Common use of Гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот Clause in Contracts

Гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот. Избраниот најповолен понудувач е должен во рок од 5 (пет) дена од потпишување и заверка на договорот, да му достави на Договорниот орган банкарска гаранција во висина од 5 (пет) % од вкупната вредност на договорот со вклучен ДДВ за целосно, квалитетно, совесно и навремено извршување на услугите кои што претставуваат предмет на договорите за јавна набавка. Гаранцијата од точка 4.2.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата ќе биде со важност до целосно реализирање на договорот. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде издадена од банка. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка. Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, носителот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.

Appears in 5 contracts

Sources: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation