ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 05/2016
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 05/2016
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА ГОРИВО ЗА ВОЗИЛА И АГРЕГАТИ СО БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, јули 2016 година
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Царинска управа на Република Македонија, со адреса на ул.,,Лазар Личеноски’’ бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон за контакт:▇▇▇▇▇ ▇ ▇▇▇▇ ▇▇▇; електронска адреса:▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇; има потреба од јавна набавка на гориво за возила и агрегати со безготовинско плаќање, согласно техничката спецификација во прилог на оваа тендерска документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/15, 78/15, 192/15 и 27/16), за што објави оглас број 05/2016.
Ве молиме да ни ја доставите ▇▇▇▇▇▇ понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 18.07.2016 година, до 12:00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на Договорниот орган, ул. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, модел на договор, изјава за сериозност на понудата, изјава за нeзависна понуда, образец за општи информации, образец на листа на доверливи информации и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се одржи на ден 18.07.2016 година, во 12:00 часот (по локално време), во просториите на Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 04.07.2016 година
Царинска управа на Република Македонија
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:1
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склу- чен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоките или обезбедување на услуги кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
1Дефинициите за непредвидените работи, вишоци на работи, кусоци на работи и дополнителни работи се користат само при доделување на договор за јавна набавка на работи
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во дру- гиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или удели- те издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен.
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тен- дерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполну- вањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани пону- дените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карак- теристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и од- говара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на изно- сот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице на Договорен орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компре- сија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутери- зиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јав- ните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и допол- нително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се иден- тификува;
- ,,Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- ,,▇▇▇▇▇▇ на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
- „Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
- „Профил на економски оператор“ е функционалност на Елек- тронскиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажу- вањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување способност од страна на регистрираните економски оператори.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Царинска управа на Република Македонија, со седиште на адреса: ▇▇. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон: ▇▇▇▇▇ ▇ ▇▇▇▇ ▇▇▇; факс ▇▇▇▇▇ ▇ ▇▇▇▇ ▇▇▇; електронска адреса:▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇; интернет адреса:▇▇▇.▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇.
1.2.2 Лица за контакт кај Договорниот орган се ▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ и ▇▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇▇, телефон: ▇▇ ▇▇▇ ▇▇▇, електронска пошта: vesna.zmajsek@ ▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇ и ▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇▇▇▇▇▇@▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е сукцесивна набавка на гориво за возила и агрегати со безготовинско плаќање за временски период од 3 (три) години, односно до искористување на средствата. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата пону- да треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (▇▇▇▇▇://▇▇▇.▇-▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка.
Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди подне- сени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН.
Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 27/15, 78/15, 192/15 и 27/16, како и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Извор на средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка е Буџетот на Република Македонија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор задолжително треба да ги содржи следниве податоци:
− членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкрска гаранција или депонирани средства,
− членот на групата кој во име на групата економски опеаратори ќе го потпише договорот за јаван набавка,
− членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
− краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски опеартори за извршување на договорот,
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, најмалку носителот на групата треба да биде регистриран на ЕСЈН3.
1.8.6 Член во групата економски опеартори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна нбавка доколку:
− е носител на групата еконономски оператори,
− ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− групата на економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
− другите членови од групата солидарно не ги превземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на член од групата економски опрератори спротивно на наведеното од претходниот став се смета за повлекување на групната понуда .
1.8.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.9 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или
3 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.10 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора наведене податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.11 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доде- лување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на
понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претсе- дателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спро- ведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вра- ботените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го пот- пише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат (потпишани и скенирани) со електронски средства (е-mail), и/или по пошта на барање на Комисијата за јавна набавка.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и точка 4.9 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
− личната состојба,
− способноста за вршење професионална дејност,
− економската и финансиска состојба,
− техничката или професионалната способност,
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака ,,Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од 5 (пет) работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пре- суда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на
даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постап- ки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и до- говори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна заб- рана за вршење на одделна дејност;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е реги- стриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од ▇▇▇▇▇▇▇ 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во
земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македо- нија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална деј- ност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран .
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да го исполнува следниов минимален услов:
− да има остварено приход не помал од проценетата вредност на набавката без вклучен ДДВ во износ од 20.338.983,00 денари во најмалку една од последните три години.
Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил условот од ставот.1 во годините за кои постојат податоци.
2.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов со доставување:
− извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
2.4.3 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган.
2.4.4 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.4.5 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен кога се работи за податоците од билансот на успех.
Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со ▇▇▇▇▇▇▇ доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства.
Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.6 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиска состојба се утврдува согласно напред наведеното.
2.5 Техничка или професионална способност
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
− Искуство во успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години,
− Техничка можност за користење на систем за безготовинско плаќање ▇
− Располагање, односно обезбедување на минимум една бензинска пумпа на подрачјето на градот Скопје, минимум една бензинска пумпа на подрачјето на oпштините Охрид, Битола, Гевгелија, Штип, Куманово, Велес и Тетово.
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.5.1 со доставување на:
− Листа на успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години, со вредности на договорите, датуми на склучување, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на 1 (една) потврда за извршени испораки издадена од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки,
− Изјава за користење на систем за безготовинско плаќање ▇
− Изјава за располагање, односно обезбедување на минимум една бензинска пумпа на подрачјето на градот Скопје, минимум една бензинска пумпа на подрачјето на општините Охрид, Битола, Гевгелија, Штип, Куманово, Велес и Тетово.
2.5.3 Документите наведени во потточка 2.5.2 (освен потврдата) ги изготвува и потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
2.5.4 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен во делот на референтната листа и претходно склучените договори.
Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со ▇▇▇▇▇▇▇ доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси.
Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.5.5 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата.
Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно наведеното во потточка 2.5.4.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендер- ската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што превзеле тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои превзеле тендерска документација.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, Договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА ;
- договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда);
- документи за утврдување на личната состојба наведени во тендер- ската документација;наведени во точка 2.2. од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професи- онална дејност наведен во точка 2.3 од тендерската документација;
- докази за утврдување на економската и финансиската способност наведени во потточка 2.4.2 од тендерската документација;
- докази за утврдување на техничката или професионалната спо- собност наведени во потточка 2.5.2 од тендерската документација;
- изјава за сериозност на понудата;
- изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно),
- пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори),
- пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација и која не е потпишана своерачно ќе биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски опе- ратор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Придружната, печатена литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор во однос на последните највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати согласно Одлуката за определување највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати, утврдени согласно Методологијата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, кои се важечки на денот на отварање на понудите, и да биде искажана без данок на додадена вредност (ДДВ) кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини, без ДДВ .
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата.
Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено , кои се причините за таквата цена во рок од 3 (три) дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавно отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обвр- зувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е нера- ботен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку Договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност нa понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7. Изјава за независнa понуда
4.7.1 Во прилог на понудата понудувачот задолжително доставува и потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
4.7.2 Изјавата за независнa понуда ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата во секоја постапка одделно и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака
„оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог на понудата задолжително се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата.
Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.8.2 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред Договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.9 Затворање и обележување на понудите
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понудата во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- содржи назнака: ,,За отворена постапка бр.05/2016",
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, Договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 18.07.2016 година, до 12:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” број 13, 1000 Скопје, Република Македонија, со назнака ,,За отворена постапка бр.05/2016".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се доставени до договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.9, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно потточка 4.6.1 .
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 18.07.2016 година, во 12:00 часот, во Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор,
при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.9 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на изјавата за сериозност на понудата и изјава за независна понуда. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на пону- дите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понуди се води Записник според Пра- вилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, Комисијата задолжително бара од понудувачите за кои не е објавена негативна референца да ги појаснат или дополнат документите за утврдување на способност. Барањето од договорниот орган за појаснување или дополнување и одговорот се во писмена форма.
Никаква промена во техничката или финансиската понуда нема да се бараат, нудат или дозволуваат, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на Комисијата и исправка на аритметички грешки.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во соглас- ност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата .
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на еко- номскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.
6.1.2. Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најпо- волна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4. Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесување на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку
предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата / по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карак- тер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице .
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се подне- сува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жал- бата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува под- носителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише и да му го врати на Договорниот орган договорот за јавна набавка во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја објави негативната референца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 30 (триесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактура во архивата на Царинската управа на Република Македонија.
Задолжително во прилог на фактура се доставува и спецификација на сметки за направени обврски од страна на Договорниот орган, со податоци за: време и местото на испорачано гориво, видот и количина на купеното гориво, регистарска ознака на возило и број на картичка за безготовинско плаќање.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од утврдениот во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Начин, рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката е должен сукцесивно да го испорачува горивото – предмет на набавка на бензинските пумпи со кои располага, а кои се лоцирани во Република Македонија најмалку во следните места: на подрачјето на градот Скопје и на подрачјето на општините Охрид, Битола, Гевгелија, Штип, Куманово, Велес и Тетово.
Начинот, рокот и местото на извршување на предметот на договорот се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка се дозволени доколку има промена на висината на цените од страна на регулатирното тело.
7.3.2 Како релевантен доказ за промената на цената на предметот на договорот за јавна набавка ќе се користи Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, објавена во Службен весник на Република Македонија.
7.3.3 Цената на предметот на набавката ќе се определува согласно Одлуките за определување највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати, утврдени согласно Методологијата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, важечки на денот на испорака на горивото и дадениот попуст во апсолутен износ за литар гориво од страна на Носителот на набавката, кој ќе биде непроменлив за целото времетраење на договорот.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведена е- аукција/поднесување на конечна цена во ЕСЈН
7.5.1 По завршувањето на електронската аукција/поднесување на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата / по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).
7.5.2 Намалувањето на цената (со вклучен ДДВ) на секоја од поединечните ставки во апсолутен износ за литар гориво (ден/лит) кое е првично понудено или е постигнато по завршување на аукцијата/ поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН во однос на последните највисоки малопродажни цени (со вклучен ДДВ) согласно Одлуката за определување највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати, утврдени согласно Методологијата на Регулаторната комисија за енергетика на
Република Македонија, кои биле важечки на денот на отворање на понудите, за целото времетраење на договорот ќе се засметува како попуст во фиксен износ за литар гориво (ден/лит) на највисоките малопродажни цени (со вклучен ДДВ) согласно Одлуките за определу- вање највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати, утврдени согласно Методологијата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, кои ќе бидат важечки на денот на испорака на горивата - предмет на набавка.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Царинската управа има потреба од тригодишна сукцесивна набавка на моторни бензини и дизел гориво со безготовинско плаќање, за користење во моторни возила и агрегати за службени потреби и тоа следните:
Ред. Бр. | Опис | Единица мерка | Количина |
1 | 2 | 3 | 4 |
1 | ЕУРОСУПЕР БС 95 | литар | 25.000 |
2 | ЕУРОСУПЕР БС 98 | литар | 7.000 |
3 | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | литар | 480.000 |
Напомена: Наведените тригодишни количини на предметот на набавката се приближни количини.
III. Модел на ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА ГОРИВО ЗА ВОЗИЛА И АГРЕГАТИ СО БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Царинска управа на Република Македонија со седиште на ул. „Лазар Личеноски” бр. 13, Скопје, ЕМБС 4641655, ЕДБ 4030992228017, застапувано од директорот ▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ - Крстевска (во понатамошниот текст: Договорен орган) од една страна и
2. , со
седиште на ул._ _бр._ _, град ,
▇▇▇▇ , ЕДБ , застапувано од
управителот/директорот _ (во понатамошниот текст: Носител на набавката) од друга страна.
Член 1
Со овој договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни за набавка на гориво за возила и агрегати со безготовинско плаќање, согласно Одлуката за јавна набавка бр. од .2016 година, по спроведената отворена постапка со објавување на оглас број 05/2016, како и донесената Одлука за избор на најповолна понуда број
од .2016 година.
Воедно, со овој Договор се регулираат и меѓусебните односи на договорните страни што настануваат во врска со користењето на безготовинските картички кои ги издава Носител на набавката, а со кои се овозможува безготовинско плаќање, водење на евиденција на потрошувачката на гориво на секое возило и месечното плаќање на потрошеното гориво.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е сукцесивна набавка на гориво за возила и агрегати со безготовинско плаќање (Еуросупер БС 95, Еуросупер БС 98 и Еуродизел БС (Д-Е V)), согласно наведеното во тендерската документација и прифатената понуда на Носителот на набавката број од
година, кои се составен дел на овој Договор.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Договорните страни се согласни дека вкупната вредност на овој Договор ќе се утврди врз основа на реално испорачаните количини на гориво, потврдени со уредно потпишани сметки, при што Договорниот орган може да набави, а Носителот на набавката може да изврши испорака во вредност не повеќе од _ денари без вклучен ДДВ, односно
денари со вклучен ДДВ, други јавни давачки и други зависни трошоци.
Единечните цени на предметот на Договорот, утврдени согласно
поднесената понуда на Носителот на набавка со број од
.2016 година и спроведената електронска аукција/поднесената конечна цена како посебна фаза од постапката за јавна набавка, за време на важење на овој Договор, се менуваат доколку има промена на висината на цените од страна на регулаторно тело.
Испорачаните количини над вкупната вредност на Договорот, наведена во овој член, ќе биде на товар на Носителот на набавката.
Член 4
Носителот на набавката при фактурирање на испорачаните количини на гориво-предмет на договорот е обврзан да одобрува попуст/рабат на износот на највисоките малопродажни цени, важечки на денот на
извршента испорака на горивата, во износ од
▇▇▇▇▇▇/литар, што е соодветно на попустот даден со неговата понуда. БЕЗГОТОВИНСКИ КАРТИЧКИ
Член 5
Договорните страни се согласни ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката да издаде безготовински картички на Договорниот орган.
Носител на безготовински картички во смисла на став 1 од овој член е Царинската управа на Република Македонија.
Корисник на безготовинската картичка што е предмет на овој Договор ќе може да биде секое возило во сопственост на Носителот на безготовинските картички .
Член 6
Безготовинските картички што Носителот на набавката ги издава на Носителот на безготовинските картички може да се употребуваат од овластените Корисници на возилата само за купување на гориво на сите продажни места на Носителот на набавката.
Носителот на безготовинските картички е обврзник за плаќања на побарувањата што Носителот на набавката ги стекнал по основ на купопродажбата на гориво со безготовинска картичка.
На продажните места не е дозволено, ниту Корисникот на безготовинската картичка може да бара да се исплатува готовински износ на пари врз основа на безготовинската картичка.
Член 7
Безготовинска картичка се издава на барање на Носителот на безготовински картички за возилото што ќе го определи. Со барањето Носителот на безготовинските картички ќе достави податоци за:
- Вид на возило,
- Регистарски број на возило,
- Месечен лимит на потрошувачка искажан во денари за секое возило посебно,
- Список на лица кои смеат да ја користат картичката и нивен единствен матичен број,
- Копија од потписен картон на фирмата.
Барањето ќе се смета за валидно ако е поднесено од законскиот потписник (директор) или од него овластено лице со приложено овластување.
Член 8
Носителот на безготовинските картички се обврзува со посебен договор да го обврзе лицето кое управува со возилото при користење на безготовинската картичка да ги почитува особено следините правила:
- Безготовинската картичка да ја користи само за купување на гориво, односно не е дозволено земање на готови пари на основ на истото или купување на друг производ,
- На барање на Носителот на набавката или на негово барање да ја врати картичката,
- Веднаш да пријави губење или кражба,
- Секое пресметковно ливче (сметка) за купената стока да го провери на самото продажно место и потпише, а евентуалните рекламации ги даде веднаш.
Член 9
При плаќањето со безготовинска картичка на Корисникот на возилото ќе му се издава сметка во два примерока од кој едната за Носителот на безготовинските картички и една за Носителот на набавката .
Сметката задолжително се потпишува од Корисникот на возилото.
Корисникот на возилото врши проверката на сметката на самото продажно место и веднаш ги изјавува евентуалните забелешки, а по потпишувањето на сметката дополнителните рекламации нема да се признаваат.
Член 10
Носителот на безготовинските картички е должен веднаш да го извести Носителот на набавката за :
- Евентуално отуѓување на возилото и таквата картичка да ја одземе од Корисникот на возилото и ја достави до Носителот на набавката за поништување,
- Губење или кражба на безготовинската картичка.
Одговорноста за направените трошоци заклучно со денот на пристигање на пријавата за губење, кражба или повлекување на безготовинската картичка од промет, во седиштето на издавачот на картичките, ќе биде на товар на Носителот на безготовинските картички.
Член 11
Во случај на злоупотреба на безготовинска картичка Носителот на набавката има право на продажните места да ја одземе безготовинската картичка од Корисникот на возилото и за тоа ќе го извести Носителот на на безготовинските картички.
Член 12
Со цел да го заштити својот начин на работа или од други оправдани причини Носителот на набавката, може да ги менува правилата и условите за користење на безготовинските картички на продажните места.
За измените и дополнувањата на овие правила Носителот на безготовинските картички ќе биде известен по писмен пат, па доколку натамошното користење на безготовинските картички не биде откажано ќе се смета дека промените се прифатени од страна на Договорниот орган.
НАЧИН, РОК И МЕСТО НА ИСПОРАКА
Член 13
Носителот на набавката е должен навремено, совесно и квалитетно да го испорачува горивото-предмет на договорот, согласно наведеното во техничката спецификација од тендерската документација и доставената понуда број од .2016 година.
Член 14
Носителот на набавката е должен сукцесивно да го испорачува горивото– предмет на договорот на бензинските пумпи со кои располага, а кои се
лоцирани во Република Македонија најмалку во следните места: на подрачјето на градот Скопје и на подрачјето на општините Охрид, Битола, Гевгелија, Штип, Куманово, Велес и Тетово.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 15
Носителот на набавката се обврзува во рок од 3 (три) дена од склучување на Договорот до Договорниот орган да достави известување за овластено лице за потпишување на фактури и при секоја промена на овластеното лице веднаш да го извести Договорниот орган.
Член 16
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го изврши вирмански во рок од 30 (триесет) дена од првиот нареден ден од денот на приемот на фактурата во архивата на Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје.
Задолжително во прилог на фактурата се доставува и спецификација на сметки за направени обврски од страна на Договорниот орган со податоци за: време и местото на испорачано гориво, видот и количина на купеното гориво, регистарска ознака на возило и број на картичка за безготовинско плаќање.
Доколку Договорниот орган не ја плати паричната обврска по фактурата во рокот од став 1 на овој член, Носителот на набавката има право на пресметка и наплата на казнена камата за задоцнето плаќање, како и право на надоместок за доцнење, согласно позитивните законски прописи.
За извршување на овој Договор не е дозволено авансно плаќање
ВИША СИЛА
Член 17
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неиспол-нување на обврските по овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 18
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 19
Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 20
Кога една договорна страна нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 дена пред раскинувањето на Договорот.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 21
Договорните страни се согласни да ги применат највиските стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 22
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот е македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е македонскиот јазик.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 23
Договорот се склучува за временски период до искористување на средствата, но не подолго од 3 (три) години, сметано од денот на стапување на сила на Договорот.
ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 24
Договорот стапува на сила на .
Член 25
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 26
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 27
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) примероци за Договорниот орган и 2 (два) примероци за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН
Царинска управа на РМ
Директор
▇▇▇▇▇▇ ▇▇▇▇▇▇▇ - Крстевска
НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
ххххххххххххххх
Управител/Директор
Хххххх Ххххххххх
______________________
Составни делови на овој Договор се: а) Тендерската документација и
б) Понудата на Носителот на набавка.
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 05/2016 објавен од страна на Царинска управа на Република Македонија, за доделување на договор за јавна набавка на гориво за возила и агрегати со безготовинско плаќање, со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на превземена тендерската документација која е објавена од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1. Име на понудувачот: _
IV.1.2. Контакт информации:
- Адреса:
- Телефон:
- Факс:
- Е-пошта: _
- Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Лице овластено од одговорното лице: _
(се пополнува само доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување)
IV.1.5. Даночен број:
IV.1.6. Матичен број:
IV.1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
- Договор за групна понуда (само во случај на групна понуда се доставува заедно со понудата),
- Документи за утврдување на личната состојба наведени во тендер- ската документација;
- Документ за утврдување на способноста за вршење на професио- нална дејност наведен во тендерската документација;
- Докази за исполнување на економската и финансиската способност,
- Докази за исполнување на техничката или професионалната спо- собност наведени во тендерската документација;
- Изјава за сериозност на понудата,
- Изјава за независна понуда понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно);
- Пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори);
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
IV.2. ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
IV.2.1. Согласни сме да ги понудиме стоките-предмет на договорот за јавна набавка со цените дефинирани во следнава Листа:
Листа
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Назив | Единица мерка | Приближна количина | Единечна цена без ДДВ со вклучени трошоци и попусти | Вкупна цена без ДДВ (3x4) | ДДВ |
ЕУРОСУПЕР БС 95 | литар | 25000 | |||
ЕУРОСУПЕР БС 98 | литар | 7000 | |||
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | литар | 480000 | |||
Вкупна цена без ДДВ (со бројки): | |||||
Вкупнo ДДВ (со бројки): |
Напомена: Во понудените единечни цени е вклучен и попустот за литар гориво во однос на последните највисоки малопродажни цени согласно Одлуката за определување највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати, утврдени согласно Методологијата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, кои се важечки на денот на отварање на понудите.
IV.2.2. Според тоа, вкупната цена на понудата, вклучувајќи ги сите трошоци и попуст без ДДВ, изразена во денари изнесува: (со бројки), _
(со букви). (Во случај понудата да е поднесена од странски економски оператор, вкупната цена се изразува со букви на англиски јазик.)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува (со бројки).
(со букви).
IV.2.3. Изјавуваме дека имаме намера дел од договорот да го отстапиме на подизведувач/и, и тоа:*
- следниот дел од договорот:
- на следниот/те подизведувач/и (фирма, седиште, единствен даночен број и слично):
_
* (Податоците мора да бидат наведени само доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи)
IV.2.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум Одговорно лице*
_
(потпис)
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице (Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува овластување)
V. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име ▇
презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот
, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е ▇▇▇▇▇▇▇ и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
_
(потпис) *
*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице
VI. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно)
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот_ _ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на гориво за возила и агрегати со безготовинско плаќање по оглас број 05/2016 ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката по оглас број 05/2016 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
Одговорно лице*
_ (потпис)
*Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице.
VII. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ (Во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори)
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори: | |
2. Адреса на седиштето: | |
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6. e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор: |
Место и датум
Одговорно лице*
_ (потпис)
*Образецот може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
VIII. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува)
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Место и датум Одговорно лице*
(потпис)