Contract
Тендер за набавка бр.02ИК-2021: Измени на тендерска документација
1. Тендерската документација во дел А - упатство на понудувачите, точката 2-Распоред се менува и гласи:
ДАТУМ | ВРЕМЕ* | |
Рок за барање на какво било разјаснување од Договорниот орган | 03.09.2021 | 16:00 |
Поледен датум на кој Договорниот орган издава разјаснување | 13.09.2021 | 16:00 |
Краен рок за поднесување на тендерите | 23.09.2021 | 12:00 |
Сесија за отварање на понудите | 28.09.2021 | 12:00 |
Известување за доделување на договор за успешен понудувач | ▇▇▇▇▇▇▇▇ до 28.10.2021 | |
Потпишување на договорот | Штом е одобрено од италијанската MFA |
2. Тендерската документација во дел А - упатство на понудувачите, во точката 3. се додава нова потточката 3.6 која гласи: “Сите физички и правни лица, законски основани во Република Северна Македонија, имаат дозвола да учествуваат на оваа понуда, под следниве услови:
a) да биде овластено од производителот на медицинската опрема од Република Италија за учество на овој тендер,
b) да понуди опрема со потекло од Република Италија (како што е дефинирано во Дел А - Упатство за понудувачите, член 4. Потекло, точка 4.1.),
c) со приложување на бараната документација од договорниот орган да докаже дека истите се во согласност со потребните законски, технички и финансиски барања и имаат моќ да го спроведат договорот ефективно (како што е дефинирано во
Дел А - Упатство за понудувачите, член 3. Учество, точки 3.2. ; 3.3; 3.4 и 3.5),
d) да ги обезбеди и приложи сите документи побарани од Дел А -
Упатство за понудувачите, член 11 - Содржина на понудите.
3. Тендерската документација во дел А - Упатство на понудувачите, во точката 10 – Поднесување на понуди, потточката 10.3 се менува и гласи:
“Сите понуди мора да бидат добиени во Министерството за здравство, 50-та Дивизија бр. 14, 1000 Скопје, Република Северна Македонија – Архива, пред 23.09.2021, 12 ч., по регистрирана пошта со потврда за примена пратка или доставена на рака со потпишана приемница од Менаџерот на проектот или неговиот претставник”.
4. Во објавата на ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА Бр.: 02/IK-2021, точката 4 се менува и гласи:
“Целосната Тендерска документација на англиски јазик, заинтересираните понудувачи може да ја добјат со поднесување на барање на e- пошта: ▇▇▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇”Тарифата од 200 евра е укината.”
▇▇▇▇ ▇ ▇▇▇▇▇▇▇
Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија Министерство за здравство на Република Северна Македонија