поднесе барање за раскинување на Договорот и за затворање на сметката.
Учесникот во платниот промет се обврзува дека при извршување на платниот промет ќе го почитува важечкиот термински план за работење на ▇▇▇▇▇▇▇, објавен од Банката.
Располагање со средствата на сметката Член 4
За располагање со средствата на сметката, ▇▇▇▇▇▇▇ може да издаде соодветна картичка (дебитна или чековна) на барање на Учесникот, преку која истиот се идентификува при вршењето на работите на платниот промет.
Учесникот во платен промет може да овласти друго лице за располагање со средствата на сметката врз основа на писмено Полномошно дадено лично во присуство на одговорен работник на Банката, на соодветен образец - барање (Прилог 1б) или полномошно заверено кај нотар.
За полномошникот Банката може да издаде соодветна дополнителна картичка.
Полномошното има важност до негово отповикување од страна на Учесникот во платен промет на истиот начин како што е дадено, до раскинување на овој договор или во останати случаи предвидени со закон.
Доколку настане материјална штета од даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, истата во целост ја надоместува Учесникот во платниот промет.
За располагање со средствата на сметката по издадена чековна картичка, ▇▇▇▇▇▇▇ му издава чекови на Учесникот во платниот промет или на полномошникот.
Чековите не се гарантирани за исплата од страна на ▇▇▇▇▇▇▇.
Исплатата по чековите се врши согласно со законските прописи.
Член 5
Банката извршува плаќања од сметката на Учесникот во платниот промет до висината на покритието на сметката. Под покритие се подразбира состојбата на сметката од претходниот работен ден, намалена за сите извршени плаќања од сметката заедно со предвидената банкарска провизија до моментот на утврдување на салдото, а зголемена за евидентираните уплати на сметката во тековниот ден и износот на одобрениот, а неискористен рамковен кредит (дозволено негативно салдо на сметката) доколку такво негативно салдо е дозволено.
Банката може да му одобри на Учесникот во платниот промет рамковен кредит (дозволено негативно салдо на сметката) согласно со актите на Банката или во одредени случаи врз основа на посебно склучен договор, за што преку изводот од сметката ќе го извести Учесникот.
Учесникот во платниот промет е согласен ▇▇▇▇▇▇▇ да ги задржува сите приливи по сите основи на трансакциската сметка, сè до целосно измирување на негативно салдо на сметката (дозволено и недозволено пречекорување).
Доколку Учесникот не го покрие негативното салдо на сметката, ▇▇▇▇▇▇▇ има право да поведе судска постапка за присилна наплата на своето побарување.
Извршување на платни инструменти Член 6
Учесникот во платниот промет е должен да доставува правилно и точно пополнети платни инструменти. За евентуално настанатата штета по основ на погрешно или неправилно пополнети платни инструменти, Банката нема да сноси одговорност.
Член 7
Учесникот во платниот промет може да ја овласти ▇▇▇▇▇▇▇ да врши плаќања во негово име и за негова сметка кон трети лица. Овластувањето се дава во писмена форма пред овластен работник на ▇▇▇▇▇▇▇, или заверено кај нотар, а со назначување на сите потребни елементи за извршувње на плаќањето:
- сметка на товар на која се врши плаќањето,
- износ,
- сметка и назив на налогопримачот,
- дата на извршувањето на плаќањето.
Доколку Учесникот го откажува претходно даденото овластување, или ги менува претходно дадените инструкции, должен е писмено да ја извести Банката во рок од 5 дена пред денот на извршувањето на плаќањето, во спротивно Банката не сноси одговорност за евентуално настаната штета.
Член 8
Учесникот во платниот промет ја овластува ▇▇▇▇▇▇▇ да ја задолжува неговата сметка по основ на рекламации, доспеани, а неподмирени обврски кон Банката, надоместоци согласно со важечката Тарифа на Банката, како и во останати случаи предвидени со закон.
При уплати или пренос на средства во корист на сметките на Учесникот во платниот промет во Банката по налог на Учесникот или по налог од трето лице, Учесникот е согласен за средствата кои се евидентираат преку трансакциската сметка, Банката да подготви и изврши налози согласно со инструкциите наведени во платниот инструмент доставен од негова страна или третото лице како налогодавач.
Камати, надоместоци и провизии Член 9
Средствата на сметката на Учесникот во платниот промет се средства по видување со кои Учесникот може да располага во секое време. ▇▇▇▇▇▇▇ пресметува и плаќа камата на средствата на Учесникот согласно со Одлуката за каматни стапки на Банката и така пресметаните камати ги припишува на состојбата на сметката на крајот на пресметковниот период и при затворање на сметката.
Член 10
Учесникот во платниот промет се обврзува за извршување на услугите од овој договор и врз основа на овој договор да и плаќа на Банката надомест во висина, во рокови и на начин согласно со Тарифата за надоместоци на услугите што ги врши Банката.
Со потпишување на овој Договор, Учесникот во платниот промет ја овластува ▇▇▇▇▇▇▇ и и дава неотповиклив налог да ги наплатува надоместоците и трошоците од претходниот став на товар на средствата од неговите сметки отворени во Банката.
Известување Член 11
За состојбата и настанатите промени на сметката, ▇▇▇▇▇▇▇ се обврзува да го известува Учесникот во платен промет со доставување извод за промените и состојбата на средствата на сметката, на еден од начините понудени од страна на ▇▇▇▇▇▇▇, а прифатен од страна на Учесникот во платниот промет. Се смета дека Учесникот во платен промет го прифаќа изводот доколку не го оспори во рок од 3(три) дена од денот на изготвувањето.
Член 12
Банката во согласност со важечките законски прописи, податоците за сметката ги пренесува во Единствениот регистар на трансакциски сметки, кој се води во Клириншката куќа и е единствена база на податоци и евиденција на имателите на сметките во домашниот платен промет, контрола на сметките и обезбедување на податоците.
Договорните страни се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите документи, податоци и информации за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, за времетраење на Договорот, како и по неговото раскинување или откажување, освен во случаите пропишани со законските прописи или ако поинаку не се договорат.
Документите, податоците и информациите за работењето со сметката може да се достават: на барање на Учесникот во платниот промет; на овластен орган во согласност со закон; на трети лица врз основа на писмена согласност од Учесникот во платниот промет.
Заради заштита на своите интереси, Учесникот во платниот промет е должен како доверливи да ги чува сите податоци поврзани со работењето на сметката.
▇▇▇▇▇▇▇ не одговара за каква било штета настаната за Учесникот во платниот промет како резултат на непочитување на обврските од овој член.
Учесникот во платниот промет е согласен ▇▇▇▇▇▇▇ да врши обработка и ажурирање на неговите податоци, да ги користи за анализа на неговото работење во Банката, за наплата на долг кон Банката, како и во останати случаи предвидени со закон.
Член 13
Учесникот во платниот промет се обврзува за секоја настаната промена, односно промена на личните податоци, промена на адреса, промена на работно место, престанок на работен однос по кој било основ, како и промена на даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, писмено да ја извести Банката во рок од 3 дена од денот на настанатите промени. За евентуална штета на Учесникот, настаната заради ненавремено известување од страна на Учесникот, ▇▇▇▇▇▇▇ нема да сноси одговорност.
дена.
Раскинување на Договорот Член 14
Овој договор се склучува на неодредено време. Истиот може да го раскине една од договорните страни со отказен рок од 30
Учесникот во платниот промет за раскинување на Договорот поднесува писмено барање до Банката.
Учесникот во платниот промет не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има
евидентирано достасани, а неподмирени обврски (блокади), како и обврски кон Банката.
Во случај на раскинување на Договорот, Учесникот во платниот промет е должен да ја врати картичката со депониран потпис, како и картичката издадена на ополномоштеникот, односно издадените чекови и чековна книшка.
▇▇▇▇▇▇▇ може да го раскине Договорот без отказен рок ако утврди дека Учесникот во платниот промет се однесува спротивно на одредбите од овој договор, општите услови за работење и важечките прописи, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон, или доколку на сметката нема средства, а преку истата не врши платен промет повеќе од две години, и за истото ќе го извести Учесникот.
Во случај на раскинување на Договорот од страна на ▇▇▇▇▇▇▇, ▇▇▇▇▇▇▇ ќе ги пренесе средствата од сметката на Учесникот во платниот промет на друга сметка врз основа на инструкции од Учесникот, или согласно со одлука од суд, како и друг надлежен државен орган или друга институција, а доколку во рок од 8 (осум) дена Учесникот не достави инструкции, Банката ќе ги пренесе средствата на сметка по свој избор.
Завршни одредби Член 15
Доколку настанат промени во законските прописи со кои се регулира работењето на платниот промет во земјата, ▇▇▇▇▇▇▇ ќе ги примени новите прописи кои ќе влезат во сила во времето на важење на овој договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Учесникот во платниот промет , тој има право да го раскине Договорот согласно со условите од овој договор.
Договорните страни се согласни дека како уредна ќе се смета доставата извршена на последната пријавена адреса од страна на Учесникот во платниот промет.
Банката.
Член 16
За сè што со овој Договор не е предвидено важат одредбите на законските прописи и актите за деловната политика на
Член 17
Во случај на спор надлежен е Основен суд Скопје 2 во Скопје.
Член 18
Договорот е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 19
Договорот е склучен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.