Доверливост Примери за клаузули

Доверливост. Информациите кои се поврзани со евалуацијата на понудите и препораките за доделување на договор нема да бидат соопштени пред Понудувачите или кои било други лица кои не се официјално засегнати со тендерската постапка сѐ до објавата за Доделување на договорот во согласност со ИП 43. Било кој обид од страна на Понудувачот да влијае врз Работодавачот во текот на процесот на евалуација на Понудите или врз одлуката за доделување на договорот може да резултира со одбивање на таа Понуда. Без оглед на ИП 26.2, од времето на отворање на понудите до времето на доделување на договорот, доколку кој било Понудувач сака да контактира со Работодавачот за било каква работа поврзана со тендерската постапка, тоа треба да го направи во писмена форма.
Доверливост. 8.1 Продавачот и неговите Претставници, било за, било по истекот на Времетраењето на овој Договор, нема директно или индиректно да открие на ниедно трето лице (освен на Одобрените ентитети) никакви технолошки консултации, таен процес, постоечки или предложени производи или услуги, продажба или други дејности, комерцијални, финансиски и правни информации и други доверливи информации што му биле откриени на него (без разлика дали му биле откриени на, пред или по датумот на овој Договор, и без разлика дали му биле откриени усно, електронски или писмено) од страна на Купувачот или на било кој од Субсидијарите на Купувачот, како ни условите од овој Договор ("Доверливи информации"), ниту пак ќе ги користи (и нема да им дозволи на Одобрените ентитети да ги користат) таквите Доверливи информации за било која друга цел освен за спроведување на овој Договор, на Договорот за контрактуално производство со ТКП, и на Консолидираниот договор за заедничко инвестирање, без претходна писмена согласност од Купувачот. Нема да се смета дека одредбите од овој Дел 8.1 забрануваат откривање од страна на Продавачот на доверливи или заштитени информации ако и во онаа мера во која тоа е потребно (i) при подготвувањето или пополнувањето на било какви неопходни даночни пријави или финансиски извештаи, (ii) во врска со рутински ревизии или други рутински постапки од страна на или од име на некој државен орган, (iii) во врска со било какви побарувања на осигурување или бенефиции, (iv) во онаа мера што е неопходна за придржување кон било кој важечки Закон или прописи на било која берза на хартии од вредност или Државен орган во чија надлежност спаѓа Продавачот,
Доверливост. АД МЕПСО има обврска да објавува податоци кои се дел од овој Договор согласно “Правила за формата, содржината и динамиката на доставување и објавување на податоци”.
Доверливост. За време на спроведувањето на акцијата и пет години по плаќањето на салдото, страните мора да ги третираат со тајност сите доверливи информации и документи. Обврските за доверливост не се применуваат ако: (а) страна која ги објавува информациите се согласува да ја ослободи другата страна од тие обврски; (б) доверливите информации или документи стануваат јавни на друг начин, освен преку повреда на обврските за доверливост; (в) откривањето на доверливите информации или документи се наложува со закон.
Доверливост. Условите наведени во ИД ќе се сметаат за доверлива информација и ниту една од договорните страни нема да ги открие овие информации на трета страна. Како доверлива нема да се смета информацијата која:
Доверливост. Набавувачот и Добавувачот треба да ги чуваат како доверливи сите информации кои произлегуваат од делокругот на работење на другата страна, а за кои и двете страни ќе дознаат преку деловната соработка, а кои информации не се јавно достапни. Таквите информации нема да се користат од страна на трети лица. • Сите информации кои произлегуваат од нарачката, се сметаат за доверливи освен за членките на DT (Deutsche Telecom) и членките на МТ групацијата (МТ и Т-Мобиле АД). • Пред доставувањето на доверливите информации на трета страна, вклучувајќи ги и под- добавувачите, Добавувачот треба да добие писмена согласност од страна на Набавувачот.
Доверливост. 19.1. ИЗВЕДУВАЧОТ се обврзува во свое име како во име на своите подизведувачи да ја исполни обврската за доверливост, необелоденување во корист на трети лица на било кои и сите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ поврзани со било кој ДОГОВОР или на кои ИЗВЕДУВАЧОТ има пристап пред и за време на извршувањето на таквиот ДОГОВОР, или и двете. КУПУВАЧОТ се обврзува да ја третира како строго доверлива било која и сите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ што се испратени или ставени на располагање на КУПУВАЧОТ во форма на документи или во било која друга форма и ќе спречи било кое обелоденување на трети лица освен како што се бара за заштита или користење на ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ составени или пренесени на КУПУВАЧОТ спрема ОПШТИТЕ УСЛОВИ или ДОГОВОР или на РАБОТИТЕ или ОПРЕМАТА, или сите, како што е предвидено во клаузула 19.2 по овој договор, како што се имено подизведувачите задолжени со поправки и одржување на ГРАДИЛИШТЕТО кои се ангажирани за доверливост и ограничување на користењето. КУПУВАЧОТ понатаму гарантира да не ги користи таквите ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ за било клоја друга цел освен (и) за потребите на КУПУВАЧОТ, (ии) оние кои се доволени во ОПШТИТЕ УСЛОВИ и во односниот ДОГОВОР како и (иии) сите барања на индустриско работење на УСЛУГИТЕ, РАБОТИТЕ, ОПРЕМАТА, УСОВРШУВАЊАТА, СОФТВЕРОТ НА ИЗВЕДУВАЧОТ и СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР доставен од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ. 19.2. За целта на ОПШТИТЕ УСЛОВИ, следните информации нема да се смета за ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ од страна на СТРАНКИТЕ: a) информации кои се веќе во посед на СТРАНКАТА примач пред соопштувањето на таквите информации од страна на СТРАНКИТЕ;
Доверливост. 1. Сите информации и/или совети, било писмени или вербални, во врска со стоките или нашите бизниси, дадени од наша страна до купувачот, нема да се откријат на трето лице без наша претходна писмена согласност, освен ако таквата информација и/или совет веќе е во јавниот домен без да се прекрши овој услов или ако откривањето е побарано со закон. 2. Купувачот веднаш ќе не извести за секое откривање што е побарано со закон и ќе може да побараме соодветно решение да се спречи таквото откривање. Купувачот се согласува целосно да соработува со нас (на трошок на купувачот) ако ја отфрлиме важноста на таквото барање.
Доверливост. Без да е во спротивност со примената на одредбите од оваа директива, особено на оние што се однесуваат на обврските во врска со објавувањето доделени договори и за информациите за кандидати и понудувачи утврдени во член 35(4) и 41, и во согласност со националното право на кое подлежи договорниот орган, договорниот орган нема да открива информации доставени до него од економски оператори кои тие ги означиле како доверливи; таквите информации вклучуваат особено технички или трговски тајни и доверливи аспекти на понудите.
Доверливост. 9.1 Страните прифаќаат и се согласуваат во секое време да ги третираат услугите и документацијата како деловна тајна. 9.2 Секоја од Страните се согласува да ги третира како доверливи деталите на овој Договор и сите информации добиени од другата Страна како резултат на преговорите во врска со овој Договор, или како резултат на извршување на обврските според овој Договор, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: проекти, планови, софтвер, дадените услуги, податоци за корисниците и можностите на мрежата (,,доверлив материјал,,) и дека нема да му ги открие таквите информации на ниту едно друго лице, освен доколку доверливиот материјал: