Contract
ДОГОВОР ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВА
преку Програмата за поддршка на млади еколози “д-р ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇’’ за 2021 година Склучен во Скопје на ден //.//.2021 година, помеѓу:
I. ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
1. МАКЕДОНСКО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО Скопје, со седиште на ул.Архимедова бр.5 Скопје, со ЕМБС ///////// и ЕДБ /////////////, застапувано преку претседател д-р ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇, во понатамошниот текст како МЕД;
2. ////////////// ///////////////////// од /////////, со адреса на живеење на ул.//////////////// бр//////, ///////, со ЕМБГ//////////////////////, во понатамошниот текст како ▇▇▇▇▇▇▇▇;
А. Имајќи предвид дека ▇▇▇ објави јавен повик за доделување на грантови за млади еколози преку Програмата за поддршка на млади еколози “д-р ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇’’ за 2021 година, кои имаат за цел да ја унапредат еколошката наука, преку градење на нови еколошки кадри и капацитети во државата. Програмата ги содржи следните цели: (i) поддршка и мотивирање на работата на млади еколози, (ii) подигнување на јавната свест, (iii) промовирање на екологијата како наука, (iv) ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование, (v) подобрување на заштитата на животната средина, (vi) проучување и заштита на природата и биолошката разновидност;
Б. Имајќи предвид дека ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ аплицираше по повикот за добивање на средства преку Програмата за поддршка на млади еколози “д-р ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇’’ за 2021 година и проектот на Корисникот е одборен од МЕД;
В. Затоа договорните страни сакаат да ги дефинираат условите од претходниот однос, па потпирајќи се на взаемната волја и имајќи ги во предвид заедничките права и обврски, своеволно постигнаа согласност за следните одредби од овој Договор:
II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
(1) На начин и под услови од овој Договор, ▇▇▇ се согласува да му додели и исплати на Корисникот грант, а ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ се обврзува да го користи доделениот грант за да го спроведе одобрениот проект.
(2) Договорните страни се согласни дека одобрениот проект е составен дел на овој Договор.
III. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
(1) МЕД одобрува грант на Корисникот во износ од ///.///,00 денари (со зборови://////)
(2) Исплатата на одобрениот грант ќе се изврши во три дела и тоа:
- по одобрувањето односно по склучувањето на овој Договор ќе бидат исплатени 50% од одобрениот износ на грантот;
- по одобрувањето на првиот извештај за реализацијата на проектот ќе бидат исплатени //% од одбрениот износ на грантот;
- по одобрувањето на вториот извештај за реализацијата на проектот ќе бидат исплатени //% од одбрениот износ на грантот; и
- по прифаќањето на завршниот извештај за реализацијата на проектот ќе биде исплатен остатокот од
//% од одобрениот износ на грантот.
(3) Исплатата ќе се врши од жиро сметка на МЕД на трансакциска сметка на Корисникот, број ///////// која се води во /////// Банка АД Скопје.
(4) Договорните страни се согласни МЕД да го сноси данокот по основ на овој договор.
Член 3
(1) Договорните страни се согласни дека во случај Корисникот да врши поголема измена во Финансискиот план кој е составен дел на одобрениот проект, односно врши прераспределба на ставки од финансискиот план кои зафаќаат износ од 10% или повеќе проценти од одобрениот износ на грантот, Корисникот има обврска писмено да го извести МЕД и таквата измена да биде одобрена од МЕД.
(2) Договорните страни се согласни доколку при реализација на проектот има неискористени, а одобрени срества со грантот, Корисникот има обврска писмено да го извести МЕД за таквите средства и може да побара пренамена, која пренамена МЕД мора да ја одобри.
(3) Средствата од став 2 на овој член единствено може да се искористат за подобрување на резултатите од проектот или пак за остварување на генералните цели на Програмата за поддршка на млади еколози “д-р ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇’’, Корисникот со барањето за пренамена мора да достави и предлог за начин на користење на средствата, кој МЕД треба да го одобри пред одобрување на пренамената.
IV. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Права и обврски на МЕД
Член 4
(1) Договорните страни се согласни дека МЕД ќе врши надзор на работењето на Корисникот преку разгледување и одобрување на извештаи, теренски посети како и со евалуација на остварените резултати од проектот.
(2) За реализацијата на овој Договор и одобрениот проект, МЕД ќе ги покрие трошоците за осигурување на раководителот/те на проектот и членовите на тимот, кои што се наведени во одобрениот проект.
(3) Договорните страни се согласни дека МЕД согласно став 2 на овој член ќе обезбеди полиса за осигурување на раководителот/те на проектот и членовите на тимот за: во случај на смрт до износ од 300.000,00 денари, во случај на инвалидитет до износ од 600.000,00 денари и трошоци за лекување до износ од 270.000,00 денари.
(4) МЕД не презема никаква одговорност за осигурување на животот, здравјето, осигурување од несреќа, осигурување при патување или друг тип на осигурување за Менторот на Корисникот или било кое друго лице кое нема да биде пријавено со Проектот како член на тимот – трети лица, кое лице може да биде потребно или посакувано за извршување на овој Договор. За ангажманот на трети лица одговорноста ја сноси Корисникот.
(3) Договорните страни се согласни дека ▇▇▇ може да ги споделува и користи објавите на Корисникот направени на социјалните мрежи во врска со изготвените извештаии од Корисникот за реализацијата на проектот, без претходна согласност на Корисникот, притоа ▇▇▇ има обврска да го посочи авторот и проектот.
Права и обврски на Корисникот
Член 5
(1) Корисникот се обврзува да го користи одобрениот грант единствено за целите на имплементација и реализација на одобрениот проект.
(2) Корисникот има обврска да го спроведе проектот во согласност со условите пропишани во овој Договор и согласно повикот за доделување на грантови објавен од МЕД, како и во согласност со добрите технички, економски, финансиски, управувачки, еколошки и социјални стандарди и практики и во согласност со позитивните законски и подзаконски акти на Република Северна Македонија.
(3) ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ има обврска да го спроведе проектот ефективно и ефикасно, во согласност со проектната апликација и одброениот проект кој е составен дел на овој Договор.
(4) Корисникот има обврска да изготви прв периодичен извештај за напредокот и степенот на реализација на проектот, втор периодичен извештај за напредокот и степенот на реализација на проектот и финален извештај за реализацијата на проектот. Кон овие извештаии Корисникот има обрска да изготви и достави и финансиски извештаи за искористени финансиски средства за реализација на проектот.
(5) Форматите на наративниот дел за извештаите и форматите за финансискиот извештај од став 4 на овој член на Корисникот ќе му бидат доставени од страна на МЕД и истите има обврска да ги користи при изготвувањето и поднесувањето на извештаите.
(6) Корисникот има обврска да ги достави до МЕД сите сметки односно докази за финансиски издатоци кои се направени за реализација на проектот со финансискиот извештај, за да истите бидат рефундирани.
(7) ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ има обврска со изготвувањето на првиот, вториот и финалниот извештај за реализација на проектот да изготви и објава за социјалните мрежи со релевантни фотографии/илустрации.
(8) Доколку Корисникот врши било каква промена на одобрениот проект, а која промена ќе има влијание на текот или на резултатите на проектот, има обврска писмено да го извести МЕД со цел истата да биде одобрена од МЕД.
(9) Договорните страни се согласни дека ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ е единствено одговорен за побарувања од трети лица кои се резултат на дејства или пропусти на Корисникот во текот на извршувањето на овој Договор и реализацијата на проектот и во ниеден случај МЕД нема да биде одговорен за таквите побарувања од трети лица.
Обврски на Корисникот во врска со правата на интелектуална сопственост
Член 6
(1) Корисникот не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост на трети лица. Доколку проектот се заснова на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Корисникот е должен да достави доказ за право на користење на интелектуална сопственост во вид на договор кој потврдува дека ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ има право на користење на интелектуална сопственост на која се засноваат резултатите од проектот.
(2) Доколку проектот вклучува соработка со високообразовна и/или научно истражувачка установа, правата на интелектуална сопственост во врска со проектот треба да бидат јасно регулирани во договор за соработка, при што правото на комерцијализација на интелектуалната сопственост треба да припадне исклучиво на Корисникот.
(3) Доколку проектот не вклучува договор за соработка согласно став 2 на овој член, сите права на интелектуална сопственост кои ќе бидат создадени при реализацијата на проектот му припаѓаат на Корисникот.
(4) Корисникот ги отстапува правата на интелектуална сопственост кои ќе бидат создадени при реализацијата на проектот на МЕД за презентација на проектот и Програмата за поддршка на млади еколози “д-р ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇’’, за состав на извештаи како и за потребите на МЕД, при што МЕД ќе ги наведе името и проектот на Корисникот.
(5) МЕД не е одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот и трети лица.
Член 7
(1) Договорните страни се согласни дека ▇▇▇ има право да ги користи добиените резултати од реализацијата на проектот.
(2) Договорните страни се согласни дека при користењето на добиените резултати МЕД има обврска јасно да наведе од каде произлегуваат резултатите.
(3) Договорните страни се согласни дека фото материјалот кој ќе произлезе од реализацијата на проектот е во сопственост на Корисникот, но ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ има обрска истиот да го сподели со МЕД и е согласен МЕД да го користи фото материјалот за презентација на проектот, состав на извештаи и за потребите на МЕД, при што МЕД ќе ги наведе името и проектот на Корисникот.
(4) Корисникот се обврзува во сите публикации, информативни флаери, брошури и друг вид на печатен материјал, како и при објава на веб страници, радио или ТВ да го истакне МЕД, Програмата за поддршка на млади еколози “д-р ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇’’ и доколку постојат услови да го истакне и логото на МЕД како страна која доделила грант за спроведување на проектот.
V. РОК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ
Член 8
(1) Проектот е со времетраење од 10 месеци, односно проектот треба да се реализира во тек на максимум 10 месеци, почнувајќи од месец Март 2021 година до месец Декември 2021 година.
(2) Корисникот има обврска првиот извештај заедно со финански извештај да го достави најдоцна до
12.06.2021 година, а вториот извештај заедно со финансиски извештај најдоцна до 14.09.2021 година.
(3) Корисникот има обврска завршниот и финансискиот извештај да ги достави најдоцна до 15.12.2021 година
VI. НАДЗОР НАД ПРОЕКТОТ
Член 9
(1) МЕД спроведува надзор над спроведувањето на проектот како и на извештаите доставени во текот на реализација на проектот.
VII. ВИША СИЛА
Член 10
(1) Договорните страни се согласни дека ниту една договорна страна нема да биде одговорна кон другата договорна страна за штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор предизвикани од виша сила.
(2) Во случај на настанување на виша сила, договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна, со цел договарање на нови услови за исполнување или за раскинување на овој Договор.
VIII. УСЛОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ФИНАНСИРАЊЕ И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 11
(1) Доколку Корисникот изврши промена на одобрениот проект во целост или во дел, без писмена согласност на МЕД, Корисникот се обврзува да го врати во целост одобрениот и исплатен износ од грантот на МЕД.
(2) Договорните страни се согласни дека доколку врз основа на изготвените и доставени извештаи МЕД утврди дека ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ не ги реализирал во целост или дел активностите согласно одобрениот проект и исплатениот грант, Корисникот има обврска да го врати примениот износ на средства за активностите кои не се реализирани во целост или дел.
(3) Доколку Корисникот не доставува извештаи согласно одредбите на овој Договор, ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ има обврска да го врати исплатениот износ согласно одобрениот грант на МЕД.
(4) Доколку Корисникот не дозволи МЕД да изврши надзор над реализацијата на проектот, ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ има обврска да го врати исплатениот износ од одобрениот грант на МЕД.
(5) Доколку Корисникот не ги почитува одредбите од овој Договор има обврска да го врати исплатениот износ од одобрениот грант на МЕД.
Член 12
(1) Овој Договор може да биде раскинат од било која од договорните страни пред исполнувањето на Договорот и тоа:
- од страна на ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇, во рок од 30 (триесет) дена по доставување на писмено известување до МЕД, при што Корисникот е обврзан веднаш да ги врати сите искористени и неискористени средства исплатени од страна на ▇▇▇;
- од страна на МЕД, во рок од 30 (триесет) дена по доставување на писмено известување до Корисникот, доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ не се придржува односно постапува спротивно на одредбите на овој Договор и воедно не ги има искористено средствата наменски како добар домаќин, при што Корисникот е обврзан веднаш да ги врати сите искористени и неискористени средства исплатени од страна на МЕД.
IX. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 13
(1) Договорните страни се согласни дека меѓусебната комуникација ќе се врши по писмен и електронски пат на следните адреси:
- За МЕД на адреса: ▇▇▇.▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇, ▇▇▇▇▇ ▇ ▇▇.▇▇ Скопје;
- За Корисникот на адреса: /////////////
Додека за електронска комуникација писмената комуникација ќе се врши на следните адреси:
- За Корисникот: /////////////////
(2) Достава на писмено на било која од горенаведените начини на достава ќе се смета за уредно извршена на денот на приемот на писменото известување односно електронската пошта од другата Договорна страна.
(3) Секоја договорна страна е должна за било каква измена на податоците од став 1 од овој член писмено да ја извести другата договорна страна во рок од 5 (пет) дена од денот на настанување на промената.
(4) ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ изврши промена на податоците од став 1 на овој член и за тоа писмено не го извести МЕД во рокот утврден во став 2 на овој член, секоја извршена достава од страна на МЕД до Корисникот на адресата наведена во став 1 на овој член се смета за уредна и валидна.
Член 14
(1) Договорот е претходно прочитан од страна на договорните страни и претставува израз на нивната слободно изразена волја.
(2) Договорните страни изјавуваат дека се согласни со текстот и одредбите на овој договор и дека во него се дефинирани нивните права и обврски и во знак на согласност своерачно го потпишуваат, без било каква принуда и условување.
(3) До потпишувањето на овој Договор, ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ потврдува дека го прочитал и разбрал во целост, дека пред склучувањето на Договорот навремено му се соопштени сите потребни информации и податоци за склучувањето на Договорот и дека е запознаен со условите на грантот, содржина и
условите на Договорот, како и дека ги презема во целост сите права и обврски кои произлегуваат од истиот и е согласен да ги изврши во целост, се со цел успешна реализација на проектот.
Член 15
(1) За време на спроведувањето на одредбите од овој Договор, секоја договорна страна има обврска во разумен рок да ја информира другата страна за:
- настани кои се однесуваат на ситуацијата со COVID-19;
- настани кои не се секојдневни или разумно предвидливи на денот на склучувањето на овој Договор, а се од влијание за спроведувањето на овој Договор;
(2) Доколку како резултат на состојбата со COVID-19 реализацијата на одредбите од овој Договор е невозможна или непрактична, времето за реализација на одредбите од овој Договор ќе се продолжи за период што е разумен на таквите околности, под услов договорната страна која не е во можност да ги изврши одредбите од овој Договор да ги почитува договорните одредби.
Член 16
(1) Измени и дополнувања на овој Договор може да се вршат со заедничка согласност на договорните страни во вид на Анекс кон овој Договор.
Член 17
(1) Во случај на спор, договорните страни се договорија истиот да го решат спогодбено, а во спротивно надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.
Член 18
(1) Овој договор е составен во 3 (три) еднообразни примероци, од кои 2 (два) примероци за МЕД и 1 (еден) примерок за Корисникот.
МАКЕДОНСКО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО Скопје Корисник преку претседател /////////////////////////////
д-р ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇